Свет
САД и предаде девет сомалиски пирати на Кенија

Поморските сили на САД и ги предадоа на властите на Кенија деветте сомалиските пирати кои беа заробени во Аденскиот Залив минатиот месец, додека се обидуваа да киднапираат германски брод, соопшти полицијата.
Поморските сили на САД и ги предадоа на властите на Кенија деветте сомалиските пирати кои беа заробени во Аденскиот Залив минатиот месец, додека се обидуваа да киднапираат германски брод, соопшти полицијата.
Деветмината се качиле на германскиот брод MV Magellan Star и поминале речиси 20 часа во потрага на членовите на екипажот кој бил заклучен на безбедно.
„Обвинетите утре ќе бидат изведени пред суд за да одговараат на обвинувањата за пиратство”, рече Леонард Нионгеса, началник на полицијата за крајбрежниот регион Момбаса.
Поморските власти на САД предадоа и пет пушки, како и муниција, кои се запленети од пиратите.
Судот во Момбаса го осуди најмалку 25 сомалиски пирати од почетокот на септември, додека стотици други се уште чекаат судење./крај/афп/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Израел се согласи на условите за 60-дневно примирје во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Израел се согласил со условите за конечен договор за 60-дневен прекин на огнот во Газа, за време на кој ќе се вложат напори за завршување на војната во палестинската енклава.
„Моите претставници денес имаа долг и конструктивен состанок со Израелците за Газа. Израел се согласи со потребните услови за постигнување 60-дневен прекин на огнот, за време на кој ќе работиме со сите страни за да ја завршиме војната“, рече Трамп на социјалните мрежи.
Trump: Israel Agrees to Ceasefire Terms, Final Deal Sent, Hamas Must Accept Before Things Get Much Worse
My Representatives had a long and productive meeting with the Israelis today on Gaza. Israel has agreed to the necessary conditions to finalize the 60 Day CEASEFIRE, during… pic.twitter.com/JsQhf2Goxb
— Open Source Intel (@Osint613) July 1, 2025
„Катарците и Египќаните, кои работеа многу напорно за да постигнат мир, ќе го достават овој последен предлог. Се надевам, за доброто на Блискиот Исток, дека Хамас ќе ја прифати оваа понуда бидејќи нема да се подобри – САМО ЌЕ се влоши“, заклучи американскиот претседател.
Европа
(Видео) Бомбардер Су-34 се урна во Русија

Руски борбен авион Су-34 се урна вчера за време на воена вежба во регионот Нижни Новгород, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
„Околу 13:00 часот по московско време, авион Су-34 се урна во регионот Нижни Новгород за време на планиран воена лет. Додека се приближуваше кон слетување, се појави дефект. Екипажот неколку пати се обиде да го поправи дефектот во лет, но ситуацијата не се промени. Затоа, го однесоа авионот на безбедно место и се катапултираа“, се вели во соопштението на министерството.
💥 Russia: During training, landing gear didn't come out on a Su-34 strike aircraft. The trainee pilot and his instructor co-pilot ejected and the aircraft crashed in Nizhny Novgorod.
The Su-34 costs up to $85 million.
The pilot instructor died after ejection. pic.twitter.com/OD5daTsW50— Igor Sushko (@igorsushko) July 1, 2025
Авионот не носел муниција и паднал во ненаселена област.
Иако првичните извештаи покажаа дека двајцата членови на екипажот преживеале, рускиот медиум „Маш“ подоцна објави дека еден од членовите на екипажот починал од повредите. Според извештаите, тој паднал на дрво откако се катапултирал.
Канал на Телеграм поврзан со руските воздухопловни сили, исто така ја објави несреќата. „Денес, авион Су-34 се урна во регионот Нижни Новгород. Навигаторот почина. Да леташ засекогаш, брате“, напиша каналот, објавувајќи видео од последните моменти пред падот на авионот.
Свет
Путин и Макрон разговараа по телефон по три години

Рускиот претседател, Владимир Путин разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон за војната во Украина, соопшти денес Кремљ. Се работи за прв телефонски разговор меѓу двајцата лидери од 2022 година.
Во соопштението се наведува дека Путин, коментирајќи ја ситуацијата во Украина, оценил дека сегашниот конфликт е директна последица на политиките на западните земји кои со години ги игнорираа безбедносните интереси на Русија, а сега водат политика на продолжување на непријателствата.
Рускиот претседател ги потврди основните пристапи кон можните мировни договори за Украина, се додава во соопштението, тврдејќи дека договорот треба да биде сеопфатен и долгорочен, да обезбеди отстранување на коренските причини за украинската криза и да се базира на нови територијални реалности.
Двајцата лидери разговараа и за ситуацијата на Блискиот Исток во контекст на конфликтот меѓу Иран и Израел и нападите на САД врз нуклеарните постројки на Иран. Тие ја нагласија посебната одговорност на Русија и Франција како постојани членки на Советот за безбедност на ООН во зачувувањето на мирот и безбедноста и одржувањето на глобалниот режим за неширење на нуклеарно оружје.
„Во овој контекст, важноста од почитување на легитимното право на Техеран да развива мирна нуклеарна енергија и да продолжи да ги исполнува своите обврски според Договорот за неширење на нуклеарно оружје, вклучително и соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)“, се додава во соопштението.
Путин и Макрон се залагаа за решавање на прашањето за иранската нуклеарна програма и другите регионални прашања исклучиво преку политички и дипломатски средства, а беше нагласено дека претседателите се согласиле да продолжат со контактите. „Разговорот меѓу Владимир Путин и Емануел Макрон беше значаен“, се заклучува во соопштението.
Ова е првиот телефонски разговор меѓу двајцата претседатели по повеќе од две години, а последниот познат контакт се одржа во септември 2022 година.