Македонија
Без притисоци врз професионалните војници
Прекинот на протестите на професионалните војници, за решавање на нивниот статус по навршени 38 години, кој траеше десетина денови не е поради притисоци.Ова во четврток во Скопје го изјави министерот за одбрана Зоран Коњановски, одговарајќи на новинарско прашање за
Прекинот на протестите на професионалните војници, за решавање на нивниот статус по навршени 38 години, кој траеше десетина денови не е поради притисоци.Ова во четврток во Скопје го изјави министерот за одбрана Зоран Коњановски, одговарајќи на новинарско прашање за шпекулациите дека прекинот на протестот на професионалните војници е последица на притисок врз нив и нивните семејства.„Мислевме дека со дијалог ќе можеме да го решиме прашањето. Разговарав пет-шест пати. Разговаравме на неделна основа и им ветивме дека ќе добијат поддршка од Владата. Не ни е својствено да работиме со притисоци“, рече министерот Коњановски, кој дополни дека понуденото решение не одговара на нивните барања, но дека е сосема е друга работа е сигурноста на професионалните војници да се вратат кон цивилните професии. Според Коњановски, основата за ваквото решение се законските прописи, а, како што рече, на професионалните војници им било познато што предвидуваат договорите што ги потпишувале.Министерот Коњановски присуствуваше на отворањето на првиот Форум на Подофицерскиот кор на армиите од Централна и Југоисточна Европа. На форумот присуствуваат главните подофицери на армиите на Македонија, Хрватска, Албанија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Романија, Австрија и Чешка./крај/фо/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На Клиниката за ортопедија успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти
Првата интервенција е извршена кај 14-годишно девојче со вродена аномалија на стапалата. Постигната е стабилна корекција и пациентката се врати на вообичаените активности, информира Министерството за здравство.
Операцијата ја предводеа науч. сор. д-р Ненад Атанасов и асс. д-р Милена Богојевска Доксевска, со тим составен од д-р Даница Поповска, д-р Армин Амедовски, д-р Ријад Ајро, анестезиолог д-р Лилјана Анѓелеска, анестетичарка Гордана Захариева, инструментарките Билјана Тројановиќ и Сузана Пејчиновска, радиолошкиот техничар Крешник Шеху и болничарката Ирена Галевска.
Втората трансплантација е направена кај 13-годишно момче со повторен деформитет на стапалото. Пациентот е испишан во добра состојба и го очекува рехабилитација. Тимот го предводеше проф. д-р Зоран Божиновски, со анестезиолог д-р Ивана Крстевска Трпковска и асистенти д-р Теодора Божиновска и Искра Шојлеска Јовановска.
Во интервенцијата учествуваа и средно-медицинскиот кадар: Злата Апостолоска, Кристина Реџеп, Ширете Муртезани, Крешник Шеху и Снежана Тодоровска.
Користењето кадаверични коскени трансплантати има огромно значење во детската ортопедија – се избегнува нова хируршка рана, болка и дополнителна деформација, а интервенциите се побезбедни и пократки.
„Донорството спасува и менува животи. Благодарение на семејствата кои даруваат и на тимовите кои посветено работат, денес имаме две млади лица кои добиваат шанса за подобар и побезболен живот,“ вели националниот координатор за трансплантација, Билјана Кузмановска.
Министерството за здравство изрази искрена благодарност до двата медицински тима и до семејствата на донорите за нивната хуманост.
Македонија
Мицкоски: Европската интеграција не смее да се сведе на пасивно прифаќање, Македонија мора да знае да каже ДА кога тоа е во нејзина корист
Во 21 век, историското наследство не може да биде изговор за застој. Напротив, тоа е најсилен мотив државата да биде поефикасна, поорганизирана и повредносно кохерентна. Жртвите и идеалите на претходните генерации ја прават сегашната неефикасност, институционална слабост или корупција уште понедозволиви, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на своето воведно обраќање на отворениот дел од XVIII конгрес во Кавадарци.
