Контакт

Вести

Саудиска Арабија објави прекин на односите со Иран

Објавено пред

Саудискиот министер за надворешни работи Адел ал-Џубеир објави во неделата вечерта прекинување на дипломатските односи на Саудиска Арабија со Иран, по саботниот напад врз нејзината амбасада во Техеран и острите ирански реакции на погубувањето на саудискиот шиитски клерик шеикот Наср ал-Насир.

dobivaj vesti na viber

Шиитските муслимани во Саудиска Арабија главно живеат во со нафта богатите источни области Катиф и ал-Ахса и со децении се жалат дека се дискриминирани, оти им се ускратени подобрите работни места и разни повластици кои ги уживаат сунитите исто така, се борат и против политичката репресија на саудиските власти кои ја практикуваат ултраконзервативната доктрина на сунитскиот вехабизам.

Иран, пак е доминантно шиитска регионална сила, која е ривал со Саудиска Арабија којашто, пак, е регионален сојузник на САД. Тензиите започнаа уште на годинешниот хаџ по повод празникот Курбан Бајрам, кога загинаа најмалку 1.800 муслимански верници, од кои во најголемата трагедија во историјата на хаџот во Мека најголем број беа ирански аџии. Техеран го обвинува Ријад дека го прикрива вистинскиот број на жртвите, и за недоволни мерки за спречување на трагедијата.

„Саудиска Арабија одлучи да ги прекине дипломатските односи со Иран и бара заминување во рок од 48 часа на членовите на иранското дипломатско претставништво“, изјави на прес-конференцијата во Ријад во неделата вечерта саудискиот министер за надворешни работи Адел ал-Џубеир.

Ал-Џубеир ги осуди „негативните и агресивни вмешувања на Иран во арапските работи коишто често предизвикуваат штети и уништувања“, тврдејќи дека нападот врз амбасадата во Техеран е во согласност со она што ги карактеризираше претходните ирански напади врз странските амбасади иранската политика на дестабилизација на регионот со создавање „терористичка ќелија“ во Саудиска Арабија.

„Нема да му дозволиме на Иран да ја загрозува нашата безбедност и да ги поддржува оние кои ја загрозуваат безбедноста во регионот“, рече ал-Џубеир и притоа го обвини Техеран за долгогодишна поддршка на глобалната сунитска терористичка мрежа Ал Каеда, која ја основаше Саудиецот Осма бин Ладен.

„Иран ја поддржува ал Каеда од 2011 година и ѝ доставува оружје и експлозиви, а исто така и пружа засолниште на терористите на мрежата“, обвини шефот на саудиската дипломатија.

Сирија, Ирак и Јемен се земји со конфликти во регионот во кои доминантно шиитски Иран има одредена улога. Ја поддржува владата на алавитот Башар ал-Асад во Сирија, има блиски односи со мнозински шиитски Ирак и го поддржува шитискиот народ Хути кој во бунтот освои големи територии во Јемен. А во сите тие земји на спротивната страна воено е застапена сунитска Саудиска Арабија.

„Нападите врз амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран и врз саудискиот конзулат во Машхад се јасни кршења на сите меѓународни конвенции“, рече уште ал-Џубеир обвинувајќи ги иранските власти дека ништо не сториле да ги спречат.

Саудиското погубување на шиитскиот верски лидер шеикот Нимр Бакер ал-Нимр, остриот критичар на саудиското кралско семејство Ал Сауд, ги влоши односите на Блискиот исток, особено во Иран, каде гневните демонстранти делумно ја уништија саудиската амбасада во Техеран, во нападот во кој иранската полиција уапси 40 лица. Беше нападнат и саудискиот конзулат во Машхад, каде беа уапсени четири лица.

Осуди на постапката на Саудиска Арабија со погубувањето на 47 лица, од кои четворица шиити, веќе два дена пристигнуваат од целиот свет, а во неделата се огласи и ирачкиот врховен шиитски челник, големиот ајатолах Али ал-Систани, кој порача дека шиитскиот свет со „голема тага и жалење ја примил врста за мачеништвото на повеќе наши верски браќа во регионот чија крв е пролиена во неправедно насислтво“.

Франција и Германија во неделата им се приклучија на САД и на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, изразувајќи жалење поради погубувањето на 47-те луѓе во Саудиска Арабија, особено предупредувајќи на насилството што може да го поттикне убиството на шеикот ал-Нимр.

Ал-Нимр во 2012 година ги поддржа протестите против владата во својата со нафта богата Источна покраина, вдахновен од востанијата ширум Блискиот исток кои започнаа една година претходно познати како Арапска пролет. Апсен е неколку пати, а последниот пат во 2012 година, кога поради тоа избувнаа жестоки протести во неговиот роден град Катиф и кога пророчки изјави дека „неговото апсење или смртта ќе бидат мотив за акција“.

Челникот на либанското шиитско движење Хезболах, Хасан Насралах изјави дека погубувањето на Ал-Нимр претставува „крвава порака“, како и дека Ријад ширум свето сака да ги поттикне секташките судири. „Куќата на Саудите сака судир меѓу сунитите и шиитите. Тие се оние кои искрите на судирите ги палеа и претходно, а тоа го прават и сега во секој дел од светот“, рече Насралах.

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи во неделниот говор пред верските водачи предупреди дека „Божјата рака“ ќе ги стигне виновниците за погубувањето на „маченикот“ кои е „неправедно“ убиен.

Техеран по веста за погубувањето на ал-Нимр веднаш реагираше обвинувајќи го Техеран дека е премногу концентриран на истакнатите личности наместо да домашен терен да го искорени исламскиот екстремизам и тероризам. „Наместо да се концентрира на терористите на Исламската држава кои претставуваат закана за регионот и за целиот свет, Саудијците ги погубуваат истакнатите личности како ал-Наср“, соопшти во саботата портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Џабер Ансари.

Во моментите кога беше објавен прекинот на односите, саудиските дипломати кои беа евакуирани од Иран по нападот врз амбасадата, слетаа во Дубаи на пат за татковината, објавија агенциите.

Односите меѓу двете земји се изразено влошени од Исламската револуција од 1979 година и најчесто се одбележани со несогласување околу решавањето на кризите на Блискиот исток, со взаемни обвинувања за обиди за ширење со своето влијание

Саудиска Арабија и Иран веќе една имаа прекин во билатералните односи, од 1987 до 1991 година,поради крвавите судири меѓу иранските аџии и саудиските полициски сили во текот на хаџот во Мека во 1987 година. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија3 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија4 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија4 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија4 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија5 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија8 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ9 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет9 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет10 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет10 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет10 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија21 час

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ1 ден

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија1 ден

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија1 ден

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура1 ден

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија1 ден

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија1 ден

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија1 ден

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...