Контакт

Свет

Британците предупредуваат за затоплувањето преку Google Earth

Објавено пред

Британската влада денеска ја објави новата карта на Google Earth, на која се прикажани можните последици од зголемувањето на температурата од четири степени Целзиусови, на површината на Земјината топка.

dobivaj vesti na viber

Британската влада денеска ја објави новата карта на Google Earth, на која се прикажани можните последици од зголемувањето на температурата од четири степени Целзиусови, на површината на Земјината топка.

Интерактивната карта и овозможува на јавноста да ги види спектакуларните промени кои би можеле да настанат доколку не се превземе ништо за ограничување на испуштањето на стакленичките гасови.

Картата е изработена според анализите од климатолошкиот центар Хадлеј, кој ги опишува информациите според истражувањата на научниците со што се советува Владата по прашањето за климатските промени, пишува во извештајот на Министерството за надворешни работи на Британија.

Откривајќи ја картата, Хенри Белингам, државен советник во министерството, рече дека неговата влада е одлучна во решавањето на проблемот со климатските промени и ја предупредува широката јавност, за опасноста која се заканува поради покачувањето на температурата.крај/хина/к.с.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Американски сенатор: Трамп планира да воведе стопроцентни царини за земјите што купуваат руска нафта

Објавено пред

Американскиот сенатор Линдзи Греам изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп планира да воведе царини за земјите што купуваат руска нафта, вклучувајќи ги Кина, Индија и Бразил.

dobivaj vesti na viber

Овие три земји купуваат околу 80 проценти од руската нафта по намалени цени, со што ја финансираат руската воена машинерија, според Греам, пренесуваат светските медиуми.

„Путин, твој ред е. Доналд Трамп ќе те среди. Тој ќе воведе царини за оние што купуваат руска нафта – Кина, Индија и Бразил“, изјави Греам за „Фокс њуз“.

„Овие земји ќе мора да изберат помеѓу Путин и американската економија“, додаде Греам.

Републиканскиот сенатор истакна дека плановите на Трамп би можеле да вклучуваат царини до 100 проценти за земјите што продолжуваат да соработуваат со Русија, доколку Москва не одговори на ултиматумот во врска со војната во Украина во рок од 50 дена. Тој го спореди тој потег со претходниот американски притисок врз Иран.

Изјавата на Греам доаѓа откако Трамп постави строг рок за Русија, а предлогот за нов пакет санкции против Москва веќе доби широка поддршка во Претставничкиот дом на САД.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Романски пилот преживеал авионска несреќа, загинал неколку часа подоцна во друга

Објавено пред

Неколку часа откако преживеал една авионска несреќа, пилот на мал авион загина во друга во Романија.

dobivaj vesti na viber

Уривањето на малиот авион ICP Savannah S се случи вчера околу 19 часот во општина Јуриловца на брегот на Црното Море во Романија кратко по полетувањето.

Загинатиот 54-годишен пилот имал искуство од повеќе од 200 часа летаље, а само неколку часа претходно преживеал пад на сличен авион кога летал со својот 18-годишен син.

Нивниот авион се превртел при слетувањето, но двајцата останале неповредени.

Тие повикале други пилоти да ги пренесат од местото на несреќата и отпатувале со посебни авиони, од кои едниот се урна, објави романската „Про ТВ“.

Двајца лица во авионот ги загубиле животите во несреќата.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Најжешкиот град во светот во Иран, вчера измерени речиси 50 степени

Објавено пред

Најжешкиот град вчера беше Омдије во Иран, каде што биле измерени 49,6 степени, податоците се објавени на веб-страницата „Огимет“, која собира временски податоци од целиот свет.

dobivaj vesti na viber

На второ место беше градот во Иран, Ахваз, сместен во долината на реката Карун, со 48,6 степени.

Најстудената точка во светот беше Восток на Антарктикот, каде што беа измерени минус 74,2 степени.

Најсилниот ветер беше регистриран на Гренланд, налетите достигнаа 220 километри на час, а најмногу дожд наврна во Индија во градот Хонавар.

Во Европа, вчера, според написите во светските агенции, најжешко беше во Турција, каде што дури осум града беа меѓу десетте најжешки.

