Регион
Во Бугарија уапсен маж поврзан со напаѓачите на Шарли
Еден маж, кој се поврзува со напаѓачите во Франција, уапсен е во Бугарија, јави AFP.
Еден маж, кој се поврзува со напаѓачите во Франција, уапсен е во Бугарија, јави AFP.
Според истражителите, тој бил во контакт со еде од луѓето што ги изведоа нападите во Париз.
Фриц Жоли Јоакин (29), француски државјанин со хаиќанско потекло, повеќе пати бил во контакт со еден од браќата Каши, вели обвинителката Дарина Славова, пренесе AFP.
Инаку, француската полиција верува дека дуи шест членови на терористичката келија се на слбда по нападите во Париз, а еден од нив е забележан како го вози автомобилот на вдовицата на Амеди Кулибали.
Двајца полицајци за Associated Press велат дека полицијата патролира низ градот во потрага по Mini Cooper регистриран на име на Ајат Бомедиен, за која турските надлежни велат дека е во Сирија.
За неа се веруваше дека заедно со Кулибали држат во заложништво десетмина во кошер продавницата, но откако полицијата упадна во дуќанот, таа не беше пронајдена.
Имено, минатата недела се случија терористички напади во кои првобитно беа убиени 10 новинари и двајца полицајци во редакцијата Шарли Ебдо, а другиот ден се случија две заложништва, во кошер маркетот и во печатница во Демартен ан Гоел.
Загинаа уште четворица заложници како и напаѓачите бачата Шариф и Саид Каши и Амеди Кулибали./крај/мф/бб
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

