Македонија
Пополнување на испразнетите амбасади
Владата на последната седница го номинираше Владимир Ристовски за нов амбасадор на Македонија при Постојаната Мисија на Советот на Европа во Стразбур
Владата на последната седница го номинираше Владимир Ристовски за нов амбасадор на Македонија при Постојаната Мисија на Советот на Европа во Стразбур.
Ова денеска за Макфакс го изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Петар Чулев, додавајќи дека Ристовски како досегашен шеф на Канцеларијата на Советот на Европа во главниот град на Молдова Кишињев има големо искуство со оваа европска организација.
„Неговиот минат труд е од исклучителна важност со оглед на тоа што Република Македонија од мај до ноември идната година ќе биде претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа“, рече Чулев.
Инаку во Владата се вршат интензивни консултации за пополнување на испразнетите десетина амбасадорски места.
Неофицијално дознаваме дека поранешниот амбасадор во Вашингтон Никола Димитров, веројатно ќе биде идниот амбасадор на Македонија во Кралството Холандија, а истовремено ќе ја извршува и функцијата ко-застапник на државата во случајот против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Речиси е извесно дека сегашниот раководител на секторот за конзуларни работи во Министерството за надворешни работи, Рамадан Назифи, ќе биде нов амбасадор во Швајцарија. Во својата дипломатска кариера работел во неколку македонски дипломатско-конзуларни претставништва во странство, од кои последно во амбасадата на Македонија во Берлин.
Испразнети чекаат амбасадорските места во Софија, Доха, Варшава, Канбера, Отава, Рим, Ватикан, како и во мисијата на ОБСЕ, додека во наредните месеци им истекува мандатот на амбасадорите во Берлин, Париз и Будимпешта./крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

