Македонија
Министер Кралев во дводневна работна посета на ОАЕ
Министерот за образование и наука Панче Кралев, заедно со заменик министерот за информатичко општество и администрација Марта Томовска Арсовска, се во дводневна посета на Обединетите Арапски Емирати.
Министерот Кралев за време на посетата на ОАЕ ќе присуствува на 25-тиот јубилеј на Високиот колеџ за технологија, седмиот по ред „Саем за образование без граници”, како и на петтиот „festival of thinkers”.
Министерот Кралев во вторник ќе има свое излагање на панел дискусијата „Наука, технологија, технка и математика (СТЕМ) образование: Иницијативи и предизвици” (Science, Technology, Engineering & Mathematics (STEM) Education: Initiatives and Challenges”), на која ќе ги презентира стратегиите на Република Македонија како земја во развој, кои ги презема за стимулирање на изучувањето на техничките науки.
Покрај министерот Кралев, на панел дискусијата учество ќе земат и Д-р. Мохамед Ел Бардеи, добитник на Нобелова награда за мир во 2005 година, проф. Клаус фон Клитцинг, добитник на нобеловата награда за физика во 1985 година, Сер Харолд В. Крото, добитник на Нобелова награда за хемија во 1996 година, проф. Даглас Осероф, добитник на Нобелова награда за физика во 1996 година, како и потпретседателот за образование на APPLE Џон Коуч.
Панелистите ќе дискутираат на темите: Кои се пречките на понуденото ефективно СТЕМ образование за светско развивање и растење на новите економии; Како може да се охрабрат и да се вработат повеќе жени да влезат во СТЕМ професиите и да ги остварат своите соништа; Како можат универзитетите и светските коорпорациите да склучуваат поефикасни партнерства за да се премости јазот помеѓу основните истражувања и пременетите истражувања. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пивтијада на плоштадот во Автокоманда
Денес 19.01.2026 година (понеделник) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 16. година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.
Македонија
Министерот Минчев со честитка за христијанскиот празник Богојавление – Водици
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
„Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Нека овој празник донесе мир, здравје и благосостојба во Вашите домови и биде поттик за заедништво, солидарност и меѓусебно почитување.
Во духот на празникот, со заедничка посветеност, да продолжиме да придонесуваме кон унапредување на јавната администрација, во интерес на сите граѓани“, пишува во честитката.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Празникот да ни донесе радост во срцето, светлина во душата и мир во умот
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство и до православните верници.
„Почитуван г. г. Стефан, Чест и задоволство ми е Вам, лично, и на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Посакувам празникот да ни донесе радост во срцето, светлина во душата и мир во умот.
Верувам дека осветувањето на македонските води ќе ни помогне да ги надраснеме малодушноста и летаргијата, и ќе нè инспирира на добродетелство и на грижа за блиските и за заедницата.
Само со благост, внимание, солидарност и емпатија можеме да го разбудиме божественото во себе, покажувајќи ја вистинската човекова природа.
Свесни дека човештвото е соочено со длабока криза и со тешки искушенија, мора да почнеме да се менуваме себеси, ако сакаме да го промениме општеството. Само морални и мудри индивидуи создаваат силни заедници чии напредок и благосостојба никогаш не се на сметка на туѓата болка и страдање.
Да се радуваме што постоиме, да го цениме и да го почитуваме она што го имаме, материјалните и духовните богатства да ги споделиме со другите. Сплотени да се обидеме да придонесеме за среќна и пристојна сегашност, и благословена и просперитетна иднина.
Бог се јави!“, пишува во честитката на Гордана Сиљановска-Давкова.

