Контакт

Свет

Тешко повреден водачот на демонстрантите во Тајланд

Објавено пред

Водачот на демонстрантите во Тајланд Катија Савасдипол, познат како „Црвениот командант“, бил тешко повреден во денеска во Бангкок, а некои медиуми јавија дека загинал

dobivaj vesti na viber

Водачот на демонстрантите во Тајланд Катија Савасдипол, познат како „Црвениот командант“, бил тешко повреден во денеска во Бангкок, а некои медиуми јавија дека загинал.

Тајландската војска денеска ги опколила демонстрантите во Бангкок и ги затворила сите излези од делот на градот, каде протестираат речиси два месеца, по што се слушнале пукотници и експлозија.

Демонстрантите, главно приврзеници на поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра, бараат оставка од владата.

Премиерот Абхист Веџаџива ја повлече понудата да распише избори на 14 ноември, нагласувајќи дека демонстрантите познати како „црвени кошули“ не се подготвени на преговори.

Тие претходно се согласија со понудениот термин за избори, но побараа премиерот Веџаџива и неговиот заменик да излезат пред суд, за наредбата за воениот напад врз демонстрантите на 10 април, кога загинаа 25 луѓе, а 800 беа повредени./крај/24ур/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Додека Зеленски говореше дека ќе ја добие војната, рускиот амбасадор прелистуваше хартии и гледаше во мобилниот телефон

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му порача на Советот за безбедност на Обединетите нации дека неговата земја ќе излезе како победник и целосно ќе ги одбие руските напаѓачи.

dobivaj vesti na viber

„Еден ден во оваа сала сигурно ќе се каже дека војната на Русија против Украина е завршена“, рече тој.

„И тоа ќе се случи не само затоа што некој се уморил од војна, не затоа што некој разменил нешто со (рускиот претседател Владимир) Путин. Војната на Русија против Украина ќе заврши затоа што Повелбата на Обединетите нации ќе функционира. Тоа мора да функционира. Нашето право на самоодбрана ќе надвладее“.

Советот се состана на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Додека Зеленски зборуваше, рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија, демонстративно ги прелистуваше документите и гледаше во неговиот мобилен телефон.

Прикажи повеќе...

Свет

Нетанјаху: Ќе продолжиме да го напаѓаме Либан

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека неговата земја ќе продолжи со нападите врз Хезболах во Либан.

dobivaj vesti na viber

„Ќе продолжиме да го напаѓаме Хезболах. И му велам на либанскиот народ: нашата војна не е против вас, нашата војна е против Хезболах“, рече Нетанјаху во видеото објавено од неговата канцеларија.

Министерот за одбрана Јоав Галант даде слични забелешки претходно во говорот пред војниците: „Мораме да продолжиме додека не ја постигнеме нашата цел: да обезбедиме безбедно враќање на жителите на северен Израел во нивните домови“.

Галант додаде дека либанското движење, кое е поддржано од Иран, претрпе сериозни удари во текот на изминатата недела: „Денешниот Хезболах не е ист како оној што го знаевме пред една недела“.

Прекуграничната размена на оган меѓу Хезболах и израелската војска започна по почетокот на војната во Појасот Газа меѓу Израел и Хамас, предизвикана од нападот на палестинското исламистичко движење на 7 октомври на израелска територија.

Хезболах тврди дека истрелува ракети кон Израел како поддршка на Хамас, неговиот сојузник.

Прикажи повеќе...

Свет

Шефот на ОН: Газа е кошмар што се заканува да го втурне целиот регион во хаос

Објавено пред

Израел вчера го обвини генералниот секретар на ОН дека не презема ништо за да ги „спречи нападите на Хезболах“ на нејзина територија, откако Антонио Гутереш ја спореди израелската војна против Хамас во Газа со „непрекинат кошмар“ што се заканува да го вовлече Либан во хаос.

dobivaj vesti na viber

„Кошмарот за кој зборувате е реалност. Таа реалност е дека Хезболах го зеде Либан како заложник и дека ОН не го препознаваат она што (Хезболах) го прави и повеќе не ги исполнуваат своите основни задачи: да ги спречат нападите на Хезболах и да бараат спроведувањето на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност, која стави крај на војната меѓу Израел и либанското шиитско движење во 2006 година“, напиша израелскиот министер за одбрана Јоав Галант на Икс.

Гутереш претходно ги предупреди лидерите собрани во Њујорк на Генералното собрание на ОН дека „Либан е на работ на колапс“.

„Газа е кошмар што се заканува да го вовлече целиот регион во хаос, израелскиот народ и целиот свет не смеат да дозволат Либан да стане уште една Газа“, рече шефот на ОН.

