Македонија
Бакојани: Груевски го турка народот во фанатизам
Бакојани го обвини Груевски дека наместо конструктивност во разговорите за името, го разгорува фанатизмот кај сопствениот народ и го оддалечува од влез во ЕУ и НАТО. Во Македонија тоа се коментира како дел од грчката предизборна кампања во која ќе следат уште напади на темата – „спорот за името“
„Со своите големи свечени отворања и обидите за крадење туѓа историја, Владата на Груевски мисли дека може одново да ја напише историјата. Со ова, тие го туркаат народот на нашата соседна држава кон фанатизам и нетрпеливост, оддалечувајќи го на тој начин од неговата евроатлантска перспектива“, изјавила шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани.Според Бакојани, Грција им приоѓа на преговорите во еден „конструктивен дух“ со цел да се постигне заеднички прифатливо решение без победници и губитници.„Што се однесува до прашањето за Фиром, преговорите под покровителство на ОН влегуваат во нова фаза. Мора да направиме се што е во наша моќ за да постигнеме најдобар можен резултат“, изјави Бакојани.Таа порачала дека Грција ја има повлечено црвената линија, под која нема намера да попушти.„Нашата влада – владата на Костас Караманлис – успеа да издејствува Скопје да ја прими истава порака и од ЕУ и НАТО. Црвените линии коишто ние ги поставивме се неменливи, решение кое ќе се состои од сложено име со географска одредница и за универзална употреба, решение кое гарантира иднина исполнета со соработка меѓу народите и безбедност во нашиот регион“, изјавила Бакојани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

