Македонија
Институциите корумпирани, мерките на Владата ефикасни

Мерките што ги презема Владата во Македонија во борбата против корупцијата се ефикасни, сметаат граѓаните, но исто така повеќе од 60 отсто велат дека има висок степен на корупција во институциите
Веројатно ваквото спротивставено мислење се должи на интензивната кампања што ја спроведе Владата во последниот период, смета Слаѓана Тасева, директорка на Траспарентност Нулта корупција, која на денешната прес-конференција ги презентираше резултатите од глобалното истражување на јавното мислење за корупцијата.“Можеби може да се смета за чудно или за апсурдно, дека граѓаните искажале од една страна недоверба кон институциите. Прашање е колку граѓаните ги поистоветуваат. Затоа што, ние имаме судство и имаме собрание и политичари и имаме Влада. Од друга страна, Владата направи голема кампања, преземаше многу активности за да ја презентира својата борба против корупцијата и можеби тоа е резултат и на тоа“, рече Тасева.За разлика од Македонија, Глобалниот корупциски барометар покажува дека генерално заложбите на Владите низ светот кои се борат против корупцијата не се сметаат за ефективни, дури 56 отсто од испитаниците го потврдиле овој заклучок. Македонците сметаат дека најкорумпирано е судството, дури 51 отсто од испитаниците рекле дека судството е екстремно корумпирано, а високо котираат и собранието, јавната администрација и приватниот сектор. На глобално ниво, политичките партии се гледаат како најкорумпирани, а следат парламентите, приватниот сектор, каде има и тренд на зголемување на процентот на корупција, па медиумите и судството. Македонија е во групата земји кои судството го сметаат за најкорумпирано заедно со Ерменија, Бугарија, Камбоџа, Хрватска, Грузија, Косово, Монголија, Перу, Сенегал и Уганда. Граѓаните од новите независни држави сведочат дека во најголем број се нашле во ситуација да им биде побаран поткуп, а следат оние од Африка, Латинска Америка, Азија, па земјите од ЕУ, Западен Балкан со Турција и последна е Северна Америка. Во земјите од Западен Балкан, каде спаѓа и Македонија, забележано е опаѓање на процентот на барање поткуп, споредено со испитувањето од пред две години. Во светот, полицијата е најчестата јавна институција која бара поткуп, а следат судството, катастарот, образованието, здравството, даночните институции и други установи.Граѓаните кои имаат помали примања, со други зборови сиромашните, се тие кои мора да плаќаат поткуп, за разлика од богатите кои имаат други начини и врски да стигнат до тоа што им треба. Покрај тоа што 30 отсто од испитаниците посведочиле дека им е побаран поткуп во некој институција во Македонија, сепак дури 80 отсто од испитаниците на глобално ниво не пријавуваат и не поднесуваат жалба. Најчеста причина за тоа е што не веруваат дека тоа нешто ќе смени, сметаат дека ќе изгубат многу време, а на трето место е стравот од притисок. Мал процент не знаат која е процедурата или пробале, но не можеле да пријават.Глобалното истражување на јавното мислење за корупција е спроведено на барање на Transparency International, на 73.132 испитаници во 69 држави, меѓу кои 27-те членки на ЕУ, Западен Балкан, нови независни земји, како Грузија, Ерменија, Азербејџан, Блискиот Исток и Северна Африка, латинска Америка, Азија и Пацифик и Северна Америка. Глобалниот барометар на корупција се спроведува на секои две години, а ги презентира секојдневните искуства со поткупот, ставовите на граѓаните за корупцијата во приватниот сектор и нивото на корупцијата во шест институции, како политички партии, јавни служби, парламент, бизнис, судство и медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Меѓусебната заштита на Коцевски со СДС и ДУИ е причина за 2% доверба во судството

СДС ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи им овозможуваат закрила на нивните функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Клиентелизмот на Коцевски е гаранција за заштита и неказнивост на функционерите од СДС и ДУИ.
Поддршката што Коцевски ја доби од Филипче е меѓусебна заштита која ја гуши правдата во државата. Бидејќи доколку падне Коцевски, ќе се отворат врати за истраги како против Филипче така и за останатите функционери од СДС и ДУИ.
СДС со негласањето на интерпелацијата целосно се разголи, и на виделина пред јавноста излезе спрегата помеѓу СДС, ДУИ и Коцевски.
Очигледно е дека СДС и ДУИ стојат зад заштитата на Коцевски, кој за возврат не презема ништо за наводните злоупотреби и сомнежи за висоока корупција како и сомнителни тендери поврзани со Филипче, Заев и Ахмети.
Со одбивањето да ја поддржат интерпелацијата, СДС и ДУИ јасно покажаа кој го поставал Коцевски и кој го одржува на функцијата, јавниот обвинител Коцевски.
Се додека Коцевски е на позицијата, довербата во правосудството ќе биде помала од 2%, а одговорност за криминалите поврзани со СДС и ДУИ нема да има.
Доколку постои грам морална одговорност кај Коцевски, треба да ја препознае пораката од јавноста и да си поднесе оставка.
На Македонија и се неопходни темелни реформи во судството, правосудство растеретено од политички влијанија каде судиите и обвинителите ќе носат одлука врз основа на законите и Уставот а не под влијание на партиските интереси на СДС и ДУИ.
Во Македонија неопходно е правдата да завладее, неопходни се коренити реформи и трансформација на судскиот систем“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, попладне локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
Минималните температури ќе се движат од 12 до 20, а максималните од 26 до 36 степени целзиусови.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде 17, а максималната дневна ќе достигне 36 степени.
Македонија
Бендевска: Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ

По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, одбележа 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
„На хероите на двата Илиндена кои се жртвуваа за денес да можеме да бидеме свои на своето, да им ветиме уште еднаш дека денешните генерации нема да го заборават заветот што ни го оставија. Да ги насочиме нашите погледи, стремежи и напори од заедничкото минато, кон заедничката сегашност и иднина. Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ“ – порача потпретседателката Бендевска.