Свет
Германија ќе донира 60 милиони евра за меморијалниот споменик Аушвиц

Германија ќе донира 60 милиони евра за меморијалниот споменик Аушвиц – Биркенау.Предвидено е со тие пари да се финансира работата за обнова на зградата во која престојувале затворениците, гасните комори и другите докази на нацистичките злосторства во поранешниот
Германија ќе донира 60 милиони евра за меморијалниот споменик Аушвиц – Биркенау.Предвидено е со тие пари да се финансира работата за обнова на зградата во која престојувале затворениците, гасните комори и другите докази на нацистичките злосторства во поранешниот концентрационен логор.Германија ја вети донацијата, откако полската влада соопшти дека и треба финансиска помош околу работата за обнова на комплексот.„Со ова ја изразуваме нашата историска одговорност“ рече германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервел.Половина од износот го гарантира федералната влада на Германија, а другата половина сојузните држави на СР Германија./крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Убиството на генералот во Москва е тероризам

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го опиша убиството на генералот Јарослав Москалик како „терористички напад“.
„Главното прашање е да се запре конфликтот во срцето на Европа и светот. Секој ден гледаме толку многу жртви. Денес, еден припадник на руската војска беше убиен како резултат на терористички напад во Москва“, рече Захарова.
Европа
(Видео) Руски генерал загина во експлозија на автомобил во Москва

Висок руски воен офицер е убиен денес по експлозија на автомобил во градот Балашиха, во Московската област, објавија руските медиуми.
„Маш“ го идентификуваше убиениот како Јарослав Москалик, заменик-началник на Главната оперативна дирекција на Генералштабот на руските вооружени сили.
Објавено е и видео од моментот на експлозијата.
Video allegedly showing the moment Major General Yaroslav Moskalik, deputy chief of the Main Operations Directorate of the General Staff of the Russian Armed Forces, is killed by an IED planted in a VW car in a suburb of Moscow. pic.twitter.com/dg80a3CAwm
— Euan MacDonald (@Euan_MacDonald) April 25, 2025
Свет
Трамп: Прилично сме блиску до мировен договор со Русите

Американскиот претседател Доналд Трамп денес, пред да замине за Рим на погребот на папата Франциско, изјави дека Соединетите Американски Држави и Русија се блиску до постигнување договор.
„Мислам дека на крајот ќе склучиме многу добри зделки… Ќе се обидеме да се извлечеме од војните за да спасиме 5.000 луѓе неделно. Тоа е мојата цел. Сакам да спасам 5.000 млади мажи – претежно Украинци и Руси – 5.000 украински и руски мажи, и би ми било голема чест ако можам да го направам тоа“, рече Трамп.
„И мислам дека сме доста блиску“, додаде тој. Трамп не објасни од каде доаѓа проценката за 5.000 спасени луѓе неделно.
Во последните денови, Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за поткопување на мировните преговори со тоа што одбива да го признае рускиот суверенитет над Крим. Вчера тој го повика Владимир Путин да „ги запре нападите“ и да „постигне договор“.