Македонија
Сервер: Македонија да влезе во НАТО под референцата

Македонија најпрвин треба да биде примена како полноправна членка на НАТО под референцата БЈРМ, а потоа да се решава прашањето за името.
Македонија најпрвин треба да биде примена како полноправна членка на НАТО под референцата БЈРМ, а потоа да се решава прашањето за името. Ваков коментар изнесе Даниел Сервер, професор на Катедрата за виши меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс во врска со пресудата на Меѓународниот суд на правдата по жалбата на Македонија против Грција.Под наслов -„Атино, те молам покажи дека грешам“ Сервер преку својот блог ја повикува Грција да се издигне над балканските услови во кои губитокот на една страна е автоматски придобивка за друга и да покаже европска далекусежност со тоа што ќе го деблокира приемот на Македонија во НАТО. „Скопје победи. Одлуката оди целосно во правецот што Скопје го посакуваше. Судот наведува дека Грција ја прекршила Времената спогодба кога го блокираше членството на БЈРМ во НАТО во 2008-ма“, вели Сервер.Тој во интервју за Гласот на Америка истакнува дека Македонија сега треба што поскоро да биде примена во НАТО под привремената референца.„Не сум сигурен дека ќе видиме некое далекусежно влијание. Меѓутоа, дури и со изјавата на генералниот секретар, ми се чини дека би било разумно да се прифати БЈРМ и Македонија да биде примена што е можно поскоро. Тоа сега би требало да биде обострано прифатливо решение на кое повикува генералниот секретар. Судот мошне јасно предочи дека не би сакал да чуе дека Атина ќе ја повтори грешката што веќе ја има направено во 2008-ма“, смета Сервер. Тој изрази надеж дека Грција на следниот Самит на НАТО ќе се согласи на прием на Македонија во НАТО под референцата.„Се надевам дека Грција ќе согледа дека вистинскиот пат надвор од ова е да ја прифати БЈРМ како членка на НАТО и да продолжи со преговорите за перманентно решение. Грција нема ништо да добие од натамошно противење по ова прашање. Само може да загуби. Искрено, во последно време доста загуби. Мислам дека биде голем плус ако го стави ова прашање зад себе“, смета Сервер. /крај/воа/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Алиу најави реформа на Мој Термин – побрз, поедноставен и подостапен систем

Министерот за здравство, Азир Алиу денес имаше работна средба со директорот на Управата за електронско здравство, Фикрет Шабани, на која се разговараше за предизвиците во функционирањето на системот Мој Термин и новините кои се планирани во оваа област.
-Системот Мој Термин е едно од местата каде што нашите граѓани најмногу ја чувствуваат потребата од брза, достапна, правична и транспарентна услуга. Еден од нашите приоритети е реформа на Мој Термин, со цел креирање поедноставен, побрз и подостапен систем. Правиме платформа што не создава бариери, туку отвора врати, што функционира во реално време и им дава на граѓаните сигурност дека се приоритет, изјави министерот Алиу.
Тој посочи дека многу скоро оваа промена граѓаните ќе ја почувствуваат не само на екраните, туку и во нивното секојдневие.
Македонија
Голем пожар во Желино, од ЦУК велат поради ветерот и тешкиот терен има ризик да се прошири

Во општина Желино избувна пожар кој се движи во правец на Еребино, зафаќајќи сува вегетација и нискостеблеста шума, информираат од Центарот за управување со кризи.
Како што кажаа од ЦУК, пожарот поради ветерот и тежок терен има ризик да се прошири, но на терен веднаш се ангажирани сите расположливи сили и средства.
На терен активно дејствуваат:
– 1 армиски хеликоптер
– 1 полициски камион МАН со цистерна од 8 тони и воден топ
– 2 теренски возила пинцгауер
– 1 хермелин
– 30 припадници на Армијата
– екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита
– пожарникари од ТППЕ Тетово.
Во 16:00 часот ќе полетаат и два ер трактори на ДЗС за воздушна поддршка, велат од ЦУК.
Оттаму додаваат дека постои основано сомнение дека пожарот е предизвикан од човечки фактор, односно подметнат.
Од АМСМ соопштија дека регионалниот пат Тетово – Скопје на потег од Добарски надвозник до бенз. пумпа Џезо Петрол е затворен за сообраќај, а сообраќајот се пренасочува по Автопат ТЕ-СК-ТЕ кај с Групчин и с. Желино
Македонија
ЦУК: До 14 часот се евидентирани вкупно 11 пожари на отворен простор, 6 се активни

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на денешниот ден, заклучно со 14 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои: 6 се активни, 3 се под контрола, а 3 се изгаснати.
Активни пожари:
Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума)
Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Велес – кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума); поради силен ветер, пожарот повторно е активиран, со краци во неколку правци
Општина Сарај – до Обиколницата (сува трева)
Општина Желино – се шири кон Тетовско Еребино (сува вегетација и грмушки)
Пожари под контрола:
Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)
Општина Демир Хисар – Градска депонија (депонија)
Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
Изгаснати пожари:
Општина Охрид – с. Лескоец (запалена плевна)
Општина Штип – с. Аргулица (деградирана ниска вегетација)
Општина Липково – с. Виштица (деградирана шума)