Регион
Авионот со кој патувал Николиќ исправен, покажа проверката
Авионот со кој српскиот претседател Томислав Николиќ леташе кон Рим, а кој заради технички проблем го прекина летот и се врати во Белград, бил целосно исправен, покажа тест летот што викендов го изведе стручен тим.
„Владиниот ’фалкон’ имаше во саботата пробен лет, неполни 24 часа откако на половина пат за Рим се врати заради наводен дефект на моторот. Но, за време на овој лет немаше никакви проблеми. Ниту на моторот, ниту на било кој друг дел на авионот. После одредено време поминато во воздух, авионот сосема нормално слета на белградскиот аеродром“, вели за „Блиц“ соговорник од Владата на Србија.
Весникот претходно објави дека проблеми на летот се јавиле откако персоналот на авионот истурил кафе по инструмент таблата на ’фалконот’.
Соработниците на претседателот Томислав Николиќ, пак, тврдат дека во воздухот се одиграла вистинска драма и дека трагедијата била избегната благодарејќи на пилотот. Советничката на претседателот на Србија, Станислава Пак вели дека „авионот паѓал како камен“, додека друг извор од делегацијата вели дека „паѓале со носот надолу“.
Од друга страна, стручњаците кои го следеле летот тврдат дека немало поголем инцидент.
На крајот, можно е денес или утре со истиот авион премиерот Александар Вучиќ да одлета во Брисел, каде што во вторник треба да продолжат преговорите со косовските власти. /крај/бл/ст
Извор: Blic
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.
Регион
Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија
Утрово земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми.
Засега нема извештаи за евентуална штета.