Македонија
Македонија пред поплавување
Високите температури доведоа до нагло топење на снегот на планините, поради што на повеќе пониски делови во Македонија им се заканува поплава
На подрачјето на Општина Долнени поради брзото топење на снегот и врнежите од дожд се поплавени земјоделски површини. Од месното население на селата Заполжани и Долнени побарана е интервенција за одводнување. Водата во одредени реони се повлекува, а локалната самоуправа интервенира со багер каде што е потребно.Под вода се наоѓа и дел од обработливата површина во Општина Кривогаштани. На критичните места каде во изминатиов период се излеваа водотеците интервенирано е од страна на општинските власти. Во последното деноноќие забележано е зголемување на нивото на Црна Река со опасност за излевање на критичниот потег кај село Света. Реката Треска е излеана од нејзиното корито во општина Пласница и има поплавено само ливади и ниви.Кочанска река се излеа на излезот на село Горни Подлог и водата истекува кон село Облешево. Поплавени се 10 хектари со оризови полиња. Нивото на водата е зголемено и на Оризарска Река која се излеа на обработливи површини од околу 10 хектари во близина на село Мојанци.Реката Брегалница од левата страна кај мотелот Слив во Виница се излеа на обработливо земјиште на површина од околу еден хектар.
Нивото на водата на Фурска брана (Чинарли) во дојранскиот регион е на максимално ново, а дел од водата се испушта преку испусниот вентил. Постои опасност од нарушување на насипот доколку во наредните денови продолжат обилните врнежи од дожд. И покрај испуштањето на 6 метри кубни метри вода од акумулацијата Турија нивото на водата е зголемено за 9 сантиметри. Доколку дотокот продолжи со истото темпо, нивото на водата може да зголеми за околу 35 см.Водата од реката Црн Дрим вчера се излеа на околу 1 km под браната на хидроакумулацијата Глобочица, на патниот правец Дебар – Струга, во близина на село Луково. Реката се прелеала на околу 150 метри долж патот и преку него, но нема опасност од поткопување. За санација на настанатата состојба беа ангажирани 42 лица од Дирекцијата за заштита и спасување кои полнеа 5.000 вреќи со песок за поставуваат заштитен ѕид за спречување на излевањето. Песокот се носеше со камиони на Македонија Пат, а се користеа и багери и гасеничар кои помогнаа во расчистување на речното корито од гранки и друг материјал. Состојбата денес е стабилна и нема опасност од поткопување на насипите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Фактот што Македонија е ставена на иста листа со Судан и Сомалија е длабоко поразителен и алармантен сигнал, смета Македонски концепт
Губењето на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави претставува сериозна и потенцијално смртоносна закана за безбедноста, стабилноста и иднината на Република Македонија и македонскиот народ. За мала држава во чувствителен геополитички регион, ваквото нарушување на односите со клучниот стратешки сојузник значи институционална изолација, економска несигурност и директно слабеење на националната безбедност, велат од Македонски концепт.
Според нив, фактот што Македонија е ставена на иста листа со држави како Судан и Сомалија е длабоко поразителен и алармантен сигнал.
„Тоа не е случајност, туку последица на долгогодишна толеранција, па дури и институционална пасивност кон два опасни феномени: растечкиот верски радикализам на македонска територија и широко распространетото прокомунистичко и антизападно однесување и наратив во јавниот простор“, велат од Македонски концепт.
Од таму велат дека овие појави се директно спротивни на вредностите на НАТО, на западната цивилизација и на принципите врз кои се темели стратешкото партнерство со САД.
„Потребни се итни, проактивни и недвосмислени државни мерки, без калкулации и без идеолошки страв: забрана на носење бурки и верски манифестации во сите јавни институции, во име на безбедноста, секуларноста и јавниот ред; донесување посебен закон за спречување и санкционирање на верскиот радикализам и донесување закон за забрана на комунистичката идеологија, нејзините симболи и тоталитарното наследство, како идеологија која историски и суштински е спротивна на слободата, демократијата и западниот вредносен систем“, се наведува во соопштението.
Паралелно со внатрешните реформи, велат од Македонски концепт, Република Македонија мора да упати формален и аргументиран приговор до Соединетите Американски Држави за штетите предизвикани со ставањето на земјата на ваква листа.
„Како полноправна членка на НАТО, Македонија има право да се повика на Договорот за стратешко партнерство, со јасно барање истиот да се почитува и земјата веднаш да биде отстранета од таа листа. Македонија мора да избере, или ќе биде јасен и вредносно усогласен сојузник на САД, или ќе продолжи да тоне во сива зона на радикализам, идеолошки анахронизам и меѓународна недоверба. Среден пат, нема“, велат од Македонски концепт.
Македонија
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најстудено било во Берово кадешто се измерени -6 степени, -5 било во Скопје-Петровец, Струмица и Демир Капија, -4 во Битола, Велес, Штип, Кавардарци, Попова Шапка, -3 во Прилеп, -2 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, -1 Kрушево Претор, Куманово, 0 Крива Паланка, Виница.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 25 сантиметри на Попова Шапка, 10 сантиметри во Маврови Анови и Крушево.
Времето денеска
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Македонија
Техничката влада мора да остане, условите во општеството се како во 2016 година, велат од СДСМ
„Слободната волја на граѓаните, демократијата и фер избори не е се прашања за политички пазар. Техничката влада мора да остане. Укинувањето може да се случи во оној момент кога општеството ќе биде спремно а за тоа се неопходни реформи по европски стандарди особено во делот на правосудството“, велат од СДСМ.
„Кога ќе бидат применети сите реформски закони кои се дел препораките на ЕУ и оценската мисија, во сферата на правосудството, обвинителството, полиција, правото и правната држава, во тој момент ние како држава ќе бидеме спремни да може да се укине техничката влада.
Тоа е клучно. Дотогаш техничката влада мора да остане.
Затоа што условите во општеството се исти како во 2016 година, криминал, корупција, заробени институции, партизација, контрола врз правосудството.
После се што изнесовме во јавноста на граѓаните им е кристално јасно.
Сѐ што најавивме – се оствари. Ги разоткривме сите планови на власта и сите планирани чекори.
Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сака дијалог, туку алиби за распишување на предвремени избори кои веќе им се договорени. Не сакаат реформи за ЕУ, туку покритие за намерна изолација на земјата.
Нека се договара ВМРО со ДУИ што сака. Ние договор можеме да правиме единствено со граѓаните. Наша обврска е власта да ја вратиме во рацете на народот“, соопштуваат од СДСМ.

