Свет
Иран потврди дека демонстрантите биле тепани во затвор
Шефот на иранската полиција, Ахмади Могадам, потврди дека демонстрантите кои протестираа по изборните резултати, биле тепани во затвор
Шефот на иранската полиција, Ахмади Могадам, потврди дека демонстрантите кои протестираа по изборните резултати, биле тепани во затвор.
Могадам, потврдувајќи ги инцидентите, најави дека одговорните за тепањето на затворениците, ќе бидат казнети.
Тој сепак негира дека тепањето е причиа за смртта на делод затворениците.
По претседателските избори во Иран, кои се одржаа на 12 јуни, избија масовни демонстрации во Техеран, во кои загинаа најмалку 30 лица, а беа уапсени стотици луѓе. /крај/бе/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж во Франција влегол во ресторан и почнал да пука: убиено 21-годишно момче
Млад човек е убиен во пукање што се случи во ресторан во Сомур, во францускиот департман Мен и Лоара, кога непознат маж вооружен влегол во објектот.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, полицијата активно трага по напаѓачот кој побегнал по пукањето.
Додека неколку луѓе вечерале на терасата од ресторанот, влегол маж со пиштол во рака и почнал да пука кон масата каде убил 21-годишен млад човек, кој бил ранет во стомакот и повредил уште еден во рака, пишува „Блиц“.
Полицијата соопшти дека напаѓачот е во бегство, а како причина се наведува долг од 80 евра кој жртвата му го должи на напаѓачот.
Свет
(Видео) Поплави на југот во Германија; Метеоролозите: Оваа количина на дожд паѓа еднаш во еден век
Неколку подрачја во јужна Германија доживеале врнежи кои обично се случуваат само еднаш во 50 до 100 години, според прелиминарните податоци на Германската метеоролошка служба (DWD).
Обилните дождови и големите поплави во двете најјужни германски покраини со денови предизвикуваат големи тешкотии, а десетици илјади служби за итни случаи континуирано се на терен од петокот навечер.
At least one dead and several missing after severe floods in Bavaria, Germany.#Germany #Germanyflood #NATO pic.twitter.com/YHdbkH0UBs
— Bharat Spectrum (@BharatSpectrum) June 2, 2024
Илјадници луѓе беа евакуирани во текот на изминатите неколку дена, а се очекува повеќе да ги напуштат своите домови поради обилните дождови што ја погодија јужна Германија, предизвикувајќи надоаѓање на реките.
Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а најмалку еден пожарникар се уште се води како исчезнат.
❌ Media Blackout About The Floods, Dams Breaking In Germany
🇩🇪 German floods in the southern sector – Heilbronn: lock on the Neckar. Both chambers are flooded, the weirs are open. The Neckar looks like a torrent.
Authorities want to flood the external polder (created for… pic.twitter.com/vs9sdkqIE3
— {Matt} $XRPatriot (@matttttt187) June 4, 2024
Метеорологот на DWD, Томас Дојчландер, рече дека врнежите може да се опишат како настан што се случува еднаш во векот и дека се „секако невообичаени.
Вкупно околу 20 до 30 мерни станици во јужна Германија покажаа екстремно високи водостои.
Некои екстремни вредности се поврзани со врнежи во еден ден, додека други се поврзани со врнежи во текот на три последователни дена, објасни Дојчландер.
Свет
(Видео) Бистрите реки во Алјаска станаа чудно портокалови
Некои од вообичаено чистите, ледено сини водни патишта на Алјаска станаа светло портокалова. Оваа нова боја е толку интензивна што може да се види од орбитата на Земјата.
„Портокаловите реки се толку големи што можеме да ги видиме од вселената. За да се види нешто такво од орбитата, бојата треба да биде навистина интензивна“, вели еколошкиот токсиколог Брет Пулин од Универзитетот во Калифорнија Дејвис од Science Alert.
Кога првпат го забележале проблемот во 2018 година, екологот на Службата за национални паркови Џон О’Донел, Пулин и нивните колеги тргнале да анализираат сателитски снимки и различни извештаи и пронашле повеќе од 75 светло портокалови потоци во опсегот Брукс на Алјаска.
„На некои места изгледа како да тече млечен сок од портокал. Ваквите потоци може да бидат токсични или да спречат рибите да мигрираат до местата за мрестење“, вели О’Донел.
Во примероците што ги собрале од обоените потоци помеѓу јуни и септември 2022 година, откриле високи концентрации на железо и други отровни метали, вклучувајќи цинк, бакар, никел и олово. Во некои случаи, овие загадувачи ја зголемија киселоста на водата од вообичаената pH вредност од 8 на 2,3.
PH е степенот на киселост на скала од 0 до 14. Вредноста под 7 означува киселост, а колку е помал бројот, толку е поголем степенот на киселост, што значи дека 0 означува највисок степен на киселост.
„Резултатите укажуваат на истекување од рудник, но нема истек во близина на тие локации“, вели Пулен.
По анализата на сателитските снимки од 1985 до 2022 година, експертите утврдиле дека овој чуден феномен почнал да се случува во текот на последната деценија и се совпаѓа со потоплото време и зголемените врнежи. „Нашата хипотеза е дека поради топењето на вечниот мраз, водата се инфилтрира подлабоко и е во интеракција со минералите заробени илјадници години“, објасни Пулен.
Арктикот се загрева околу четири пати побрзо од остатокот од нашата планета. Дополнителната топлина ја одмрзнува замрзнатата почва, ја зголемува микробната активност и предизвикува формирање на грмушни области. Овие процеси заедно со новоформираните корени ги изложуваат досега недопрените минерали и овозможуваат нивно влевање во басените.
„Се чини дека климатските промени и последователно топење на вечниот мраз се примарните причини за „загадување“ со минерали. Промената на бојата е поврзана со драматично опаѓање на разновидноста на макробезрбетниците и рибите“, наведуваат научниците.