Свет
Опадна и продажбата на сексуални помагала

Поради светската економска криза, опадна и продажбата на сексуални помагала и „еротски играчки“ во Франција, соопштија синоќа експерти за овој сектор
Поради светската економска криза, опадна и продажбата на сексуални помагала и „еротски играчки“ во Франција, соопштија синоќа експерти за овој сектор.
На саемот за еротика „Биг Ерополис“, што се смета за најголем од тој вид во светот, отворен во петокот близу Париз, имаше многу посетители, но вработените на штандовите тврдат дека продажбата е помала од претходните години.
„Не доживеавме пад од 50 отсто, како автомобилската индустрија, но финансиската криза не погоди“, изјави организаторот на саемот Ерик Ојнинк.
Тој очекува бројот на посетители ист како и лани, кои со влезницата од 30 евра можат да разгледуваат и купуваат на штандовите со голема понуда – меѓу другото – вибратори, долен веш и чизми со екстремно високи штикли.
Според излагачите на саемот, продажбата е опадната за 30 отсто во споредба со минатата година./крај/б/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо: Ако сакате да живеете со волци, мора да завивате со нив

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Европската комисија ѝ понудила на неговата земја гаранции во врска со планираното прекинување на испораките на руски природен гас во ЕУ во замена за гласање за 18-тиот пакет-санкции против Русија.
Фицо објави дека ќе испрати писмен предлог на ЕУ до лидерите на сите политички партии во Словачка и дека чека нивен одговор, но не ги прецизира деталите за овие гаранции, пренесува TASR.
Тој потсети дека Словачка нема да гласа за пакет-санкциите, кој бара едногласна поддршка од сите земји членки на ЕУ, освен ако Комисијата не ѝ даде барем минимални гаранции за тоа како да се справи со последиците од нејзиниот демагошки и штетен предлог за запирање на протокот на руски гас од 1 јануари 2028 година.
„Опсесијата со Русија е толку голема што немаме шанса да извршиме притисок врз Комисијата да го повлече својот предлог за гасот. Да не зборуваме дека ЕК ќе го протурка овој предлог, дури и ако гласаме против него сто пати, што го сакаме. Никогаш нема да гласаме за оваа лудост на Комисијата“, објави словачкиот премиер.
Фицо исто така изјави дека спорот не може да се добие со 100 % резултат, но не може ниту да се изгуби.
„Ако сакате да живеете со волци, мора да завивате со нив. Ова е, за жал, суровата реалност на сегашната Унија. Затоа мора да се бориме до крај за прифатлив компромис“, рече премиерот на Словачка.
Тој истакна дека гласањето за 18-тиот пакет-санкции треба да се одржи денес или во наредните денови.
„И покрај фактот дека многу би сакал што побргу да го завршам ова тажно поглавје од работата на ЕК, сепак ја задржувам опцијата дека нема да го поддржиме 18-тиот пакет-санкции. Ова ќе биде циркус и уцена за европски средства и обид за соборување на легитимната словачка влада и нејзина замена со послушна Словачка. Но, дури и ваквите самодеструктивни битки понекогаш имаат длабоко морално значење“, рече Фицо.
Во јуни Европската комисија го претстави својот 18-ти пакет-санкции, кој вклучува нови ограничувања за рускиот енергетски и банкарски сектор. Санкциите важат и за трансакции поврзани со проектот „Северен тек“.
Словачка бара компензација од ЕК или исклучок од мапата на патот RePower на ЕУ за постепено отстранување на руските енергетски извори во замена за поддршка на 18-тиот пакет-санкции против Русија.
Свет
Германскиот министер за одбрана со порака до производителите на оружје: Престанете да се жалите и произведувајте

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус им порача на производителите на оружје да престанат да се жалат и да преземат одговорност за постигнување на целта за зајакнување на европската одбрана.
Во интервју за „Фајненшл тајмс“ тој рече дека владата веќе инвестирала стотици милијарди евра и дека индустријата сега мора да ги исполни очекувањата.
Германија планира да ги зголеми годишните трошоци за одбрана на 162 милијарди евра до 2029 година, што е за 70 % повеќе од оваа година.
Писториус призна дека сè уште има доцнења во испораките и ја нагласи потребата од зголемување на капацитетот во производството на муниција, беспилотни летала, тенкови и друга опрема.
Тој исто така ги отфрли предлозите за заедничко задолжување на ЕУ за воени цели критикувајќи ја идејата одговорните земји да плаќаат за неактивноста на другите.
Зборувајќи за помошта за Украина, тој потврди дека Германија нема да испрати дополнителни системи „Патриот“, ниту ракети „Таурус“, бидејќи сопствените резерви се премногу ниски.
Писториус најави долгорочни договори за снабдување со воена опрема за да се обезбеди редовна модернизација и ја потврди поддршката за испраќање постојана германска бригада во Литванија.
Тој истакна дека балтичките земји и Полска се новото источно крило на НАТО и дека Германија мора да биде подготвена да одговори на заканите, вклучително и директна борба со Русија во случај на напад.
Свет
Медведев за ултиматумот на Трамп: На Русија не ѝ е гајле

Најновите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за можното воведување 100 % царини за стоки увезени од Русија претставуваат театарски ултиматум, што ја разочара воинствената Европа, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Трамп објави театарски ултиматум до Кремљ. Светот се стресе во очекување на последиците. Воинствената Европска Унија беше разочарана. На Русија не ѝ е гајле“, рече Медведев во објава на мрежата „Икс“.
Во понеделникот Трамп постави ултиматум до Москва да постигне мировен договор во рок од 50 дена. Во случај тоа да не се случи, тој се закани дека ќе воведе 100 % царини за увоз на руска стока, заедно со секундарни царински давачки за земјите што купуваат нафта, гас и други енергетски производи од Русија.
Американскиот претседател исто така рече дека САД и ЕУ постигнале договор за испраќање американско оружје во Киев, чии трошоци ќе ги покрие Европа.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека Русија очекува Киев да предложи време за следната рунда преговори, но дека Киев очигледно не брза.