Македонија
Се продлабочува соработката меѓу македонската и австриската полиција
Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков во вторник го прими директорот на австриската полиција, генерал Конрад Коглер, како и првиот човек на сојузната австриска крим полиција генерал мајорот Герхард Ланг.
На средбата беше констатирано дека во текот на изминативе години австриската полиција се промовираше во еден од најважните стратешки партнери на македонското МВР, за што најголем доказ се бројните заеднички полициски акции реализирано од 2006 година наваму, особено во делот на недозволената трговија со дрога.
Како што истакна директорот Чавков, особено важна е извонредната соработка на оперативно ниво чии што резултати – многуте заеднички проекти, како и формираните заеднички истражни тимови – создадоа реални услови, односно квалитетна основа за утврдување на нови механизми за одржлив и системски пристап во натамошната заедничка борба против криминалот.
Притоа Чавков потенцираше дека иднината пред сè е во менувањето на курсот од реактивен во проактивен пристап, преку промовирање и на заеднички оперативни тимови коишто би работеле на рано профилирање на лица и криминални групи.
Истовремено првиот човек на БЈБ ги информираше своите колеги од австриската полиција за досега спроведените реформи во рамки на Бирото за јавна безбедност и за изготвените стандардни оперативни процедури за постапување со кои што македонската полиција отпочна да работи согласно европските стандарди.
Инаку Чавков, меѓу другото, изрази очекување за натамошно продлабочување на соработка, особено во делот на аналитичките капацитети и разузнавањето, како и превенцијата и работата во заедница. Според Чавков со поддршката на Австрија во овие процеси борбата против криминалот ќе добие во ефективност и дополнителен кредибилитет.
Од своја страна пак генерал Колглер ја истакна досегашната одлична соработка потенцирајќи дека како што се менуваат состојбите во криминалот така и полициите мораат да се подобруваат и надградуваат во своето работење.
Австрија како и другите земји, според Коглер се соочува со интернационализација на криминалот условена од поголемата мобилност, движења миграции, при што сè поголем број кривични дела се извршуваат од странци и заради тоа е неопходна поинтензивна соработка меѓу полициите.
Генерал Коглер ја поддржа идејата за усогласување на аналитичките процедури со цел подобрување на размената на информации и спроведувањето на поефикасни истраги
Исто така и генерал Ланг како исклучително важна во рамки на меѓународната соработка ја оцени улогата на СЕПКА (асоцијација на директорите на полиции на земји од ЈИЕ) изразувајќи ја подготвеноста на Австрија да партиципира во натамошниот развој на оваа асоцијација истакнувајќи дека во завршна фаза се подготовките на новиот концепт односно правната рамка и стратегијата на СЕПКА по што би следеле дополнителни обуки. Ланг исто така ги акцентираше досегашните успешни македонско-австриски полициски акции посочувајќи ја пред се оперативната акција “Диригент”, како најдобар пример за ефикасна полициска соработка.
Инаку високата делегација на австриската полиција беше примена и од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Кисела Вода и Факултетот за физичко образование започнуваат соработка: обука за наставниците за работа со деца со посебни потреби
Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, оствари средба со проф. д-р Влатко Неделковски, декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. На овој работен состанок, соговорниците дискутираа за унапредување на можностите и квалитетот на наставата по физичко образование во основните училишта, како и за важноста на нејзината инклузивност.
Средбата претставува почеток на институционална соработка меѓу општина Кисела Вода и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, насочена кон поддршка на наставниците, промоција на здрави навики и создавање инклузивна средина во спортот и образованието. Како прв заеднички чекор, постигнат е договор наставниците по физичко образование од основните училишта во Општина Кисела Вода да поминат обука за работа со деца со посебни потреби, која ќе започне во декември, известува Општината.

Оваа обука има за цел да обезбеди пристапност, разбирање и соодветен пристап кон секое дете, со што ќе се придонесе кон еднакви можности и поголема интеграција во наставниот процес.

-Ми беше драго што се запознавме со активностите на факултетот и што заеднички можеме да направиме повеќе за здравјето и развојот на децата, особено на оние со попреченост. Со деканот, проф. д-р Неделковски, разговаравме и за други можности за соработка, кои ќе придонесат за зајакнување на спортот и физичката култура кај најмладите. Во фокусот на мојата работа како градоначалник ќе биде унапредувањето на спортската инфраструктура, но и подобрувањето на наставата по физичко образование, како и обезбедувањето еднакви можности за сите деца, без исклучок- изјави градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.
Македонија
Стоилковиќ во официјална посета на Србија
Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија, каде што ќе учествува на конференцијата „Western Balkans 2030“, во организација на Европската инвестициска банка (ЕИБ).
Во своето обраќање на конференцијата министерот Стоилковиќ ќе истакне дека е чест и задоволство да се обрати на настан посветен на клучни теми кои ја отсликуваат реалноста и ја обликуваат иднината на регионот – регионалната интеграција, европската перспектива и економското поврзување.
Во рамки на престојот во Белград, потпретседателот и министер Стоилковиќ ќе оствари и работна средба со потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија Адријана Месаровиќ. На средбата ќе се разговара за потпишување на меморандум за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заедничките инвестициони проекти, како и заеднички настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум кој ќе се одржи во Македонија на 2 и 3 декември.
„Посетата претставува уште една потврда на континуираниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, насочени кон стабилен, економски поврзан и европски ориентиран регион на Западен Балкан.
По завршувањето на средбата предвидени се изјави за медиуми“, соопштија од кабинетот на Стоилковиќ
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.

