Македонија
Дел од предградието на Скопје без струја утре
Делови од село Усје и улица „Македонско-косовска Бригада“, во понеделник, ќе биде бер елекрична енергија од 8.30 до 16 часот во интервали од по два часа
Под-улиците 10 и 24 исто така нема да имаат струја во истиот перид, како и дел од потрошувачите лоцирани на улица „Македонска Косовска Бригада“ и дел од село Усје. Без електрична енергија ќе останат и стопанските и нестопанските објекти во овие реони.Прекините, според соопштението од Регионалниот Центар за управување со кризи на Град Скопје, се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдување со електрична енергија на потрошувачите во реонот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување приклучок на улицата Александар Урдаревски бб за Полициска станица Бутел во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на две куќи од улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
МВР заедно со РСБСП ја стартуваа зимската кампања „Вози безбедно – стигни сигурно“
Министерството за внатрешни работи заедно со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја започнаа зимската кампања под мотото „Вози безбедно – стигни сигурно“, со превентивно-едукативна активност на наплатна станица „Петровец“, спроведена заеднички со полициски службеници од Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност и полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Во пресрет на зимските услови, кампањата има за цел да ги да потсети возачите дека од 15 ноември до 15 март задолжително е поседување на пропишана зимска опрема, како и да ги едуцира возачите за правилно користење на истата.
Под пропишана зимска опрема за моторни возила до 3.500 кг се подразбира зимски пневматици со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4 мм на сите четири тркала или летни пневматици со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4 мм на нагазен слој по ширина и должина и синџири за снег за погонските тркала. За возила со моторен погон на сите четири тркала (4×4) зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 6 мм или летни пневматици со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4 мм и синџири за снег, известува МВР.

Зимските услови носат повисок степен на ризик: лизгави коловози поради снег, мраз или „голомразица“, намалена видливост поради густа магла или врнежи, подолг пат на сопирање и нестабилност при нагли движења, како и зголемена заморливост кај возачите.
Министерството за внатрешни работи и РСБСП апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги следат следниве препораки:
- следете ги информациите за временските услови на патиштата;
- прилагодете го возењето според условите на патот;
- почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и патната сигнализација;
- носете зимска опрема во возилото и користете ја соодветно;
- направете зимска проверка на возилото;
- одржувајте безбедно растојание меѓу возилата;
- избегнувајте нагло сопирање и нагло намалување или зголемување на брзината на возилото.
„Со оваа кампања ја испраќаме пораката дека безбедноста на патиштата е заедничка обврска и само така може да се изгради култура на одговорно и безбедно однесување во сообраќајот“, додаваат од МВР.
Македонија
„Поранешен градоначалник одбил функција во СДС, поради недоверба во лидерството на Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Станува очигледно дека Венко Филипче нема капацитет да ја обедини сопствената партија, да ја реформира а уште помалку да понуди визија за државата. Со освоени само 120 илјади гласа и 6 општини партијата е во длабока политичка и организациска криза“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дека во СДС под водство на Филипче постојат длабоки поделби и несогласувања меѓу највисоките структури во раководството говори и фактот на одлив на кадри каде искусни партиски членови и поранешни функционери се дистанцираат и заминуваат од СДС.
Дали се точни информациите кои од Бихачка стигнаа до нас каде се тврди дека познат доктор и поранешен градоначалник, одбил функција во раководството на СДС, поради сомнеж во лидерскиот капацитет на Филипче?
Филипче ја турка СДС во лидерска криза. Филипче не ужива доверба и не е перципиран како лидер кој обединува а симпатизери и членови на СДС не сакаат да бидат дел од раководните структури и се дистанцираат од партијата.
Филипче нема авторитет и не успева да ја мобилизира базата и да наметне јасно лидерство. Партиското раководство е поделено без јасна стратегија и без кохезија. Дел од високите функционери го доведуваат во прашање капацитетот на Филипче. Со Филипче на чело СДС станува се помалку релевантен фактор на политичката сцена.
Доколку нема сериозни реформи и одговорно раководство СДС ризикува целосно да ја изгуби политичката тежина.
На Македонија и неопходна силна и конструктивна опозиција која ќе биде коректор на власта“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

