Македонија
Грциjа го прифаќа предлогот на Нимиц – „Република Северна Македонија“
Официјална Атина смета дека „Република Северна Македонија” е конечно добар предлог, што посредникот Нимиц го ставил на преговарачката маса. Грчкиот претседател Папуљас, честитајќи му ја победата на Иванов,
Според агенциските информации ова е оценката што ја дал грчкиот амбасадор во Вашингтон, Александрос Маљас, зборувајќи на конференција за американската политика на Балканот.Грчкиот амбасадор зборувал на конференцијата „Довршување на американска мисија на Балканот”, одржана во понеделникот вечерта во влијателниот невладин Центар за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон, а која учестувал и македонскиот амбасадор во САД, Зоран Јолевски.„Најпосле во преговорите со Скопје околу разликите за името на северниот сосед на масата е ставен добар предлог”, рекол Маљас, додавајќи дека Атина се залага за името „Република Северна Македонија”.Главната порака испратена од собирот е дека САД треба да го задржат својот ангажман во југоисточна Европа, во интерес на стабилноста, развојот и интеграцијата на земјите од регионот во НАТО и ЕУ.„На подрачјето на западен Балкан моментно владее мир, но повеќето земји се уште се надвор од двата потпорни столбови на Западот – НАТО и ЕУ. Потенцијалните сценарија за нестабилност налагаат потреба од реконфигурирање на улогата на САД и ЕУ, особено на планот на регионалната сигурност и економскиот развој”, оценил Јануш Бугајски.Посочувајќи дека САД сега имаат многу поважни приоритети од Балканот, Даниел Сервер од американскиот Институт за мир, оцени дека ЕУ треба што поскоро да ги прими во членство балканските држави.„Потребна ни е заедничка акција на САД и ЕУ и ја повикувам Унијата што е можно поскоро да ги прими сите балкански земји, кога тие ќе ги исполнат условите”, навел Сервер.И грчкиот претседател Каролос Папуљас изразува надеж за скорешно решение на прашањето за името во честитката до новиот македонски претседател Ѓорге Иванов „Се надевам дека наскоро ќе бидеме во можност да постигнеме заеднички прифатливо решение за разликите околу името на Вашата земја, преку преговарачкиот процес во Обединетите Нации“ му пишува грчкиот претседател на македонскиот.Претседателот Папуљас истовремено изразува надеж за „дополнително продлабочување на билатералните односи“, се наведува во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.Иванов во кампањата најави дека покрене ќе иницијатива за средба на врвот меѓу македонскиот и грчкиот претседател, како дел од напорите до се дојде решение за разликите околу името.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Скопје одбележува 81 година од ослободувањето
Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани и на споменикот „Ослободители на Скопје” на платото пред владината зграда.
На овој ден традиционално, Град Скопје ја доделува наградата „13 Ноември“ на поединци и институции кои со својата работа придонеле за развојот и афирмацијата на главниот град.
На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та дивизија на Народноослободителната македонска војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.
По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та гренадирска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која беше распоредена пред Качаничката клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.
Во борбите за ослободување на Скопје загинале 420 македонски борци, а вкупно за време на Втората светска војна, животите ги положиле над 4.600 скопјани.
Македонија за време на Втората светска војна беше на страната на антифашистичката коалиција. Во борбите против фашистичките окупатори, според проценките на историчарите, во Македонија загинале 33.000 луѓе, вклучувајќи ги и преку 7.000 македонски Евреи, кои беа депортирани во концентрацискиот логор Треблинка.
Македонија
„130 милиони евра блокирани, загрозени 3.000 бизниси и 10.000 вработувања“, Николовски бара оставка од Трипуновски
Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагираше на интервјуто на министерот Цветан Трипуновски кој иако призна дека ИПАРД програмата е суспендирана но ниту презеде одговорност ниту понуди решенија.
„Министерот Трипуновски видно нервозен излезе на телевизија и наместо да понуди решение сам потврди дека ИПАРД е суспендиран– без да каже колкава е штетата, без да каже колку ќе трае проверката за корупција и криминал на неговите најблиски соработници, една од тие и негова посебна советничка“ вели Николовски.
Тој предупредува дека се загрозени 130 милиони евра европски средства, пари што требало да донесат над 3.000 нови бизниси и 10.000 нови работни места.
„Овие пари не се бројка на хартија, тоа се грантови за реални луѓе, за млади земјоделци, за семејства кои вложиле сопствени средства и надеж дека државата и Европа стојат зад нив. Денес се изневерени,“ истакнува Николовски.
Николовски го осуди и нападот на министерот врз претходните успешни програми што создадоа над 4.000 нови мали производители и илјадници семејства кои денес живеат од сопствен труд.
„Наместо да превземе одговорност, министерот нападна и претходни програми кои донесоа реални резултати, тој нападна над 4.000 нови мали производители, нови семејства кои денес живеат од сопствен труд. Програми што беа симбол на успех, сега се цел на безмислени критики.“
Јас денес понудив конкретни решенија, транспарентно и одговорно, за доброто на земјоделците и државата. Тој ги одби и избра да обвинува без никакви докази, додаде Николовски.
„Мојата борба не е против никого лично, туку за секој земјоделец кој денес чувствува дека е изневерен. Нудам помош и конкретни решенија и ќе ги понудам и на неговиот наследник, на секој што мисли добро за државата,“ порачува Николовски.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.

