Македонија
Отфрлени предлог-измените на Изборниот законик

Парламентарците не ги прифатија предлог-измените на Изборниот законик кои беа поднесени од страна на опозицијата.
Владејачкото мнозинство предлог-измените ги оцени како манипулативни, несериозни и против уставни.
Според опозицијата измените се однесувале на усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, на гласањето на дијаспората и на загарантираните мандати на припадниците на помалите етнички заедници.
Со измените требаше да се зголеми бројот на пратеници, со што ќе се овозможеше припадниците на помалите заедници, и тоа турската, српската, ромската, бошњачката и влашката заедница, самостојно да настапуваат на избори и на тој начин да бидат рамноправно застапени.
Во Предлог-законот требаше де се определат и условите под кои се поднесуваат овие листи, како и нивната форма и начинот на гласање.
Се предлагаше и модифицирање на изгледот на гласачкото ливче, кое би содржело два дела, и тоа листи со по 20 кандидати и во вториот дел, листи со по 10 кандидати.
Избирачите би гласале само за еден кандидат од двете понудени листи, заокружувајќи го бројот односно буквата пред избраниот кандидат.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека измените се предложени во погрешно време и оти со одредбата за 10 загарантирани места за помалите етнички заедници им се ускратува нивното право да гласаат за низа закони по бадентеровиот принцип.
Горан Мисовски од НСДП рече дека го поддржуваат зголемувањето на бројот на пратеници од 120 на 133 со што им се дава можност на помалите етнички заедници за загарантирани места во Парламентот и оти се согласува со гласањето на дијаспората.
Според Мисовски во предлогот што се подготвува во Министерството за правда се избришани загарантираните пратенички места за помалите етнички заедница и оти се излажани.
Пратениците за предлог-измените гласаа вчера попладнето, по исцрпната расправа./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ доби 32 градоначалници во прв круг, Влен зад нив со победа во пет општини

ВМРО-ДПМНЕ е убедлив победник во првиот круг од локалните избори, со освоени 32 општини, покажуваат утрово податоците објавени на страната на Државната изборна комисија, според избројни 99 отсто од гласовите.
Според резултатите, кандидатите на партијата победија во општините Битола, Велес, Струмица, Штип, Охрид, Прилеп, Делчево, Радовиш, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Илинден, Кавадарци, Вевчани, Свети Николе, Новаци, Берово, Бутел, Петровец, Василево, Карбинци, Зелениково, Кратово, Градско, Демир Хисар, Пехчево, Ново Село, Сопиште, Ресен, Јегуновце, Гевгелија и Босилово.
Кандидатите на коалицијата ВЛЕН („Вреди“) победија во пет општини: Чаир, Арачиново, Желино, Сарај и Теарце.
СДСМ освои три градоначалнички мандати во првиот круг, во Богданци, Крива Паланка и Кривогаштани, додека коалицијата НАИ, предводена од ДУИ, победи во Гостивар, Чашка, Липково и Пласница.
Изборите не успеаја во три општини – Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше – поради недоволен одѕив на гласачите.
ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство и во Скопје, но градончалник ќе биде избран во вториот круг. Тука силите ќе ги соочат Орце Ѓеорѓиевски и Амар Мециновиќ од Левица. Според последните податоци на ДИК, Ѓеорѓиевски има 39,43 отсто, или 91.582 гласа, додека Мециновиќ освои 13,20 проценти, односно 30.659 гласа. Зад нив се кандидатот од „Вреди“, Башким Бакиу со освоени 12 отсто, 27.864 гласа, Каја Шукова од СДСМ со 11,50 отсто, односно 26.714 гласа и Скендер Реџепи од ДУИ со 26.062 гласа.
Македонија
Министерката Јаневска на министерски состанок на земјите од Западен Балкан во Подгорица

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на министерски состанок на земјите од Западен Балкан за истражувања и иновации кој ќе се одржува во Подгорица, Црна Гора на 20 и 21 октомври 2025 година.
Дводневниот настан предвидува повеќе панел дискусии посветени на можностите за развој и поврзување на истражувачката инфраструктура на земјите од Западен Балкан, анализа на ефективноста на Планот за раст и националните стратегии за паметна специјализација на државите од регионот, како и за примената на вештачката интелигенција во науката и истражувањето, извести МОН.
Освен учество на панел дискусиите, министерката Јаневска ќе оствари и билатерални средби со еврокомесарката за истражување и иновации Екатерина Захариева, директорката на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија, Сабине Хенцлер, претседателката на Европската мрежа за соработка во областа на истражувањето и технологијата (COST) Асе Горницка и со црногорската министерка за образование, истражување и иновации Ангела Јакшиќ Стојановиќ, соопшти МОН.
Македонија
Грозданов и Крстевски одат во втор круг во Кочани, први избори по трагедијата во „Пулс“

Актуелниот в. д. градоначалник на Кочани и независен кандидат за втор мандат, Венко Крстевски, и кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, ќе одат во втор круг на локалните избори.
Според 100 отсто обработени гласови, Грозданов освои 5.641 глас, односно 39,79 отсто, додека Крстевски доби 3.394 гласа или 23,94 проценти. На третото место е кандидатот на СДСМ, Игор Христов, со 2.444 гласа, односно 17,24 проценти.
Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.
Овие избори се одвиваат во посебна атмосфера — тоа се првите избори по трагедијата во дискотеката „Пулс“, каде што животот го загубија 63 млади луѓе, настан што длабоко го потресе Кочани.