Македонија
Украдени икони, автомобил, ограбена обложувалница
Украдени икони во Кичевско, скопјанец останал без својот автомобил на магистралниот пат кон „Долно Блаце“, ограбена обложувалница во Штип, се дел од кражбите кои се случиле вчера на територијата на Македонија.
Украдени икони во Кичевско, скопјанец останал без својот автомобил на магистралниот пат кон „Долно Блаце“, ограбена обложувалница во Штип, се дел од кражбите кои се случиле вчера на територијата на Македонија.
Непознат рабојник украл 18 мали и три големи икони и околу 700-800 денари во разни апоени во црквата Свети Антонија во село Бигор Доленци, кичевско.
Двајца маскирани разбојници во неделата навечер ја ограбиле обложувалницата „АС-спорт“ на улица „Сутјеска“ во Штип. Едниот од нив вперил пиштол кон вработената, со едната рака ја фатил за задниот дел од главата, ја удирал по грбот и и’ наредил да не зборува. Во меѓувреме другиот крадец влегол во преградениот дел и украл една платнена ташна со околу 17.000 денари.
Скопјанец, пак, во неделата на магистралниот пат кон граничниот премин „Долно Блаце“ по бензинската пумпа „Еуро Актива“ останал без својот автомобил.
Две непознати лица со пиштол во рацете го запреле и почнале да му се закануваат. Му го зеле автомобилот „опел астра’ и избегале. Штетата е проценета на 80.000 денари.
Група од пет непознати лица на возраст од околу 20 години ограбиле скопјанец на крстосувањето на улица „Бутелски венец“ и улица „Шуто Оризари“. Го запреле, му побарале запалка и почнале да му се закануваат дека ако не им ги даде парите ќе го истепаат. Почнале да го удираат по главата и телото и му украле 5.000 денари.
Друг разбојник, пак, украл делови од градежни машини-булдожери на улица „Качанички пат“ во близина на бензиската пумпа „Макпетрол“. Со погоден предмет ја исекол мрежата од плацот, влегол внатре, ги украл булдожерите во вредност од 42.000 денари и избегал.
Друга кражба се случила на железничката пруга Тетово-Гостивар, поточно од Неготинска клучка до клучка за село Градец. Непознат крадец украл два исправувачи за полнење на акумулаторите за уредите за сигнализација. Направил материјална штета од околу 4000 евра./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.

