Македонија
Министерството за труд со соопштение во врска со смртта на бездомникот од Прилеп
Во врска случајот со починатиот бездомник од Прилеп, со соопштение се огласи Министерството за труд и социјална политика
Оттаму информираат дека надлежниот Центар за социјална работа во Прилеп, во неколку наврати преземал активности за згрижување на лицето. Во текот на 2007 година Центарот го сместил Јованоски во Дом за стари лица во Прилеп, од каде бил испратен на лекување во душевната болница во Демир Хисар. Јованоски на почетокот на 2008 г. бил вратен во Домот за стари лица, кој по извесен период самоволно го напуштил.Мислењето на Центарот било дека Јованоски треба да биде повторно згрижен во Домот со што било изготвено решение за негово сместување, но вработените во Домот на стари лица, на ова решение на Центарот поднеле жалба до ресорното министерство.Во соопштението од министерството за труд понатаму се наведува дека стручните лица од центарот неколку пати се обиделе да поразговараат со Јованоски, во надеж дека ќе го убедат да биде сместен во соодветна институција, согласно Законот за социјална заштита на што не наишле на разбирање. Законот не дозволува доколку лицето не сака сместување во институција да се направи тоа против негова воља.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во четири години на електроенергетскиот систем се приклучени 1.200 мегавати од обновливи извори
Во просек, секој ден по скоро 1 нов MW во последните четири години е вклучен на електроенергетскиот систем покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Заклучно со октомври (2022 година – октомври 2025 година) во Македонија има изградено нови капацитети кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори со вкупен инсталиран капацитет од 1 200 MW обелодени Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ на Регионалната конференција за зелена трансформација на Западен Балкан што се одржа во Тирана, Албанија.
„Производството на електрична енергија од сонце е реалност – Елдорадото на фотоволтаични централи ја најави енергетската транзиција, што пак отвори процес на трансформација на електроенергетскиот сектор. Бројките се охрабрувачки, но периодот кој е пред нас е полн со предизвици, а еден од нив е и балансирање на системот кога е во прашање електричната енергија произведена од обновливи извори. Мораме во оваа фаза да делуваме и поттикнуваме инвестиции во енергетски капацитети кои ќе произведуваат базна енергија. Секако и употребата на батериите има своја улога, но неопходно е да е реализираат инвестиции со кои ќе се замени производството на струја од јаглен со гас или биомаса.“ посочи Бислимоски, претседател на РКЕ.
Дигитализацијата на административните процеси при прибавување на пропишаните дозволи и документи како предуслов за зголемување на бројот на инвестиции – е една од клучните пораки на учесниците на Панелот посветен на тоа „Како до формирање на зони за побрза реализација на зелени инвестиции“.
Говорниците меѓу кои енергетичари, економисти и функционери од извршната и локална власт на земјата домаќин порачаа дека енергетската транзиција ќе биде успешна само доколку и домаќинствата ги почувствуваат ефектите, а не само индустријата. Мерки и реформи за паметна енергетската зелена иднина мора да биде цел за политиките кои ги водат земјите од регионот за полесно интегрирање со европскиот енергетски пазар.
Македонија
СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци, само за Орце да прави ПР трикови
Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо. Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот, истакнуваат од СДСМ.
„Синоќа скопјани видоа зошто било оставено ѓубрето, зошто ништо не се преземало со месеци, само за Орце Ѓорѓиевски да прави ПР трикови, циркус спектакли со дронови и камери.
Ова е срамен однос и потценување на сопствените граѓани.
Додека светот и регионот напредуваат со вештачка интелигенција, додека нашите соседи праќаат сателити во орбитата, ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски не доведоа на тоа дереџе, на намерни блокади за да се прави П“Р.
Скопје и скојани, потенцираат од СДСМ, не заслужуваат ваков потценувачки однос туку чист, модерен и организиран град, со систем кој функционира, а не трикови за ПР употреба.
Македонија
Одржливиот избор е кул избор – втор саем на еколошки бизниси во рамки на Skopje Design Week 2025
Фестивалот Skopje Design Week 2025 се отвора со саем на еколошки бизниси, 8. и 9. ноември, во PUBLIC ROOM.
Во рамки на второто издание на Саемот, посетителите ќе имаат можност да запознаат и поддржат 24 македонски иновативни и еколошки бизниси, кои преку своите производи докажуваат дека малите чекори водат кон големи промени.
По успешното прво издание во 2023 година, Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење Yes for Less повторно ја обединува македонската еко-заедница на вториот Саем на еколошки бизниси, кој ќе се одржи на 8. и 9. ноември, 2025 година во Public Room, Скопје. Настанот е дел од Skopje Design Week 2025, што ќе се одржи под мотото „Циркуларен начин на размислување“.
Бесплатен влез – откриј, купи, инспирирај се!
Саемот е отворен и бесплатен за сите посетители. Oткријте ја новата генерација на македонски еко-бизниси, да купите производи со позитивен импакт и да се инспирирате од луѓе кои секојдневно работат за поздрава животна средина. Да покажеме дека одржливиот избор е кул избор!
Локална иновација и глобална еко визија
Skopje Design Week 2025 и оваа година се позиционира како креативна платформа што ги поврзува дизајнот, модата, музиката, гастрономијата и одржливиот бизнис, промовирајќи иновативни решенија за регенеративен дизајн и локален развој.
Во рамки на второто издание на Саемот, посетителите ќе имаат можност да запознаат и поддржат 24 македонски иновативни и еколошки бизниси, кои преку своите производи докажуваат дека малите чекори водат кон големи промени.
На саемот ќе бидат претставени природна козметика, накит од рециклирани материјали, рачно изработени производи, уникатна облека од природни и реупотребени материјали, како и други еко-алтернативи за секојдневна употреба. Целта е да се покаже дека еколошките производи не се само подобри за животната средина, туку и поздрави за луѓето, без вештачки бои, парфеми или штетни хемикалии .
Yes for Less – заедница што инспирира промени
Бизнисите учесници се дел од мрежата на зелени бизниси на платформата www.yesforless.mk, која им овозможува на граѓаните да откријат еколошки навики, совети и производи на едно место. Платформата промовира одржлив развој и граѓанско учество, нудејќи простор за размена на идеи и заедничко решавање на еколошките предизвици во земјата.
Работилници за одржливост
Покрај изложбениот дел, Yes for Less ќе организира две тематски работилници во рамки на Skopje Design Week: „Дизајн за одржливост: Користење на дождовницата во секојдневието“, „Еко-села за дигитални номади во Македонија“, поддржана од ресторанот Кутмичевица од Вевчани – семеен етно пансион кој ја спојува традицијата, гастрономијата и одржливиот туризам.
Поддршка и порака
„Со овој саем и работилници сакаме да покажеме дека во Македонија постојат бизниси со силна визија за придонес кон одржливиот развој. Целта е да ги поврземе со граѓаните и да ги охрабриме да направат барем еден зелен избор повеќе во своето секојдневие“, велат од Yes for Less.
Настанот е поддржан од Грин Ленд Груп, лиценциран колективен постапувач специјализиран за управување со отпадни масла од автомобили и други возила.

