Македонија
Променливо облачно време, претпладне локален слаб снег
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локален слаб снег, а попладне облачноста ќе се намали.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локален слаб снег, а попладне облачноста ќе се намали.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од -1 до 11 степени.
Во Скопје температура до 8 степени. /крај/ухмр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на планинските премини Стража-Ѓавато и Крушево
Намалена видливост поради магла до 100 метри на планинските премини Стража-Ѓавато и Крушево, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на патните правци Пехчево-Обозна-Берово и Суви лаки кој во мометов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
Нацев кажа дека не бил во земјата кога се случи пожарот во „Пулс“ и се пожали на медиумски и јавен линч од безбедносни аналфабети
Судот ги слушна воведните зборови на сите 35 физички и три правни лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Александар Нацев, обвинет дека е реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ и не подготвил и не поднел план за обезбедување на локалот вечерта кога се случи пожарот, исто како и сите негови претходници, рече дека нема вина и дека во текот на постапката ќе го докаже тоа.
„Девет месеци молчев и бев жртва на медиумски и јавен линч спроведен преку разни квазиексперти и безбедносни аналфабети. Со неверување гледав како со неверојатна леснотија одново и одново беше рушена пресумцијата на мојата невиност додека целиот тој период бев таргет и на разни неосновани политизирани клевети и навреди. Денес, сите овде сме исправени пред брутално силување на Законот за приватното обезбедување со цел одредени негови одредби да послужат како поткрепа на теоријата на случај во обвинението“, рече Нацев.
Со барањето одговорност од агенцијата за обезбедување „Рубикон“ тој смета дека малициозно се префрла вината што ја имаат државните органи задолжени за превенција, надзор и контрола.
„Во текот на ова судење ќе ги неутрализираме ваквите конструкции преку непобитни докази и околности, кои јавно ќе укажат на отсуство на каква било вина кај мене или каква било таканаречена каузална поврзаност со трагичниот настан за време на чие случување јас воопшто не бев ни присутен во државата“, рече Нацев.
Неговиот бранител рече дека во постапката ќе докажат дека „Рубикон“ вечерта немал обврска да направи и да пријави план за обезбедување оти имале само тројца обезбедувачи, а законот пропишува таква обврска за настани на кои се ангажираат петмина или повеќе, па рече дека ќе докаже оти Нацев не е реален сопственик на агенцијата, туку дека кусо време бил вработен како консултант поради неговата стручност.
И бранителите на правните лица „Рубикон“ и „ММММ кафе“ ДООЕЛ во денешните завршни зборови го оспоруваат обвинението, рекоа дека не е јасно со кои конкретни дејства одгворните лица ги презеле за да бодат обвинети правните лица и најавија дека во текот на постапката ќе докажат оти нема вина кај обвинетите правни лица.
Македонија
Општина Илинден: Новогодишен базар „Патека на радоста“ 2026 година
Општина Илинден и оваа година во соработка со општествено одговорни компании подготви интересни содржини за жителите, каде од 26 до 28 декември на новоизградениот парк – плоштад во н.м. Марино, под мотото „Патека на радоста“ се одржува Новогодишен базар, известуваат од Општината.
Базарот, под покровителство на општина Илинден и на неколку општествено одговорни компании, ќе понуди богата и разновидна програма наменета за сите генерации. За најмладите посетители се предвидени средби со Дедо Мраз, Маша и Медо, театарски претстави, танцови настапи и магионичарски перформанси, создавајќи вистинска празнична магија.
„Истовремено, љубителите на современата музичка сцена ќе имаат можност да уживаат во настапи на едни од најпознатите македонски изведувачи: Тони Зен, Јанг Дади, Таско, Пајак, како Ди-Џеј Боно, што ветува одлична атмосфера, особено за младата публика.
Новогодишниот базар „Патека на радоста“ не е наменет само за жителите на општина Илинден, туку со отворена покана ги очекува и сите граѓани од околните општини, за заеднички да ја почувствуваме празничната радост и да ги прославиме новогодишните и божиќните празници во духот на заедништвото!
Општина Илинден ги поканува сите жители да го посетат овој Новогодишен базар, да се дружат и забавуваат во овие празнични денови“, се додава во соопштението на Општината.

