Контакт

Општество

Груевски: Со почитувањето на сообраќајните правила се почитува и животот

Објавено пред

Владата на Република Македонија започнува со сеопфатна кампања за безбедност во сообраќајот чија првенствена цел е да се влијае врз подигнување на свеста на граѓаните учесници во сообраќајот за почитување на пропишаните правила и прописи, најави во петокот  премиерот Никола Груевски. 

dobivaj vesti na viber

 

„Причината за отпочнување на оваа кампања е потребата за подигнување на јавната свест, укажување на значителната бројка на жртви и повредени во сообраќајни незгоди, како и потребата од превенирање и укажување на последиците од несaкани незгоди во сообраќајот. Оваа кампања се однесува и е насочена кон сите учесници во сообраќајот. Возачите, велосипедистите, пешаците“, потенцираше Груевски.

 

Слоганот кампањата е ПОЧИТУВАЈ ГИ ПРАВИЛАТА, ПОЧИТУВАЈ ГО ЖИВОТОТ!

 

Според македонскиот премиер, поентата е да се даде на значење и поголема свесност кај факторот човек дека почитувањето на правилата покрај тоа што секогаш е добро, рационално и исправно пред се и во оваа смисла претставува заштита за самиот човек, за неговото здравје и за неговата безбедност, а со почитувањето на правилата се почитува и животот.

 

 

Податоците покажуваат дека на патиштата во Република Македонија секој втор ден згаснува по еден живот, а бројот на загинати во сообраќајни незгоди во 2013 година достигна 198 лица или 9 жртви на секои 100 илјади жители.

 

Според Груевски, состојбата може и мора да се надмине, а ова најпрво зависи од секој од нас, од секој член на општеството, од секој возач на автомобил, на велосипед, на мотор, од секој пешак и од секој учесник во сообраќајот. Кампањата за безбедност во сообраќајот дава и конкретни совети, алармира и врши едукација на учесниците во сообраќајот.

 

Централната порака на оваа кампања е ВОЗИ БЕЗБЕДНО СО ВРЗАН ПОЈАС! Таа се однесува на возачите на автомобили, камиони, автобуси, кои претставуваат процентуално најголем учесник во сообраќајот. Неврзувањето на појас е една од главните причини за настанување на тешки телесни повреди на возачите или пак повреди кои носат во смрт.

 

„Апелирам до сите учесници во сообраќајот да носат безбедносен појас. Јас секогаш носам безбедносен појас во автомобил, и кога седам на предните, но и кога седам на задното седиште! Ве молам носете и вие. Друга причина за сообраќајна незгода, која ја донесе модерното време е користењето на мобилен телефон при учествување во сообраќајот. Тоа е многу лоша, многу лоша навика. Не ја применувајте! Светските искуства покажуваат дека веројатноста да се судрите ако користите мобилен телефон додека возите е четири пати поголема. Статистиката покажува дека времето на реакција кај возачите што користат телефон при возење е 50 проценти побавно отколку при нормално возење. Дури и на внимателните возачи може да им биде одвлечено вниманието од повик или порака – а дури и пад во концентрацијата за дел од секундата може да доведе до судар“, вели премиерот.

 

За комплетното осмислување, креирање и  реализација на оваа кампања се обезбедени 500 илјади евра без вклучен ДДВ. Кампањата за подигнување на свесноста на граѓаните за безбедноста во сообраќајот вклучува дизајн и изработка на лого, дизајн и изработка на тв спотови, дизајн и изработка на радио спотови, дизајн на принт огласи и адаптација на билборди и внатрешно рекламирање, дизајн и изработка на web банери, осмислување и реализација на пи-ар стратегија за промоција на кампањата, подготовка на медија план и закуп на медиумски простор за електронски, печатени медиуми, внатрешно и надворешно рекламирање. Идејните решенија за на пи-ар агенцијата Република, освен медија планирањето кое ќе го реализира агенцијата Њу момент (New moment) и Њу идеас компани (New ideas company).

 

Како дел од активностите на овој општ и координиран пристап ќе бидат и едукација во основните и средните училишта, промоција на активности за младите, за старите и изнемоштени лица, испраќање на пораки за безбедноста во сообраќајот на патиштата, како и учество на носители на функции од Владата и институциите во активностите и директна и непосредна комуникација со широката јавност, главно преку користење на електронските, печатените и интернет медиумите. Тоа претставува нов и свеж пристап во пренесувањето на пораката која ќе стане препознатлива помеѓу младите./крај/мф/бс

 

Извор: Фото/МИА

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија4 часа

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија6 часа

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија6 часа

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија7 часа

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија7 часа

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија8 часа

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија9 часа

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...

Македонија11 часа

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо. Како што јавуваат италијанскитее медиуми, девојчето се...

Регион12 часа

Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта....

Свет12 часа

(Видео) Маж намерно запалил пожар во Ајдахо, па убил двајца пожарникари: пронајден мртов

Двајца пожарникари беа застрелани и убиени додека се бореа со шумски пожар во северниот дел на Ајдахо, соопшти канцеларијата на...

Европа12 часа

Кремљ: Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од ставот на Киев

„Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата...

Македонија13 часа

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Свет13 часа

Трамп: Иранците не знаеја дека доаѓаме

Американскиот претседател Доналд Трамп не верува дека Иран бил во можност да обезбеди или премести дел од својот збогатен ураниум...

Македонија24 часа

Мицкоски ја доби тужбата против Славјанка Петровска за клевета

Граѓанскиот суд во Скопје донел правосилна пресуда во корист на премиерот Христијан Мицкоски, утврдувајќи дека пратеничката од СДСМ и поранешна...

Регион1 ден

Приведени 77 лица по протестите, 48 полицајци повредени, Вучиќ вети дека нема помилување за насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска порача дека нема да потпише никакво помилување или аболиција за оние кои учествувале во...

Македонија1 ден

Димитриевски по реизборот: Ќе градиме нови лидери за нова Македонија

На вториот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата од делегатите...

Македонија1 ден

Јаневска: Учебници на 1 септември, повисоки плати, 7 нови училишта и обнова на студентските домови

Во првата година од мандатот на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се испорачани значајни резултати – учебници на...

Топ1 ден

Избоден 15-годишник на Бит Пазар, 13-годишниот напаѓач е негов роднина

15-годишно момче било повредено со остар предмет синоќа во регионот на Бит Пазар, а според пријавата, нападот го извршил негов...

Македонија1 ден

Скандалозен тендер за возачки испити, СДСМ бара истрага и одговорност од Тошковски

СДСМ алармира за нов скандал во Министерството за внатрешни работи, овој пат поврзан со сомнителен тендер вреден милиони денари за...