Контакт

Економија

Половни минибуси и автобуси ќе се увезуваат до крајот на февруари 2013

Објавено пред

Рокот за увоз на употребувани моторни возила од категорија М2 и М3 (минибуси и автобуси) со ЕУРО 2 стандард до 28 февруари 2013 година.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат од Министерството за економија, Правилникот со кој се дополнува Правилникот за единечно одобрување на возило и истиот е објавен во „Службен весник“.

„Со измените во Правилникот ќе се подобри состојбата со релативно стариот возен парк на превозниците во патниот сообраќај, ќе се зголеми заштита на животната средина со значително намалување на нивото на емисија на штетни гасови во воздухот, но исто така, ќе се даде можност за увоз на поголем број на возила според техничките барања, кои ќе одговараат на пониски стандарди од оние што се сега пропишани во Правилникот за единечно одобрување“, информираат од Министерството за економија.

Од таму додаваат дека очекуваат со оваа мерка да се подобри состојбата на превозниците во патниот сообраќај кои вршат превоз на патници во градовите во Република Македонија и во соседните земји, за кои важи стандардот ЕУРО 2, а кои не се во можност да набават нови возила од категорија М2 и М3 (минибуси и автобуси) поради високите цени на пазарот. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Мицкоски: Развојот на нови авиолинии е стратешка инвестиција во иднината на нашата економија

Објавено пред

Развојот на нови авиолинии не е само техничко прашање, туку стратешка инвестиција во иднината на нашата економија, туризам и меѓународна соработка, истакнува премиерот Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Според него, нашата држава, со својата стратешка локација на Балканот, има потенцијал да стане значаен центар за воздушен сообраќај.

„Затоа нашата Влада активно работи на: Воведување нови авиолинии – Преку партнерства со реномирани авиокомпании како „Туркиш Ерлајнс“, обезбедуваме директни летови до клучните европски и светски дестинации.

Поттикнување на нискобуџетни превозници – Ова ќе овозможи подостапни билети за нашите граѓани и ќе привлече повеќе туристи и инвеститори.

Модернизација на аеродромите – Подобрувањето на капацитетите и услугите во аеродромите во Скопје и Охрид ќе создаде услови за зголемен број летови.

Промоција на нашата земја како авиотранспортен центар – Работиме на меѓународни договори и иницијативи кои ќе ја зголемат атрактивноста на нашата земја за деловни и туристички патувања.
Воведувањето нови авиолинии значи побрзо и полесно поврзување со светот, зголемување на туризмот, нови економски можности и унапредување на имиџот на нашата држава“.

Мицкоски додаде дека Владата инвестира во патишта, аеродроми и железнички врски за да земјата биде подостапна за туристите.

„Работиме и на промоција на Македонија како туристичка дестинација како и поддршка за малите и средни туристички бизниси.

Нашата цел е јасна – да ја направиме Македонија не само дестинација за посета, туку и место во кое туристите ќе се враќаат повторно и повторно“, според премиерот.

Прикажи повеќе...

Економија

Николоски: Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Објавено пред

Со обсмислена стратегија успеваме охридскиот аеродром да го развиваме. Денеска ја воспоставуваме новата и најважна линија Охрид-Истанбул со која Охрид преку Истанбул ќе го поврземе со цела Европа и светот, истака вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на воведувањето на новата авиолинија Охрид-Истанбул.

dobivaj vesti na viber

„Ова е комплетно нова димензија за охридскиот аеродром и целосно нов развој на охридскиот аеродром затоа што најголемата светска авиокомпанија Туркиш ерлајнс воведува директна линија, четири пати неделно со најголеиот аеродром во Европа, аеродромот во Истанбул, што многу ќе значи за бројот на патници и не само за туризмот туку и редовното патување, затоа што аеродрмот во Истанбул е со најмногу конектинг летови во Европа. Веќе познавам луѓе кои имаат купено карти од Торонто за Охрид или од Вашингтон за Охрид затоа што преку Истанбул со конектинг летови ќе можат да додјат во Охрид што драстично ќе го зголеми бројот на патници и тоа ќе помогне да се развива тузимот, бизнисот, комуникациите, што е комплетна нова диманзија за охридскиот аеродром“, рече тој.

Појасни дека ова е резултат на обмислена стратегија.

„Го променивме целосно моделот на субвенционирање, за охридскиот аеродром од претходно 4,5 евра зголемивме на 12 евра по патник. И наместо за заминување, плаќаме за доаѓање затоа што целта е да даѓаат луѓето тука, ги променивме и другите услови и тоа го даваат резултатот. Веќе имаме две нови дестинации до Охрид, тоа е Истанбул и Базел, имаме нови осум дестинации од Скопје. Но од сите 10 дестинации за мене најважна е Истанбул бидејќи отвора нова врата за охридскиот аеродром и за целиот регион. Во преговори сме и тие преговори за брзо време треба да завршат со една голема компанија која што очекувам да донесе две до три нови дестинации и на тој начин да расте бројот на дестинации на охридскиот аеродром“, додаде тој.

Целта како што рече е во рок од две години да имаме најмалку десет нови дестинации од Охрид, што целосно ќе го трансформираат туризмот во Охрид, бизнисот и комуникациите.

„И тоа што е особено важно, оние чартери кои што почнаа на Флајбирд во следната година наместо еден да се два дневно и да слетуваат во Охрид наместо во Скопје. И пуштањето на автопататот на тие 40 -тина километри од Врбјани до Охрид секако многу ќе значи за охридскиот аеродром”, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Прикажи повеќе...

