Економија
Околу 18 отсто од Европејците живеат во претесни станови

NULL
Околу 18 отсто од Европејците, или едно од шест лица, живеело во претесно живеалиште во 2009 година, покажуваат податоците на европската статистичка служба Еуростат. Состојбата е многу различна во одделни земји, констатира Еуростат и истакнува дека само еден отсто од Кипраните живеат во претесно живеалиште во однос на 58 проценти од Латвијците. Еден човек живее во претесно живеалиште, ако домаќинството не располага со најмалку една соба за семејство или ако другите членови кои не се од најблискиот круг немаат индивидуална просторија. Според европските критериуми, децата на возраст од најмалку 12 години треба да имаат сопствена соба, освен ако не се од ист пол и тогаш можат да живеат по две во соба. Условите во домот можат да се анализираат и врз основа на проблемите со влажноста, темнината или присуството на бања, посочува Еуростат во студијата за домовите. Процентот на населението кое живее во едно живеалиште и вели дека има проблеми со влага на ѕидовите се движи од 5 отсто во Финска, 7 отсто во Словачка и во Шведска, 31 процент во Словенија, 29 отсто во Кипар, 26 проценти во Летонија и 24 отсто во Бугарија. Процентот на населението кое живее во стан, што го смета за несоодветен се движи од 4 отсто во Словачка, Холандија, Чешка и Финска до 16 проценти во Словенија и 11 отсто во Летонија и Велика Британија. Суштински разлики постојат меѓу земјите – членки на ЕУ во врска со санитарните јазли во домот. Процентот на луѓето кои живеат во куќа без внатрешен тоалет варира од помалку од 1 отсто во 15 држави – членки на ЕУ до 43 отсто во Романија, 26 проценти во Бугарија и 17 отсто во Литванија и во Летонија. Процентот на луѓе кои живеат во куќа без бања или туш, варира од помалку од 1 отсто во 17 држави – членки до 41 отсто во Романија, 18 отсто во Летонија и 16 проценти во Литванија и во Бугарија. / крај/бг/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Скенирањето сметки на апликацијата „МојДДВ“ е со прекини, УЈП извести за технички проблеми

Управата за јавни приходи извести дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.
„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција. Ги молиме сите корисници за трпеливост и разбирање. Тимот на Управата за јавни приходи е целосно ангажиран и работи на надминување на техничките пречки“, соопшти Управата за јавни приходи.
Од таму не откриваат за какви технички проблеми се работи, ниту пак кога очекуваат да бидат надминати.
Економија
Мицкоски најави нова инвестиција во Штип

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на директорот на Технолошко-индустриските развојни зони за 4 нови странски инвестиции, изјави:
„Во текот на вчерашниот ден, во разговор со директорот, имаме добра вест, нова инвестиција, потврдена во индустриската зона во Штип. Фабрика којашто ќе вработи до 150 луѓе. Фабрика којашто ќе инвестира некаде околу 35 милиони евра. Којашто во својот пик за три години од денес ќе извезува 300 милиони евра коишто ќе влезат во Бруто домашниот производ и ќе произведува батерии и тоа е добро. И тоа е добро, а за сите овие други, да имаме и потврди и полека ќе ги објавуваме. Ова е веќе договорено со инвеститорот и заради тоа го кажав, инаку фабриката е од земја од Европска Унија, да немаме дилема.“
Економија
Дизелот поевтинува за 2,5 денари

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини за 2,5 денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 77,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 70,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,188 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,499 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат.