Свет
Американски суд забрани вознемирување на јапонските китоловци
Американски сојузен суд, до кого се обрати Јапонскиот институт за истражување на китовите и неколку јапонски рибарски компании, во вторник официјално му забрани на невладиното здружение „Си Шепард“ „физички да нападне било кој брод под знамето на тужителот“.
Судот му забрани и на здружението со седиште во САД „движење на море на начин кој би ја загрозил безбедната пловидба на таков брод“.
„Во ниту еден случај обвинетите не смеат да се доближат на помалку од 500 метри од тужителот кога пловат на отворено море“, се вели во пресудата.
„Си Шепард“ во среда одговори дека нема намера да ја послуша оваа забрана и дека ќе продолжи да ги вознемирува јапонските китоловци во Антарктикот заради заштита на китовите.
Кога јапонските рибари ќе допловат на лице место, „ќе видат дека сме сè уште таму за да ги зачуваме китовите во јужните мориња, со нашите бродови и нашите животи“, истакна невладината организација.
„Си Шепард“ во ноември ја започна деветата кампања, најамбициозна во својата историја. Ангажирани се четири бродови, еден хеликоптер, три беспилотни летала и стотина лица.
На чело на здружението е „еколошкиот пират“ Пол Вотсон по кого трага Интерпол. Обвинет е дека го довел во опасност екипажот на бродот „Костарика“ во операцијата против лов на ајкули во 2001 година. Шеесет иедногодишниот Вотсон е уапсен на аеродромот во Франкфурт на 13 мај. Побегна и покрај досудениот домашен притвор. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.

