Македонија
Секое училиште ќе биде обезбедувано од полицаец
Заради поефикасно справување со насилството во училиштата и поголема безбедност на децата, за секое основно и средно училиште ќе биде одговорен полициски службеник, со кој учениците, наставникот и раководниот кадар ќе имаат директен контакт.
Заради поефикасно справување со насилството во училиштата и поголема безбедност на децата, за секое основно и средно училиште ќе биде одговорен полициски службеник, со кој учениците, наставникот и раководниот кадар ќе имаат директен контакт.Ваквата мерка е дел од новиот проект наречен „Полицијата и учениците се дружат“ кој денеска го најавија министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, министерот за образование и наука Панче Кралев и шефот на Мисијата на ОБСЕ Ралф Андреас Брет. Проектот има за цел да ја подобри безбедноста во училиштата и да ја намали деликвенцијата меѓу младите луѓе. „Проектот опфаќа околу петстотини основни и средни училишта, за кои се задолжени над 150 полициски службеници. Тоа практично значи дека учениците, нивните родители и вработените во училиштата, во секој момент ќе знаат кому да се обратат за каков било проблем, а потоа обврска на одговорниот службеник е да процени дали може сам да го реши проблемот или ќе побара дополнителна помош“, рече министерката Јанкулоска.Дел од проектот на ОБСЕ е и прирачникот „Реонскиот полицаец ве советува“, наменет за најмладите и нивната безбедност.Шефот на Мисијата на ОБСЕ Ралф Андреас Брет, рече дека училишниот прирачник подготвен од МВР, а поддржан од ОБСЕ, ќе служи за запознавање на учениците со работата на полицајците, безбедно однесување на интернет, на телефон, дома, на училиште и на улица.„Прирачникот има за цел да стигне до семејството, домот и родителите за да се подигне свеста за безбедноста на децата“, рече Брет.Министерот за образование и наука Панче Кралев рече дека проектот не е решение за проблемите со насилството во училиштата, но е позитивен чекор во таа насока. „Планираме освен полицијата да ги вклучиме родителите, наставниците, учениците и сите кои на некој начин се инволвирани во образованието во Македонија за да се справиме со насилството во училиштата“, рече тој. Според случаите пријавени во полиција, во учебната 2010/2011 година регистрирани биле вкупно 57 случаи на насилничко однесување од страна на ученици. Најголем дел од нив, 38 случаи биле регистрирани во или пред средните училишта, додека 16 се пријавени во или пред основните училишта. Во 42 од овие случаи била применета физичка сила, во четири случаи насилниците употребиле нож, а во девет биле употребени други тврди предмети. „Тоа што е најтрагично во овој црн биланс е дека имавме едно убиено дете и уште 68 повредени меѓу кои имаше и еден професор“, рече Јанкуловска и додаде дека полицијата без исклучок реагирала во сите случаи по што биле поднесени седум кривични пријави против 34 сторители, како и 24 прекршочни пријави против 60 лица./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.