42,6 степена беа измерени во Батман, 41,9 во Дијарбакир, 41,7 во Урфа. И два града во Шпанија беа меѓу десетте најжешки – Сјеса со 39,7 степени е на седмото место и Мурсија со 39,4 на десеттото место.

Во швајцарскиот врв Јунгфрајох беше нула степени и тоа беше најстудената точка во Европа вчера напладне.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Економија32 минути

Мицкоски предлага пет различни потрошувачки кошнички: Не се исти потребите на еден пар пензионери и на еден млад брачен пар

На првата седница Економско-социјалниот совет во кој ќе членуваат претставници на сите синдикати, ќе се разгледува нов начин на пресметување...

Македонија3 часа

(Видео) „Во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут, СДС и Каја губат во првиот круг“, вели Манасиевски

„СДС И Каја Шукова губат во прв круг, во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут. Кој...

Македонија3 часа

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже – „гласав за банките, а не за народот”

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, повторно, по трет пат ќе ги поднесе измените...

Топ4 часа

Две скопјанки се истепаа во автокамп на Охридското Езеро, подоцна се вклучило уште едно лице

Вчера во 20:54 часот, во авто-камп лоциран на Охридското езеро, 31-годишната К.Д. физички ја нападнала 45-годишната Е.Р.А., двете од Скопје...

Топ4 часа

Маж од Србија пронајден мртов на охридското крајбрежје

Вчера во 19.41 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, има починато...

Економија5 часа

Пониски цени на бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија7 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова го прогласи отворен Летниот европски младински олимписки фестивал

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вчеравечер го прогласи за отворен Летниот европски младински олимписки фестивал и рече дека организацијата на...

Свет8 часа

Односот меѓу Трамп и Путин се менуваше во текот на годините, сега се чека конечен резултат

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна му даде на Владимир Путин 50 дена да постигне мировен договор и најави драстични трговски...

Свет9 часа

(Видео) Кина почнува со изградба на најголемата хидроелектрана во светот, Индија и Бангладеш загрижени

Кинескиот премиер Ли Чијанг го објави почетокот на изградбата на најголемата хидроелектрична брана во светот, која се наоѓа на источниот...

Европа9 часа

(Видео) Ноќен напад врз Киев: најмалку едно лице загина, чад влезе во подземно засолниште

Најмалку едно лице загина, а две други беа повредени во голем руски напад со беспилотни летала и ракети врз Киев...

Македонија10 часа

Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка – реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на...

Македонија10 часа

(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во Струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино. Поради разгорување...

Македонија10 часа

Следува период на многу топло време со температури над 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната...

Македонија1 ден

(Видео) Лефков: Структури од СДС делуваат со бугарската антимакедонска пропаганда

До нас стигнаа информации кои укажуваат на јасна поврзаност на бугарската антимакедонска пропаганда и политички структури поврзани до и од...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Тошковски кога ќе порасне сака да биде како Груевски – со партиска милиција под своја контрола

Очигледно министерот Панче Тошковски оди по стапките на својот идол – Никола Груевски и делува како негов партиски клон, рече...

Економија1 ден

(Видео) Мицевски: Обезбедени се средства од двата повици на Владата за Крива Паланка, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите општини и сите граѓани

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска од Крива Паланка изјави дека преку двата повици на Владата, за...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: СДС во октомври ги очекува дебакл

СДС ги очекува невиден дебакл во Скопје. Изборите ќе ги изгубат во октомври, како што 1 + 1 = 2....

Економија1 ден

(Видео) Димковски: Со 10 денари за откуп на пченица ВМРО-ДПМНЕ го закопа македонското земјоделство

Се случува хаос во земјоделието, земјоделците се оставени сами на себе едвај да преживуваат во тешки услови, кажа денеска на...

Топ1 ден

Пиштол и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова прифаќајќи да биде кандидат за Скопје, само му излезе во пресрет на Филипче, граѓаните знаат дека од СДС нема фајде

СДС и Венко Филипче со секоја нова тура на кандидати за градоначалници докажуваат дека само верно ги спроведуваат желбите на...