Свет
Неколку илјади Јапонци сакаат да се преселат на Курилите
Седум ипол илјади Јапонци сакаат да се вратат на Курилските острови, изјави во интервју за радиото Ехо Москви, јапонскиот министер за надворешни работи, Сеиџи Маехерa
„Траба да се има предвид дека на четирите северни острови историски никогаш не живееле Руси, туку живееле само Јапонци“, нагласува јапонскиот минитер за надворошни работи Сеиџи Маехара, потврдувајќи дека т.н. „северни територии“ според официјално Токио се сметаат за древна јапонски територија. Говорејќи во врска со изгледите за потпишување мировен договор меѓу Русија и Јапонија, Маехара вели дека за тоа засега нема простор бидејќи „се уште не е завршен повоениот период“ во односите меѓу двете земји.Дводневната посета на Маехара на Русија доаѓа во време на уште една рунда од напнатите односи меѓу Москва и Токио, поврзани со територијалниот спор врзан околу Курилските острови.Од 1945 г., Јапонија ги бара островите Итеруп, Кунашири, Шикотан и Хабомаи, повикувајќи се на Договорот за билатералната трговија и границите од 1855 г. Враќање на островите под владение на Токио беше еден од условите за склучување мировен договор со Русија, кој не е потпишан и по завршувањето на Втората светска војна. Ставот на Москва е дека јужните Курилски острови влегле во составот на Советскиот сојуз по Втората светска војна и дека суверенитетот на Русија над нив е правно регулиран со соодветни меѓународни договори и не треба да се доведува во прашање. На 7-ми февруари ова прашање повторно дојде на дневен ред во односите меѓу двете држави, кога во Јапонија беше одбележан Денот на северните територии, како што Јапонците ги нарекуваат четирите острови подари кои се води овој територијален спор.Јапонските ултра-радикали кои бараат присоединување кон Јапонија на „северните територии“, во вторникот ги скинаа руското знаме пред влезот на руската амбасада во Токио. Истовремено, јапонскиот премиер Наото Кан, говорејќи на националната конвенција зборуваше за враќањето на „северни територии“, нарекувајќи ја посетата на руски претседател Дмитриј Медведев на островот Кунашири „неоправдана грубост“. Истиот ден во руската амбасада во Токио непознато лице испратило коверт со куршум и порака „Северната територија е јапонски земја“. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, реагираше на ова и изјави дека им обратил внимание на неговите јапонски колеги, дека инцидентите предизвикани за време на одбележувањето на Денот на северните територии ги нарушуваат билатералните односи и не придонесуваат за конструктивен развој. Лавров рече дека преговорите за мировниот договор со Јапонија ќе бидат залудни се додека во Токио доминира радикалниот пристап кон овој проблем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