Економија

Семинар за безбедност при работа: Стручна едукација за справување со несреќи на работното место

Објавено пред

Во организација на Стопанската комора и Здружението на инженери за заштита „Тутела“, денес се одржа еднодневен стручeн семинар на тема „Несреќи при работа – законски обврски, осигурување, евиденција, пракса“.

dobivaj vesti na viber

Настанот беше наменет за претставници од различни сектори – менаџери, лица за безбедност и здравје при работа, стручни служби за човечки ресурси и работодавачи – со цел подетално запознавање со законската регулатива, процедурите и добрите практики поврзани со несреќите на работното место.

Како предавачи на семинарот учествуваа претставници од Државниот инспекторат за труд, осигурителни компании и експерти од областа на безбедноста при работа. Своја презентација имаше и Даниел Паришко, претставник на Минт Инс АД Скопје, кој се осврна на улогата на осигурувањето во управувањето со ризиците и заштитата на вработените во случаи на повреди на работа.

Преку практични примери и анализа на конкретни ситуации, учесниците имаа можност да разменат искуства и да се стекнат со применливи знаења за унапредување на работната средина и усогласување со регулативите.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Топ31 минута

Уапсени двајцата возачи што удрија пешаци во Скопје, автомобилите одземени

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 45-годишниот И.С. од Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 21.50 часот...

Свет1 час

(Видео) Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: се тресеше и на Тајланд на 1.000 километри од епицентарот

Застрашувачки снимки излегуваат од Тајланд откако утринава два разорни земјотреси го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени...

Македонија2 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет2 часа

Снимка од подморницата на смртта пред трагедијата во Египет: „Почна да тоне додека сè уште беа отворени челичните врати“

Шест туристи трагично загинаа откако подморница потона крај брегот на Египет додека беа на обиколка на подводните корални гребени. Вкупно...

Регион3 часа

Авионот на Додик полетал од Израел и среде ноќ слетал во Белград

Авионот на Владата на Република Српска полетал синоќа во 21 часот и 32 минути од аеродромот Бен Гурион во Тел...

Свет3 часа

Белата куќа му одговори на Путин: Украинците одредуваат кој управува со Украина

Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на таа земја, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на...

Европа3 часа

Путин: Украина би можела да биде ставена под привремена управа

Рускиот претседател Владимир Путин сугерираше дека Украина би можела да биде ставена под некаков облик на привремена администрација за да...

Македонија4 часа

Посебен режим на сообраќај на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје: ќе се извлекува камион излетан од патот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска во периодот од 05.00 до 07.00 часот на магистралниот пат ГП...

Македонија19 часа

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница, апелира директорката на Пластична хирургија

Тим од Пластична хирургија и од Министерството за здравство вчера констатирал дека во болницата во Кочани има услови за лекување...

Македонија20 часа

Деветмина пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осуммина се враќаат од странство, во Скопје ќе останат 15, а во странство 100  

Од денес на домашно лекување одат деветмина пациенти, кои се лекуваа на скопските клиники по пожарот во Кочани, а дома...

Македонија20 часа

Ќе се испитува дали постои основа за задржување на насилникот од Радовиш, кој сподели видео на „Тик-ток“ додека ја тепаше сопругата

За лицето од Радовиш, кое целата јавност го виде на видео на „Тик-ток“ додека ја тепа својата сопруга, ќе се...

Македонија21 час

„Не заборавајте дека нашите деца си заминаа поради партиите, дојде време да избираме децата или партиите“: се огласија кочанчани

Дојде време да избираме децата или партиите. Живееме во време кога луѓето повеќе веруваат во партиите отколку во самите себе....

Македонија23 часа

За хероите од Кочани

„За вистинските херои од Кочани“ – нешто што нема да го прочитате и видете на друго место, а никој не...

Македонија24 часа

(Видео) Нова снимка од пожарот во Кочани: „Излегувај, се запали ‘Пулс’“

Нова снимка од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се појави на социјалните мрежи. На видеото може да се забележат...

Македонија1 ден

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Северна Македонија денеска одбележува пет години од членството во НАТО. Таа влезе како 30. членка на алијансата. Услов за членството...

Македонија1 ден

„Ургентно формирање парламентарна комисија за оценување на селективната правда во третманот на трагедијата во Кочани“, бара ДУИ

„Парламентарната група на Европскиот Фронт денеска официјално ќе побара формирање на посебна Парламентарна Комисија за истражување на селективниот и едностран...

Свет1 ден

Трамп наметнува царина од 25 отсто на милиони автомобили, тоа е огромен удар за Европа

Претседателот Доналд Трамп најави нова царина од 25 отсто за која рече дека ќе се применува на „сите возила што...

Европа1 ден

(Видео) Масовен напад со дронови врз Харков

Руските сили вчера вечер извршија масовен напад со беспилотни летала врз Харков, вториот по големина град во Украина, при што...

Македонија1 ден

Двајца Македонци загинаа во сообраќајка во Италија

Двајца Македонци го загубија животот во трагична сообраќајна несреќа што се случи помеѓу меѓу комбе и камион во близина на...

Македонија2 дена

(Вознемирувачко видео) Насилник од Радовиш ја тепа сопругата во живо на „Тик-ток“, приведен е

Вознемирувачко видео кружи на социјалните мрежи од лице од Радовиш кое ја тепа својата сопруга, а сето тоа е пренесувано...