Македонија
Прослава на Меѓународниот ден на мирот

Меѓународниот ден на мирот – 21 септември во Македонија се одбележува со Мировен марш.
Меѓународниот ден на мирот – 21 септември во Македонија се одбележува со Мировен марш.Маршот, што се одржува втора година по ред, во организација на Сојузот на борците на Македонија започнува кај Собранието, низ главните улици на Скопје, а завршува пред Споменикот на ослободителите на Скопје.На церемонијата ќе говорат претседателот на Сојузот на борците на Македонија и претставници на Владата.Организацијата на Обединетите нации го прогласи 21 септември за Меѓународен ден на мирот во 1981 година за да нагласи дека сите недоразбирања треба да се решаваат на мирен начин, без разлика дали се меѓународни или етнички.Годинава во светот Денот на мирот се одбележува со најголема прослава, што ќе се емитува ширум светот.Во директниот пренос на интернет што ќе трае 24 часови ќе биде емитувана порака за мир на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун.„По повод овој Ден на мирот имам едноставна порака за сите која гласи – мора да се разоружаме, мора да имаме мир. Апелирам до сите луѓе да се придружат во тие напори. Поддржете ги ОН и дајте го својот придонес за мирот“, се вели во пораката на Мун.Во прославата ќе учествуваат бројни актери и музичари, меѓу кои Џорџ Клуни, Анџелина Џоли, Џад Ло, Мајкл Даглас, Ени Ленокс, Пол Макартни. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.
Македонија
Денеска сончево и топло, за викендот пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Времето во наредните денови
Во петок и сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Во петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање.