Контакт

Македонија

Нов протест за одбрана на името

Објавено пред

Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија при Светскиот Македонски Конгрес, денеска повторно ќе протестира во одбрана на државното име.На првиот протест што се одржа пред една недела пред Мисијата на Европската Унија во Скопје имаше слаб одзив, за што,

dobivaj vesti na viber

Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија при Светскиот Македонски Конгрес, денеска повторно ќе протестира во одбрана на државното име.На првиот протест што се одржа пред една недела пред Мисијата на Европската Унија во Скопје имаше слаб одзив, за што, според организаторите, причина е медиумската блокада.На минатонеделниот протест беше порачано дека Македонците се за пристапување на Македонија во Европската Унија, но, се против членство  доколку антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и промената на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Грција.„Ја потсетуваме Европската Унија на нејзината декларација од 16 декември 1991 година по предлог на сопствената Бадентерова арбитражна комисија за Југославија, дека Република Македонија ги исполнува критериумите за признавање како независна држава и дека „употребата на името Македонија не содржи какви и да е територијални претензии кон друга држава“, се вели во Декларацијата за одбрана на државното име Македонија, која ќе биде прочитана и на денешниот протест./крај/с/ег/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Објавено пред

Од

Во рамки на посетата во Москва, делегацијата на Левица заедно со бројните делегации од останатите земји, беше дел од свеченостите организирани од страна на КПРФ.

dobivaj vesti na viber

„После говорот на претседателот Апасиев во Паркот на победата, беше посетен главниот митинг кај споменикот на Карл Маркс (пред театарот Баљшој), по што делегациите се упатија и положија цвеќе кај споменикот на ,,Непознатиот војник” и Вечниот пламен, кај ѕидините на Кремљ“, соопштија од партијата.

Свеченостите беа завршени со работна средба на делегацијата на Левица и потпретседателот на КПРФ – пратеникот Казбек Куцукович Тајсаев, во канцелариите на Руската Дума.

„На пријателската средба, која помина во срдечна атмосфера, се разговараше за досегашната соработка меѓу двете партии, беа опфатени актуелните теми кои ја задираат европската и регионалната политика, како и за можностите двете партии да допринесат во развојот на соработката помеѓу младите на Македонија и на Русија“, соопштија од Левица.

Од партијата додаваат дека, на покана на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, Апасиев заедно со лидерите на идеолошки блиските партии утре ќе присуствува на Парадата на победата организирана по повод 80 години од Големата победа над фашизмот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски на состанок со министрите од ЕУ: Сега е време за дела, не само за зборови

Објавено пред

Од

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на неговиот полски колега, министерот за надворешни работи Радослав Сикорски, учествуваше на неформалниот работен ручек на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ (формат GYMNICH), кој се одржа во Варшава, Полска.

dobivaj vesti na viber

Состанокот, организиран во рамки на претседавањето на Република Полска со Советот на Европската унија, претставува обновување на форматот на неформални средби помеѓу ЕУ и земјите-кандидати, по подолга пауза во неговото редовно одржување.

Темата на состанокот беа актуелните предизвици во европската надворешна и безбедносна политика, со посебен акцент на прашањата поврзани со градењето отпорност кон хибридните закани. Дискусиите беа фокусирани на практични чекори за подобра координација меѓу ЕУ и земјите-кандидати во однос на хибридните закани и влијанието од трети страни.

Во својата изјава пред почетокот на состанокот, министерот Муцунски изрази задоволство од одржувањето на средбата и упати благодарност до министерот Сикорски за вклучувањето на земјите-кандидати во овој процес.

„Во време на геополитичка несигурност, важно е земјите-кандидати да соработуваат со членките во создавањето стратегии за справување со заедничките предизвици. Клучно е што ја претставувам и земја-кандидат и земја која е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ. Затоа, одлуките и предизвиците со кои се соочуваме се заеднички. Драго ми е што денес соработуваме со колегите од ЕУ, и се надевам дека ваквата практика ќе продолжи и во иднина“, истакна министерот Муцунски.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој додаде дека земјите-членки очекуваат од Европската Унија да го надмине јазот меѓу очекувањата и практичната испорака.

„Претставувајќи ја мојата земја, уверувам дека сме посветени на реформите, на усогласувањето со правото на ЕУ и на спроведувањето на реформската агенда, како дел од Планот за раст. Но, очекуваме Брисел и земјите-членки да ја исполнат обврската кон Западен Балкан дадена пред многу години. Тоа значи вистинско проширување, но и крај на билатерализацијата на пристапните процеси за земјите од регионот. Слушаме сѐ повеќе за јасна перспектива, но сега е време не само за зборови, туку и за дела“, додаде Муцунски.

Во рамки на еднодневната работна посета на Полска, министерот Муцунски го посети Меморијалниот музеј „Треблинка“, посветен на сеќавањето на жртвите на нацистичкиот логор на смртта. Тој оддаде почит, остави порака во книгата на жалост и се поклони пред споменикот посветен на македонските Евреи кои ги загубиле животите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре облачно време, попладне дожд

Објавено пред

Од

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови од земјата, информира УХРМ.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во наредните денови ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во сабота повремено засилен северен ветер. Во недела попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет48 минути

(Видео) Папата Луј 14 го одржа првиот говор: „Бог нè сака сите, безусловно“

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав 14, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и го...

Македонија3 часа

Набавена медицинска опрема вредна 13 милиони евра никогаш не е ставена во употреба

Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не е ставена во употреба во медицинските установи, утврди Државниот завод за ревизија. Тоа најмногу...

Македонија4 часа

Порака на Гаши од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и делегацијата во посета на Италиjа имаше средба со сенаторката Ема Паванели, која е и...

Македонија6 часа

По десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“: Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за несреќата кај Ласкарци

Апелациониот суд Скопје информира дека зголеми дел од казните на обвинетите за несреќата кај Ласкарци, која ја предизвика неисправниот автобус...

Топ7 часа

Дете натепано од соученик во Ѓорче, насилството снимано со телефон и објавено на социјална мрежа

Случај со малолетничко насилство во Скопје заврши во рацете на полицијата. Според пријавеното во МВР, пред два дена, на 6...

Македонија8 часа

Коцевски тврди дека истрагата за Кочани не е селективна, а можно е да биде проширена

Jавниот обвинител Љупчо Коцевски тврди дека нема никаква селективност во истрагата што се води за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во...

Економија8 часа

Дурмиши ги предупреди трговците: Ако има енормно зголемување на цените, ќе има поригорозни мерки

Нови поригорозни мерки ќе бидат воведени доколку Државниот пазарен инспекторат утврди енормно зголемување на цените на производите по укинувањето на...

Македонија8 часа

Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ како најбрзорастечка партија во Македонија

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска одржа прес-конференција. „Од моментот на влез во политиката до...

Македонија8 часа

Апасиев од Москва: „Нашите дедовци, партизаните, се бореа рамо до рамо со народите на Советскиот Сојуз“

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), Генадиј Зјуганов, претседателот на Левицата, Димитар Апасиев, заедно со...

Македонија9 часа

Филипче за можната коалиција со ДУИ и со Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Лидерот на опозицискиот Социјадемократски сојуз (СДСМ) не ја исклучи можноста за коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) и со...

Македонија10 часа

30-годишник призна вина за ширење омраза: коментирал објави за Парадата на гордоста во Скопје и повикувал на насилство

Постапувајќи по поднесен обвинителен предлог од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која осуди едно...

Топ11 часа

Изгоре стан во Кичево, загина жена

Жена загина синоќа во пожар во својот стан. Пожарот избил на улицата 4 Јули во Кичево, а починатата е 72-годишна...

Македонија12 часа

„Влен“: Таравари украде пратенички мандати на граѓаните во име на промената, а сега се обидува да ги фрли во казанот на ДУИ

ДУИ не може да се дефинира поинаку освен како казан во кој вријат кражби, криминал и корупција. Токму во тој...

Македонија13 часа

ДУИ разочарана: Преку самопонижување албанските партнери од коалицијата „Влен“ ги понижија сите Албанци

„Демократската Унија за Интеграција изразува длабоко разочарување од однесувањето на албанските коалициски партнери на ЛЕН во власта. На јавна сцена...

Свет13 часа

(Видео) Речиси 80 студенти уапсени на пропалестински протест во САД

Полицијата, на барање на службеници на Универзитетот Колумбија, вчера уапси десетици студенти кои окупираа дел од главната библиотека на колеџот...

Регион13 часа

Вучиќ објасни по кој пат стигнал во Русија: Наместо да ја разберат позицијата на Србија, некои западни претставници испраќаат закани

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера пристигна во Москва. Вучиќ утре ќе присуствува на одбележувањето на Денот на победата во руската...

Свет14 часа

„Њујорк тајмс“: Трамп денес ќе го објави трговскиот договор со Велика Британија

Американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да објави дека САД ќе се согласат на трговски договор со Обединетото Кралство, изјавија...

Европа14 часа

Студент со секира упаднал во универзитет во Варшава, убил вработена

Жена е убиена со секира на универзитет во Варшава, соопштија полските власти. Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот. по...

Свет14 часа

Нетанјаху: Со сигурност знаеме дека 21 заложник се живи, за тројца постои сомнеж

Израел со сигурност знае дека 21 заложник што ги држи Хамас во Појасот Газа се живи, објави израелскиот премиер Бенјамин...

Европа14 часа

Зеленски: „Украина стои зад својата понуда за 30-дневен прекин на огнот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина стои зад својот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, иако официјална...