Македонија
Пет години од смртта на претседателот Трајковски
Македонија денеска одбележува пет години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски година и осуммината соработници и членови на екипажот
Македонија денеска одбележува пет години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски година и осуммината соработници и членови на екипажот во авионската несреќа во Босна и Херцеговина.
Државна делегација претпладне треба да положи цвеќе на гробот на претседателот Трајковски во Алеја на Великаните, на градски гробишта –Бутел во Скопје.
Македонска делегација во која се потпретседателот на Собранието Рафис Аљити, министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, како членови на семејствата на загинатите ќе положат цвеќе на Спомен обележјето во Ротимље, Босна и Херцеговина.
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски напладне по повод годишнината ќе им се обрати на пратениците. Одбележувањето ќе биде проследено и со меѓународен младински лидерски форум во Скопје.
Истрагата за трагедијата беше полна со контроверзи, а македонските и босанските власти како причина за уривање на авионот посочија на пропусти на екипажот. Министерството за внатрешни работи најави нова проверка на анализите на воздухопловните експерти за несреќата, со претпоставка дека ќе се дојде до информации врз основа на кои Обвинителството ќе отвори нови истрага.
Собранието лани формираше Анкетна комисија за утврдување на околностите на несреќата. Претходно во 2008 година, Обвинителство го одби барањето на Министерството за внатрешни работи да се отвори повторно истрага за несреќата, со образложение дека нема нови докази за повторување на истражната постапка.
Авионот со кој претседателот патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина се урна во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи во близина на Мостар.
Со претседателот загинаа, советниците во Кабинетот, Димка Илкова Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан-Лозановска, Миле Крстевски од МНР, членовите на обезбедувањето на претседателот Борис Велинов и Аце Божиновски и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски./крај/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

