Свет
Европскиот парламент против промени во шенгенскиот договор
Пратениците во Европскиот парламент на денешната пленарна седница во Стразбур ја изгласаа резолуцијата во која се противат на барањето на земјите членки, во шенгенскиот договор да биде воведена заштитна клаузула,
Пратениците во Европскиот парламент на денешната пленарна седница во Стразбур ја изгласаа резолуцијата во која се противат на барањето на земјите членки, во шенгенскиот договор да биде воведена заштитна клаузула, која под одредени околности би овозможувала привремено воведување на гранични контроли, внатре во шенгенскиот простор. Во резолуцијата, Европскиот парламент изразува „силно противење на било каков нов шенгенски механизам, чија цел не би била зголемување на слободното движење и јакнење на управувањето со шенгенскиот простор“. Просторот без внатрешни граници кој се смета за едно од најголемите достигнувања во европските интеграции, се најде под голем притисок на некои од земјите членки, како одговор на големиот наплив на имигранти од северна Африка. Некои земји како што е Италија побараа воведување на контроли на своите граници. Европските парламентарци истакнаа дека напливот на имигранти не може да биде оправдување за ограничување на слободата на движење. Пратениците во Европскиот парламент во својата резолуција истакнаа дека и сегашните одредби од шенгенскиот договор допуштаат привремени воведувања на гранични контроли „само кога постои сериозна закана за јавниот ред и безбедност“. крај/б/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.