Регион
Косово од Србија ќе бара воена отштета и дел од наследството од СФРЈ
Новата влада на Косово нема да го условува дијалогот со Србија со признавање на суверенитетот и независноста, но на листата од барањата, меѓу другото, ќе ги стави барањето за исплата на воена отштета и барањето за поделба на имотот од поранешната заедничка држава СФРЈ, пишуваат во вторникот приштинските и белградските електронски медиуми.
Новата влада на Косово нема да го условува дијалогот со Србија со признавање на суверенитетот и независноста, но на листата од барањата, меѓу другото, ќе ги стави барањето за исплата на воена отштета и барањето за поделба на имотот од поранешната заедничка држава СФРЈ, пишуваат во вторникот приштинските и белградските електронски медиуми.
Нацртот на програмата на владата на поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија којашто по војната во 1999 година во 2008 година еднострано со поддршка на САД и главните земји од ЕУ прогласи независност, според тврдењата на приштинскиот дневен весник Koha ditore се занимава и со прашањето на сукцесијата, а се бара дел од наследство на поранешна Југославија, воени објекти на поранешната држава, дел од архивите на некогашната СФРЈ, како и одреден број дипломатко-конзуларни претставништва.
Владата во Приштина, како што пишува натаму весникот, наместо залагање за признавање на независноста, ќе остане силно ангажирана на целосното нормализирање на односите со Србија и продолжување на дијалогот. Весникот тврди дека во програмата на косовската влада, инаку, никаде не бил споменат реципроцитетот кога станува збор за признавањето на независноста, туку само било наведено дека цел е „Србија да го прифати фактот на суверенитетот на Косово“.
Меѓу врвните приоритетот за идната влада на Косово ќе биде прашањето за воспоставување „меѓународно призната граница меѓу двете држави“, како и прекинување на мешањето на Србија на Косово во областите коишто досега не беа предмет на преговорите за нормализирање на односите коишто се одвиваат во Брисел под покровителство на Европската унија, пишува Koha ditore.
Владата во Приштина се’ уште не е формирана, и покрај тоа што вонредните парламентарни избори се одржаа уште во јуни. На предвремените избори Демократската партија на Косово на Хашим Тачи освои приближно третина од гласовите што беше доволно да биде прогласена за победник на изборите, но и недоволно самостојно да формира владата. Склучувањето на коалициски договор меѓу Демократската партија на Косово на Тачи и Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа беше направено минатиот викенд, но засега нема информации дали претставниците на двете партии ставиле потпис на таков документ. Според неофицијални извори, досега се договорени „90 проценти од работите“ и останува само да се дооформи програмата за работа на новата влада.
Иако првично беше најавено дека премиер на новата влада ќе биде Мустафа, а Тачи ќе стане претседател на Косово по истекувањето на мандатот на сегашната претседателка Атифете Јахјага во 2016 година, сепак во Приштина не се исклучува можноста Тачи да остане на чело на владата, а Мустафа да стане претседател на парламентот.
Според последните изјави на политичките функционери на српската заедница на Косово, тие, пак, очекуваат во новата влада учествуваат со седум отсто од своите кадри./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Атина без такси 48 часа: возачите на улица против даночните мерки
Таксистите во Атина најавија 48-часовен штрајк, објави „Катимерини“. Нивното незадоволство произлегува од новите даночни политики и задолжителниот премин кон електрични возила.
Синдикатот на таксистите во Атина (SATA) наведува дека задолжителното воведување електрични автомобили го загрозува опстанокот на секторот, поради недостаток на соодветна инфраструктура за полнење, прифатливи цени на електричната енергија и реални трошоци за возилата. Таксистите оценуваат дека ваквиот потег претставува економско уништување, а не зелена транзиција.
Возачите изразија загриженост и поради недостиг од јасна регулаторна рамка која ги раздвојува такси-услугите од возилата за изнајмување со возач. Според SATA, такси-возилата обезбедуваат превоз од точка до точка, додека приватните компании за изнајмување продаваат време на патување.
Синдикатот тврди дека мултинационалните апликации за споделено возење го нарушуваат пазарот, посочувајќи дека грчките професионалци работат под строг надзор, додека странските компании функционираат без доволна контрола или локална даночна основа.
