Македонија
СЕП: Нема нови одредници од Европската Унија
Целосно е неточно дека Европската Унија поставила нови одредници за Македонија, информираат од Секретаријатот за Европски прашања
Од СЕП ги негираат информациите изнесени од поранешниот вице-премиер задолжен за европски прашања, Ивица Боцевски, дека Европската Комисија кон крајот на 2009-та година на македонската влада и доставила дополнителни краткорочни одредници.„При подготовката на редовните состаноци со делегацијата на Европската Унија во Скопје се изготвуваат документи за нивно разгледување и веројатно постои обид некаков неформален документ од таков тип да се претстави како збир на некакви нови одредници. Целосно е неточно дека ЕУ поставила нови одредници“, се вели во реакцијата од СЕП.Од СЕП повикаа на поголема одговорност во третирањето на теми од европската интеграција на Македонија и бараат тоа да не се злоупотребува во дневно – политички цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

