Свет
Намален е бројот на нелегалните имигранти во Шпанија
Бројот на нелегалните африкански имигранти, кои се обидуваат да влезат во Шпанија се намалил заради падот на шпанската економија
Бројот на нелегалните африкански имигранти, кои се обидуваат да влезат во Шпанија се намалил заради падот на шпанската економија.
Во првите седум месеци од годината речиси 4.500 имигранти биле спречени да влезат во Шпанија со помош на чамци, најголемиот дел од Западна и Северна Африка, што е за 40 отсто помалку во однос на истиот период лани и речиси една четвртина од нивниот број во 2006 година.
Шпанија организира морски и крајбрежни патроли во нејзините територијални води во обид да го спречи обидот на имигранти од Африка да влезат во државата.
Зајакнатите контроли, но и рецесијата доведоа до значително намалување на бројот на имигрантите./крај/бгнес/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Повеќе од 400 луѓе спасени од урнатините по земјотресот во Тибет
Повеќе од 400 луѓе се спасени од урнатините во Тибет погоден од земјотресот, соопштија денеска кинеските власти.
Тие додадоа дека потрагата по исчезнатите, чиј број сѐ уште не е утврден, продолжува на многу студено време, пренесува „Ројтерс“.
Најмалку 126 лица загинаа, а 188 се повредени во силниот земјотрес што вчера го погоди подножјето на Хималаите во близина на едно од најсветите места на Тибет, соопштија кинеските власти.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, еден од најсилните земјотреси во регионот во последните години, се наоѓа во Тингри, на 80-ина километри северно од Монт Еверест, највисокиот врв на светот.
Се почувствувал и во соседните земји Непал, Бутан и Индија.
Непалската национална управа за намалување и управување со ризици од катастрофите (NDRRMA) вчера објави дека потреси се почувствувани во седум ридски области, кои граничат со Тибет.
Беше почната потрага во област со големина на Камбоџа.
Во текот на ноќта температурата се спуштила до минус 18 Целзиусови степени, па луѓето заробени во урнатините или оние без засолниште биле изложени на ризик од брза хипотермија. Експертите наведуваат дека во такви услови луѓето може да преживеат само од 5 до 10 часа, дури и ако не се повредени.
Свет
Папата Франциско ги осуди малтретирањето и злоупотребата на децата
Папата Франциско, денеска, во своето неделно обраќање ги осуди луѓето што малтретрираат деца и оние што на кој било начин се соучесници во злоупотребата на малолетници.
„Бараме благодат повторно да го откриеме важното место што секое дете го зазема во божјото срце за никој да не биде соучесник во злоупотребите што се вршат врз него, но и жестоко да ги осудиме“, рече папата Франциско, објави АНСА.
Тој рече дека „децата заземаат привилегирано место во божјото срце“ и дека секој што ќе им наштети „ќе мора да одговара за тоа пред Бога“.
Регион
„Се обидуваме да откриеме дали има некаква мутација“, рече грчкиот министер за здравство по потврдата за првиот случај на метапневмовирус во Грција
Во Солун е потврден првиот случај на човечкиот метапневмовирус (ХМПВ) кај 71-годишен маж, кој е хоспитализиран.
Според грчките медиуми, човекот се заразил од ќерка му, која била во Кина на одмор.
Министерот за здравство Адонис Георгијадис во интервју за грчките медиуми, по објавувањето на првиот случај на метапневмонија во Солун, рече дека повозрасниот маж е хоспитализиран во болница во Солун.
„Се обидуваме да откриеме дали има некаква мутација на вирусот бидејќи има карактеристика лесно да мутира и сакаме да видиме дали има некои поопасни карактеристики“.
„Го чекаме детаљниот преглед, кој го побаравме“, нагласи Адонис Георгијадис.
Тој категорично посочи дека „во овој момент нема особена причина за загриженост за вирусот ниту за Грција ниту за Европа“.
„Метапневмовирусот не е нешто ново, како што беше ковидот во 2019 година кога почна од Кина. Станува збор за познат вирус, кој напаѓа луѓе што со нарушено здравје или мали деца, кои сè уште немаат развиено имунитет“, објасни Георгијадис.