Таксистите бараат и пристап до лентите за автобуси при превоз на патници, нагласувајќи дека такси-услугите се дел од јавниот превоз и дека ограничувањата ги зголемуваат сообраќајните гужви и негативното влијание врз животната средина. Во однос на оданочувањето, SATA истакнува дека возачите се соочуваат со неправичен третман и растечки трошоци за гориво, одржување и живот, наведувајќи дека секторот повеќе не може да издржи прекумерен даночен притисок.
Фото: pexels
Регион
Вучиќ од Абу Даби: Пандорината кутија е отворена; ќе дадам сѐ за да го зачуваме мирот и нашата земја
Претседателот на Србија Александар Вучиќ им се обрати на граѓаните од Абу Даби, каде што присуствуваше на отворањето на Неделата на одржливост 2026 и се сретна со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед.
Вучиќ изјави дека државата мора сериозно да се насочи кон развојот на вештачката интелигенција, нагласувајќи дека светот влегува во нова ера на големи промени.
„Големи промени се случувале и порано – од 15 век, кога Европа воспоставила доминација благодарение на научните откритија и освојувањето територии. Денес сите гледаат дека доаѓа ново време кое го носи вештачката интелигенција. Ние сме на 39. место во светот според индексите, што е подобро отколку што очекувавме“, рече Вучиќ, пренесе „Б92“.
Тој додаде дека тоа не е доволно и предупреди дека за шест месеци неработење Србија може да падне и на 70. место, нагласувајќи дека мора постојано да се работи и учи.
„Се соочуваме со две работи – огромен напредок и стравот кај луѓето дека ќе ги загубат работните места“, изјави Вучиќ.
Тој истакна дека државата мора да создаде рамка која ќе го поттикне развојот на вештачката интелигенција, но и ќе гарантира дека граѓаните нема да останат без работа. Посочи дека три проценти од енергијата во Европа се трошат на суперкомпјутери и дека ќе биде неопходно зголемување на енергетските капацитети.
„Важно е да го подготвиме теренот за децата што доаѓаат по нас, за да можат рамноправно да се натпреваруваат со другите во светот“, додаде тој.
Вучиќ информираше дека имал кратка средба со шеикот Мохамед бин Зајед и изрази благодарност за гостопримството, додавајќи дека наскоро се надева на добри вести поврзани со НИС.
„Мораме да ги зголемиме капацитетите на ЕПС, но и да склучуваме договори со други за да ги обезбедиме нашите потреби“, изјави српскиот претседател.
Осврнувајќи се на меѓународната ситуација, Вучиќ зборуваше за Гренланд и Иран, оценувајќи дека светот влегува во период на голема неизвесност.
„Не се радувам на ништо од тоа што се случува. Се плашам од времето во кое влегуваме. Пандорината кутија е отворена и повеќе никој не може да ја контролира“, рече Вучиќ, додавајќи дека ќе вложи целосна енергија за да ги зачува мирот и државата.
Тој нагласи дека граѓаните на Србија не треба да се грижат и дека државата внимателно ја следи ситуацијата. Потврди и дека утре ќе има билатерална средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати.
„Станува збор за двајца лични пријатели. Разговараме како да ја унапредиме соработката. Не заборавајте дека дел од дроновите ги набавуваме од тука“, изјави Вучиќ.
На крајот, тој се осврна и на критиките од дел од медиумите, нагласувајќи дека Србија успеала да издржи и во најтешките моменти, дури и кога 94 дена немало испорака на нафта, без граѓаните да го почувствуваат тоа.
Регион
Снег падна и на Крит и островите во Егејот, дел од училиштата затворени
Снег падна во Грција, на полуостровот Халкидики и на островите во северниот Егеј – Лимнос, Лезбос, Хиос и Споради, како и на планините околу Атина, но и на Евија и Крит.
На Крит сообраќајот на места беше во прекин поради силен град.
Поради временските услови, работата на повеќе училишта е прекината, а наставата се одвива онлајн таму каде што е можно.
Иако температурите се над нулата, снегот и понатаму се задржува.
Фото: pexels