Мицкоски посочи дека македонската државност е создадена низ долг, тежок и историски процес, затоа треба секој ден да се брани преку силни институции и функционална држава.
„Македонската државност е создадена низ долг, тежок и историски скап процес. Затоа мора да се разбере како проект што се брани секој ден преку силни институции, функционална правна држава. Но, исто така, мораме да сфатиме дека ни е потребно стабилно општество и јасна, самоуверена надворешна политика. Македонија е држава изградена врз европските вредности, слобода, демократска традиција и владеење на правото и затоа нејзиното место природно е поврзано со евроатлантското семејство“, рече Мицкоски.
Понатаму, Мицкоски посочи дека европската интеграција на Македонија, не смеат да се сведат на пасивно прифаќање или безусловна зависност.
„Но европската и евроатлантската интеграција не смеат да се сведат на пасивно прифаќање или безусловна зависност. Малата држава може да биде силна држава ако има самодоверба, чувство за сопствена тежина и јасен став за своите интереси. Македонија мора да знае да каже „да“ кога тоа е во нејзина корист, но и да каже „не“ кога се нарушуваат нејзините принципи, достоинство или идентитет“, истакна Мицкоски додавајќи дека партнерството со НАТО и Европската Унија може да биде силно само ако е рамноправно.
Македонија
Орбан: ВМРО стана една од најуспешните политички сили во Европа, ја поставивте вашата татковина на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој
Претставници на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ упатија честитки за како што велат, достигнувањата на партијата кои ги имаше во последните две години и притоа укажуваат на победите на парламентарните, претседателските и локалните избори.
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, оценува дека ВМРО-ДПМНЕ ја поставила Македонија на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој.
„Им честитам на сите членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ за навистина неверојатните достигнувања што ги постигнавте во изминатите две години. Убедлива победа на парламентарните, локалните и претседателските избори. Исто така, ја поставивте вашата татковина на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој. По долги години опозиција, ВМРО сега стана една од, или можеби најуспешните, политички сили во Европа. Нема подобра препорака од самиот успех. Ви благодарам за можноста да соработувам со вашиот претседател Христијан Мицкоски, и ви препорачувам да продолжите да го поддржувате со вашата доверба кон него. Продолжете по патот на успехот. Ви посакувам многу успех во владините задачи што претстојат. Бог да ги благослови македонските патриоти“, вели Орбан.
Гунтер Крихбаум, пратеник во Бундестагот од ЦДУ и државен министер за Европа, истакна дека иднината на Македонија е во Европа.
„Честитки, бидејќи не е толку својствено за една партија да го прослави овој извонреден успех. Кога ќе погледнам наназад мислам дека овој успех може да се објасни. Она што сакам да го кажам е дека сте блиску до народот, блиску сте до граѓаните, знаете што мислат граѓаните и знаете за нивните потреби и што е потребно за иднината“, кажа Крихбаум.
Според него, Христијан Мицкоски и партијата се приказна за успех и затоа им посакува, многу успех што е потребен за во иднината.
Со честитки и желби за понатамошни успеси и Андреј Пленковиќ, претседател на ХДЗ и премиер на Хрватска.
„Сакам да ви посакам успех во одржување на Конгресот по толку одлични изборни победи на парламентарните ,претседателските и сега локалните избори. Повторно и да му дадам поддршка на мојот пријател Мицкоски. Се радувам на унапредување на соработката помеѓу ХДЗ и ВМРО ДПМНЕ и меѓу Хрватска и Македонија. Голема поддршка на патот за кон ЕУ“, рече Пленковиќ.
Антонио Тајани, потпретседател на Европската народна партија, претседател на Форца Италија и вицепремиер и министер за надворешни на Италија укажа дека Европската народна партија силно ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ.
„ВМРО-ДПМНЕ е почитуван член на семејството на ЕНП, делиме исти вредности, посветеност на демократија, владеење на право, борба против корупција, слободен пазар“, посочи Тајани.

