Македонија
Вонредна седница на полицискиот синдикат

Претседателството на Македонскиот полициски синдикат во петок ќе одржи вонредна седница, на која, како што е најавено, ќе бидат разгледани понатамошните активности во врска со одлуката на Уставниот суд.
Претседателството на Македонскиот полициски синдикат во петок ќе одржи вонредна седница, на која, како што е најавено, ќе бидат разгледани понатамошните активности во врска со одлуката на Уставниот суд. Уставниот суд неодамна времено забрани одредба од законот за внатрешни работи, со која околу 940 полицајци, кои по Нова година требаше да заминат во пензија ќе останат без регулиран статус. Мерката, според полицискиот синдикат, предизвика огромен револт, горчина и немир кaj сите вработени во министерството за внатрешни работи, особено кај вработените кои туку што ги добија решенијата за пензија./крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„И официјално е потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и да има одговорност за следењето на јавни личност, на потег се обвинителството и судството. Дека од СДС додека беа на власт не работеа ништо за граѓаните и државата покажуваат и последните информации за случувања во безбедносните служби додека владата беше под водство на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Постои основано сомневање дека двете институции како Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност наместо да се грижат за безбедноста на државата тие се занимавале со следење на тогаш опозицискиот лидер, сега актуелен премиер Христијан Мицкоски, како и со други функционери на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но и новинари, бизнисмени и слично.
За ВМРО-ДПМНЕ тоа не е ништо ново, бидејќи уште кога беше во опозиција имаше информации дека се следат лица од партијата, пред се од раководството.
Очигледно во тој период имало обид за политичка дискредититација која времето покажа дека не им успеа на СДС.
Сега на потег се надлежните од правосудството, или да постапуваат обвинителството и судот по овој случај.
Како партија која силно стои на ставот владеење на правото, заштита на човекови права и сите демократски вредности, ВМРО-ДПМНЕ очекува дека по овој случај и по постапување на правосудниот систем конечно ќе се стави крај на ваква незаконска пракса и на ова кршење на основните демократски вредности.
Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и тие да ја вршат основната функција, заштита на државните интереси“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Муцунски од Блед: Нашата стабилност е европска стабилност, нашиот напредок е европски напредок

На покана на министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утрово учествуваше и се обрати на работниот појадок со министрите за надворешни работи од Западен Балкан и специјалните пратеници за проширување на Европската Унија.
Во своето обраќање, Муцунски ја истакна клучната улога на регионалната стабилност и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, оценувајќи дека сегашните глобални кризи уште повеќе ја зголемуваат потребата од европска кохезија.
„Во свет на војни, безбедносни закани и економски шокови, Европската Унија и Западен Балкан имаат потреба еден од друг повеќе од кога било досега. Нашата стабилност е европска стабилност. Нашиот напредок е европски напредок“, нагласи министерот во обраќањето.
Тој посочи дека Северна Македонија останува посветена на европскиот пат и активно работи на реформите и имплементацијата на Планот за раст на ЕУ, истовремено нагласувајќи дека процесот на проширување мора да биде заснован на заслуги и јасни критериуми.
„Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални спорови или прашања на идентитет. Ако тоа се дозволи, се ризикува не само застој на една земја, туку и губење на кредибилитетот на целиот процес“, потенцираше министерот Муцунски.
Притоа, тој го нагласи значењето на регионалната соработка и ја поздрави улогата на специјалните пратеници на ЕУ, оценувајќи дека нивниот ангажман е клучен за одржување на вниманието кон регионот и поттикнување на практични решенија.
„Веруваме во дијалог, веруваме во компромис кога тој е фер и взаемен – и пред сè, веруваме во визијата за обединета, стабилна и просперитетна Европа со Западен Балкан во нејзиното јадро“, заклучи Муцунски.
Македонија
Без струја дел од Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Пандил Шишков, Вангел Тодоровски и Руди Чаевец, општина Аеродром.