Македонија
Канческа-Милеска се сретна со генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, во седиштето на УНЕСКО во Париз, во четвртокот остварила работна средба со генералниот директор на оваа меѓународна организација, Ирина Бокова.
На средбата, која се одржува во рамките на 37-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО, била констатирана добрата соработка и партнерскиот однос кој Република Македонија го негува со УНЕСКО кој се одликува со реализација на многубројни проекти од областа на културата, образованието, информатичкото општество и животната средина.
Министерката за култура на средбата нагласила дека со поддршката на УНЕСКО, годинава Република Македонија беше домаќин на повеќе значајни меѓународни настани, меѓу кои и регионалниот состанок за обновување на поранешниот павилјон во Аушвиц, како и Третата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, која обедини над 250 верски лидери и професори-теолози од целиот свет.
Канческа-Милевска информирала дека Република Македонија достојно ја одбележала и десетгодишнината од донесувањето на една од најважните Конвенции на УНЕСКО за зачувување на светското нематеријално културно наследство, со реализација на регионален настан. Националниот комитет за традиционална музика на Македонија, со поддршка на Министерството за култура и Националната комисија на УНЕСКО, во текот на минатиот месец организираше концерт на кој беа претставени автентичните вредности на нематеријалното културно наследство на земјите од регионот на југоисточна Европа, како: Бугарија, Албанија, Романија, Хрватска и Турција, кои имаат впишано свои добра на листата на УНЕСКО.
Министерката за култура на средбата го изразила своето уверување дека УНЕСКО ќе ги поддржи трите апликации за впишување во Репрезентативната листа за заштита на нематеријалното културно наследство што Република Македонија ги достави до оваа организација, а кои се однесуваат на: „Гласоечкото пеење“ – машко двогласно пеење од Долни Полог; „Копачка“ – соборско оро од село Драмче, Делчевско; социјалните практики при прославувањето на празникот Четрсе (40 свети великомаченици) во Штип.
Како една од мошне значајните активности која Република Македонија очекува позитивно да биде потврдена за време на оваа Генерална конференција, е и апликацијата за основање на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) во Скопје, како Институт под покровителство на УНЕСКО од Категорија 2.
Канческа-Милевска информирала и дека во 2013 година нашата земја востанови Национален комитет за програмата МАБ и заедно со Владата на Република Албанија до Секретаријатот на МАБ беше поднесена апликација за прогласување на прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа под заштита на УНЕСКО.
На крајот од средбата било изразено уверување дека Република Македонија, како член на Извршниот одбор на УНЕСКО, и во иднина доследно ќе се залага за натамошно развивање на УНЕСКО, за засилување на неговата меѓународната улога и унапредување на традиционалната соработка со сите држави-членки. Министерката Канческа-Милевска, која е и претседател на Националната комисија на УНЕСКО, во петок ќе има свое обраќање пред учесниците на Генералната конференција, која се одржува од 5 до 20 ноември./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.
Македонија
Ангелова: Измените на Кривичниот законик се клучни за посилна заштита на жените од насилство и зголемување на сообраќајната безбедност
На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која истакна дека измените во Кривичниот законик претставуваат суштински чекор за враќање на довербата на граѓаните за правна држава каде криминалот и корупцијата нема да бидат толерирани, туку ќе бидат соодветно санкционирани.
„Овој предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик претставува неопходен и одговорен чекор кон враќање на правната сигурност, владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите. Со него државата јасно ја испраќа пораката дека корупцијата, злоупотребата на службената положба, организираниот криминал и насилството нема да бидат толерирани, ниту релативизирани преку законски празнини и непропорционално благи санкции“, рече Ангелова.
Пратеничката посочи дека ќе се постигне подобра заштита на приватноста на граѓаните, безбедност во сообраќајот, посилна заштита на жените од семејно насилство како и јасна правна рамка за гонење на злоупотреби во јавните набавки.
„Со предложеното решение ќе се постигне враќање на превентивната и репресивната функција на казненото право особено кај делата злоупотреба на службена положба, организиран криминал и корупција. Јасна и ефикасна правна рамка за гонење на злоупотреби во јавните набавки, подобра заштита на приватноста и достоинството на граѓаните, посилна заштита на жената од насилство,семејно насилство со гонење по службена должност во согласност со Истанбулската конвенција, подигнување на безбедноста во сообраќајот преку поостри санкции. Се зголемува и јавната безбедност на патиштата“, вели Ангелова.
Пратеничката Ангеловска се осврна на клучните поенти за жените истакнувајќи дека со овој предлог-закон жената е заштитена од дигитално насилство, од семејно насилство, а со тоа постигнување на реална заштита и сигурност на жената во државата.
„Посилна институционална заштита од насилство врз жените и семејно насилство со гонење по службена должност државата ја трга одговорноста од жртвата и јасно застанува на страната на жената. Заштита на приватноста и телесниот интегритет на жените, инкриминирање на злоупотребата на интимни снимки директно ги штити жените од уцени дигитално насилство и јавно понижување. Европски стандарди, европска заштита за жените законот директно ги имплементира европските и меѓународните обврски и ја позиционира како партнер во борбата за еднакви можности и човекови права“, рече Ангелова.

