Македонија
Резултати од проектот за родова рамноправност на локално ниво
Постепено зголемување на родовата рамноправност на локално ниво, поттикнување на општините преку координаторите за еднакви можности на жените и мажите активно да се вклучат во планирање и спроведување на активности за подобрување на состојбата со родовата рамноправност
Ова се дел од резултатите од проектот „Поддршка на Комисиите за еднакви можности за жените и мажите во единиците на локалната самоуправа“, кои денеска во Скопје ги презентираа Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами и постојаниот Координатор на ОН и УНДП Диадре Бојд.Според министерот Бајрами, треба да се поттикнува учеството на жените и маргинализираните и социјално исклучени групи, особено во руралните средини.Диадра Бојд, постојаниот претставник на ОН и УНДП во Македонија истакна дека ваквите проекти се темел со кој се осигурува жените да имаат можност да учествуваат во општеството и да дадат поголем придонес во сите сектори.„Доколку жените имаат исти права со мажите, односно повеќе можности во општеството, тоа придонесува за поголем економски раст и развој на тоа општество“, додаде Бојд.Општините Теарце, Крушево и Струмица беа наградени со мали грантови од УНДП за имплементација на проекти за родова рампоравност.За време на проектот кој започна во јануари 2009, беа организирани 28 работилници за полова рамноправност и развој, на кои учествуваа 550 лица од 75 општини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

