Свет
Израел официјално побара од САД да ослободи негов шпион

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара од американскиот претседател Барак Обама да го помилува американски граѓанин Џонатан Полард, кој служи доживотна казна затвор за шпионирање во полза на Израел, изјави денеска неговиот кабинет
„Во времето на неговото апсење, Џонатан Полард дејствуваше како агенти на израелската влада. Иако разузнавачките цели на Израел со ништо не се насочени кон САД, дејствијата на Полард не биле во ред и целосно се неприфатливи. Израел и натаму ќе продолжи да ги исполнува своите обврски кон таквите незаконски дејства не се повторат во иднина“, се вели во текстот од пораката до американскиот претседател, којашто била прочитана од страна на премиерот Бенјамин Нетанјаху, за време на пленарната сесија во Кнесетот (израелскиот парламент).Поранешниот разузнавачки аналитичар на маериканската воена морнарица, Џонатан Полард, беше уапсен во 1985 г. под обвинение за шпионажа и осуден на доживотна затворска казна.Полард призна дека предавал класифицирани информации до Израел, но точниот обем на тие податоци не е беше разјаснет.Израелските лидери постојано пред своите колеги во Вашингтон го поставуваа прашањето за ослободување на Џонатан Полард, но секогаш досега американската влада одбиваше да го разгледа поради сериозноста на престапот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавена првата фотографија по апсењето на убиецот на Чарли Кирк

Медиумите ја објавија првата фотографија од 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на американскиот активист Чарли Кирк.
Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, претходно денес потврди дека клучна улога во неговото апсење имал неговиот татко.
Семејството изјавило и дека последниве години тој станал политички поангажиран, а непосредно пред доаѓањето на Кирк во Јута зборувал против неговите ставови.
Истражителите откриле и пораки меѓу Робинсон и неговиот цимер, во кои се споменува оружје, оставање пушка во грмушка и гравирани куршуми. Робинсон, наводно, рекол и дека морал да ја смени облеката.
Свет
Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши војната во Украина.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп потсети дека имал добар однос со Путин, но нагласи дека ситуацијата станува сè понеприфатлива.
Како можни мерки ги наведе санкциите кон руските банки и нафтената индустрија, додавајќи дека за тоа е потребно и учество на европските држави. Притоа истакна дека веќе презел сериозни чекори – меѓу нив и воведувањето педесетпроцентни царини на извозот од Индија, земја која е еден од најголемите купувачи на руска нафта.
Свет
Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк.
Клучна трага дало семејство кое пријавило признание од Робинсон.
Видео снимките покажале дека на 10 септември пристигнал на местото со „Доџ Челинџер“. Уапсен е на 12 септември во облека што одговара на видеото.
Семејството кажало дека бил „политички поактивен“ и зборувал против Кирк на вечера пред неговото доаѓање во Јута.
Во пораки со цимерот се споменувале наводен заговор, промена на облека и куршуми со гравирани пораки („Еј фашисто! Фати!“, „Бела чао…“, „Ако го читаш ова, си геј“, „OWO. Што е ова?“).