Македонија
Самарас предвидуваше распад на Македонија
Распад на Република Македонија, беа визиите на грчкиот премиер Андонис Самарас пред тој да ја превземе челната позиција во грчката влада.
Во интервју за ЕРТ во 2008 година, Самарас предвидува распад на Македонија, поради, како што сугерира, внатрешното неединство во земјата.
„Не знам точно кога, но јас верувам дека наскоро Скопје нема да постојат како единствен субјект. Тоа значи дека времето е на наша страна, практично е на наша страна, бидејќи јас мислам дека тие нема да успеат да го одржат единството, кое веќе не е единство“, изјави Самарас во 2008 година. Откако Самарас преку писмо одби средби со македонските власти, претседателот Ѓорге Иванов го прозва дека бега од решение на проблемот, кој тој самиот го создал. „Гледате, ние на секоја наша иницијатива добиваме негативен одговор. Всушност, што и да очекуваме од човекот кој го создаде проблемот, кој сега сака едноставно да се отргне од решавање на тоа што тој пред две децении го создал“, изјави претседателот Иванов во петокот. /крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