„Сите треба да бидеме вознемирени од оваа ескалација. Либан е на работ на колапс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Земјотрес во Скопје

Земјотрес во 21:46 часот беше почувствуван на територијата на Скопје. Според информациите, земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според...

Македонија13 часа

Меџити: Ги стопиравме штетните дозволи кои претходната Влада на ДУИ и СДСМ ги додели на он-лајн коцкарници

Првиот Вицепремиер Изет Меџити изјави дека на денешната седница на Владата се донесе одлука за реализација на толкувањето од Собранието...

Топ15 часа

Во затворот Идризово претепан и силуван осуденик

Синоќа во 23.27 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Идризово било пријавено дека осуденикот М.А.(31) физички нападнал...

Македонија15 часа

Половина милијарда денари ќе чинат пет години необезбедените учебници по странски јазици за основните училишта

Јавната набавка, која треба да ја реализира Министерството за образование и наука за да обезбеди учебници по странски јазици за...

Македонија15 часа

Орбан од утре во дводневна посета на Македонија

На 26 и 27 септември во дводневна официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателот на владата на Унгарија, Виктор Орбан,...

Македонија18 часа

„Секој што се однесува неморално и неетички ќе биде санкциониран“, најави Мицкоски и очекува почитување на договореното за цените

Премиерот Христијан Мицкоски очекува почитување на договореното за намалување на цените на производите а секој што се однесува спротивно на...

Македонија18 часа

(Видео) Петровска: Предлог-законот за бранителите не е шаховска игра, ниту обид за дестабилизација

Изјавите и коментарите на партиите од власта кои ги слушнавме и прочитавме изминативе десетина дена поврзани со Предлог законот за...

Македонија18 часа

Мицкоски: За следната година предвиден е раст на платите во образованието и во други институции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, дали наредната година може да се очекуваат раст...

Македонија19 часа

(Видео) Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критериуми, констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на клинички центар во Скопје

„Кога велиме ограбена држава, мислиме на десетици и стотици милиони евра кои од владата на СДС и ДУИ завршиле кај...

Топ20 часа

СВР Битола поднесе кривични пријави против осум лица поради предизвикување пожари

СВР Битола до Основните јавни обвинителства во Битола, Прилеп, Ресен и Кичево поднесе кривични пријави против осум лица поради постоење...

Регион21 час

Поднесено обвинение за убиството на Данка Илиќ

Вишото јавно обвинителство Заечар поднесе обвинителен акт против Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, поради сомнение дека го убиле девојчето Данка...

Свет22 часа

(Видео) Трамп: Верувам дека Зеленски е најдобриот бизнисмен во историјата

Според Трамп, Зеленски „навистина сака“ демократите да победат на претседателските избори во САД, бидејќи добива финансиска помош од нив. „Верувам...

Свет22 часа

Бајден денеска последен пат зборува во Генералното собрание на ОН како претседател на САД

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе го одржи својот последен говор на Генералното собрание на Обединетите нации (ОНГА) како претседател...

Свет22 часа

Борел: Меѓународните правила никогаш не биле толку игнорирани како што се денес

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жосеп Борел, како домаќин на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ...

Свет22 часа

По земјотресот со јачина од 5,9 степени во Јапонија, цунами го погоди островот Хачијо јужно од Токио

По земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, цунами високо 50 сантиметри денеска го погоди островот Хачијо јужно...

Свет22 часа

Ураганот Џон придружен со обилни врнежи го погоди јужниот брег на Тихиот Океан на Мексико

Ураганот Џон, придружен со силен ветер и обилни врнежи од дожд, го погоди јужниот пацифички брег на Мексико. Оваа временска...

Македонија2 дена

Пет години странски јазици се учат без учебници, четворица министри не успеаја да ги обезбедат

Петта по ред учебна година учениците од основните училишта учат странски јазици без учебници. Министерството за образование и оваа година...

Топ2 дена

Осуденик пронајден починат во затвор во Скопје

Вчера во 08.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во притворското одделение,...

Македонија2 дена

(Видео) „Пендаровски, кога глумеше скромен, рече дека ќе ангажира тројца вработени за потоа да бара средства за четворица“, вели Јаревски

„Стево Пендаровски глумеше скромност и кога рече дека во својот кабинет за поддршка ќе ангажира само 3 лица. Два месеци...

Македонија2 дена

Запленети облека, обувки, бижутерија, очила, рачни часовници, камагра

Во текот на минатата недела царинските службеници открија повеќе обиди за шверцување, при што привремено се задржани облека, обувки, бижутерија,...