Македонија
Новиот начин на упатување на пациенти стапува на сила од Нова година
Новиот начин на упатување на пациенти, кој досега функционираше како пилот проект, од 1-ви јануари 2012 година станува задолжителен, информираат од Фондот за здравствено осигурување.
Новиот начин на упатување на пациенти, кој досега функционираше како пилот проект, од 1-ви јануари 2012 година станува задолжителен, информираат од Фондот за здравствено осигурување.
Со новиот начин на упатување, пациентот кој од матичниот лекар е упатен на специјалистички преглед и кој треба да биде примен во болница, нема да има потреба да се враќа по болнички упат кај матичниот лекар.
„Со новиот начин на упатување се спречува шетањето на пациентите во системот“, велат од ФЗОМ.
Причини за воведувањето на измените се намалување на оптоварување на Универзитетската клиника во Скопје, искористување на постоечките неискористени капацитети (на општите, специјалните и клиничките болници, намалување на трошоците на пациентите и заштеда на здравствениот систем од нерационално упатување за скапи дијагностички процедури.
Со новите измени, ФЗОМ воведе 11 обрасци (упати), од кои 5 се сосема нови, а останатите се подобрена верзија на постојните. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

