Свет
Во напад на центар за рехабилитација во Мексико, 19 убиени
Во напад на еден центар за лекување на наркозависници во мексиканскиот град Чивава, кој се наоѓа во близина на границата со Тексас, се убиени 19 лица, а најмалку четворица се повредени, пренесе Reuters
Убиените пациенти биле на возраст межу 18 и 25 години, а во центарот полицијата нашла повеќе од 200 чаури од истрелани куршуми од разен калибар, пишуваат мексиканските медиуми. Според некои податоци имало најмалку 30 оружени напаѓачи. Нападот се случил во четврток навечер , но за него се дознало дури денеска.Напаѓачите пристигнале до центарот за рехабилитација и веднаш се качиле на вториот кат каде отвориле оган врз персоналот и пациентите.„Зад себе оставиле порака дека сите жртви биле криминалци“, изјави портпаролот на полицијата Фидел Бануелос.Центрите за рехабилитација во Мексико веќе подолго време претставуваат мета на напад на конкурентските наркокартели, бидејќи наводно заштитувале некои од нив. Од првиот напад врз седум вакви центри во 2008 г. досега се убиени до последниот кој беше регистриран минатиот септември, се убиени 28 пациенти на третман за одвикнување од дроги. ку Полицијата соопшти дека нападот во четвртокот е еден од најкрвавите во војна меѓу нарко картелите која се води во градот Чихуахуа, кој е индустриски производствен центар и главен град на сојузната држава Чихуахуа, каде се наоѓа и градот Сиудад Хуарес кој е со најголема стапка на смртност во светот.Во Сиудад Хиарез со 1,3 милиони жители последните три години во војната со нарко картелите и локалните банди со кои се броат за превласт на шверцерските канали за дрога, се убиени околу четири илјади лица. Само во 2009 г. во градот беа регистрирани 2.635 убиства во овие пресметки, од вкупно 7.700 извршени во цело Мексико, што според статистиката изсеува 191 човек на 100 илјади жители.Претседателот Фелипе Калдерон, кој престојвуа во Јужна Африка за да ја бодри фудбалската репрезентација на Мексико која го одигра првиот натпревар на Светското првенство фудбал,веднаш ги осудил синоќешните убиства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп повторно го тужи Харвард
Администрацијата на Трамп денес поднесе нова тужба против Универзитетот Харвард, обвинувајќи го дека не се придржувал до федералната истрага и барајќи документи поврзани со неговите практики за прием на студенти.
Во тужбата поднесена во федералниот суд во Бостон, адвокатите на Министерството за правда на САД изјавија дека бараните документи ќе помогнат да се процени дали Харвард се придржува до пресудата на Врховниот суд на САД од 2023 година, со која програмите за прием на колеџи базирани на раса се прогласени за неуставни.
Министерството за правда соопшти дека ја поднело тужбата „единствено за да го принуди Харвард да достави документи поврзани со какво било разгледување на расата при приемот“ и „не го обвинува Харвард за какво било дискриминаторско однесување, ниту бара парична отштета или укинување на федералното финансирање“.
Трамп, претходно овој месец изјави дека неговата администрација бара 1 милијарда долари од Харвард за решавање на истрагите за политиките на универзитетот, откако новинските извештаи објавија дека Трамп се откажал од барањето за исплата од престижниот универзитет.
Харвард е во фокусот на широката кампања на администрацијата за користење на федерално финансирање за да се поттикнат промени на американските универзитети, за кои Трамп вели дека се погодени од антисемитски и „радикално левичарски“ идеологии.
Администрацијата откажа стотици грантови доделени на истражувачи од Харвард врз основа на тоа што универзитетот не направил доволно за да го спречи вознемирувањето на еврејските студенти на својот кампус, што го натера Харвард да поднесе тужба.
фото/Depositphotos
Свет
„Што е спротивно на поредокот заснован на правила? Тиранија и војна“ – Калас остро на панел дискусија
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави на една панел-дискусија дека на меѓународниот поредок му недостига одговорност за прекршувањето на правилата.
„Сите се повикуваат на Повелбата на Обединетите нации. Начелата постојат. Но што се случува кога некој ќе ги прекрши? Очигледно е дека одговорноста не функционира“, рече Калас.
Таа смета дека Советот за безбедност не работи според замислата и дека Обединетите нации „не го одразуваат светот каков што е денес“.
„Повеќето држави во светот сакаат поредок заснован на правила, сакаат правила што ќе го регулираат начинот на кој комуницираме и соработуваме едни со други“, додаде Калас.
Истакна дека големите меѓународни кризи низ историјата го поттикнувале развојот на меѓународното право и дека сегашната криза е можност „овој свет да се развие“.
Коментирајќи го говорот на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој изјави дека „стариот светски поредок исчезна“, Калас заклучи:
„Која е спротивноста на светски поредок заснован на правила? Тоа се тиранија и војни. А очигледно таму се наоѓаме сега.“
Свет
Гувернерот на Калифорнија: Трамп е привремен, ќе замине за три години
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, жестоко го критикуваше Доналд Трамп, нарекувајќи го „најразорниот претседател“ во историјата на САД и обвинувајќи го дека „сѐ подлабоко тоне во глупост“.
„Никогаш во историјата на САД немало поразорен претседател од сегашниот жител на Белата куќа“, рече Њусом.
Тој смета дека Трамп „се обидува да нѐ врати во 19 век“, додека, како што истакна, Калифорнија успешно покажува дека може да спроведува политики, да се натпреварува и да доминира.
„Ако денес не запомните ништо друго, запомнете го ова: Доналд Трамп е привремен. Ќе замине за три години“, рече Њусом.
Коментирајќи ја климатската криза, тој нагласи дека таа директно ги погодува Американците: „Луѓето горат, се гушат и се варат од горештини; истовремено имаме суши и поплави, како и историски шумски пожари.“
Тој додаде дека во Калифорнија ова прашање одамна ги надминало партиските поделби:
„Калифорнија е голема сина држава, но тука живеат повеќе републиканци отколку во многу републикански држави. Ние одамна сме над партиските поделби, бидејќи нема републикански или демократски термометар. Постојат само реални температури.“
Инаку, Њусом се споменува како можен кандидат на демократите за претседателските избори во 2028 година.

