Регион
Самарас со понуда до грчката опозиција
Грчкиот премиер Андонис Самарас им понудил на проевропските независни пратеници да влезат во владата и предвремените парламентарни избори да бидат одржани кон крајот на 2015 година, доколку актуелниот Парламент успее да избере претседател на земјата.
Грчкиот премиер Андонис Самарас им понудил на проевропските независни пратеници да влезат во владата и предвремените парламентарни избори да бидат одржани кон крајот на 2015 година, доколку актуелниот Парламент успее да избере претседател на земјата.
Во телевизиско обраќање Самарас рекол дека Грција има обврска да ги заврши преговорите со ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд за завршувањето на договорот за финансиската помош следната година, пренесува Reuters.
Апелирајќи до проевропските независни пратеници, Самарас нагласил дека е подготвен да ја прошири својата коалиција, доколку пратениците го поддржат изборот на новиот претседател на државата.
Изненадната изјава грчкиопт премиер ја дал да дена пред гласањето за претседател, по разочарувачките резултати за владата во првиот круг, одржан на 17 декември, кога таа доби многу помала поддршка од очекуваното.
Доколку 300-те пратеници на Парламент не изберат претседател до третиот круг закажан за 29 декември, тогаш предвремените избори ќе мораат да бидат одржани на почетокот на февруари, што ќе ги загрози грчките преговори за меѓународната финансиска помош.
Самарас ги повика пратениците да го послушаат „гласот на националниот интерес и здравиот разум“, и да го изберат неговиот кандидат Ставрос Димос, со што би се овозможило завршување на финансиските преговори.
„Тогаш, заштитени економски и политички, можеме да пронајдеме временска рамка за одржување на националните избори, дури и на крајот на 2015 година“, рекол Самарас.
Пратеникот Василис Економу, од редовите на проевропските независни пратеници, ја поздравил понудаата на Самарас и ги повикал другите независни пратеници да ја поддржат владата.
Меѓутоа, левичарската Сириза, која сака повторно да се преговара за финансискиот договор, веднаш ја отфрли понудата, а истото го направи и малата десничарска партија Независни Грци, која сака нови избори.
Се очекува клучната улога за натамошниот развој на настаните да ја има уште една мала партија, Демократска левица, која соопштила дека ќе го соопшти својот одговор на седницата на Парламентот во понеделник, пренесува Reuters.
Во вторник ќе биде одржан вториот круг од гласањето во Парламентот, а на Димас за победа ќе му бидат потребни 200 гласови. Доколку владата не може да оствари подобар резултат од 160 гласови, колку што доби во претходниот круг, тоа ќе биде голем удар за следниот, финален круг закажан за 29 декември, кога потребниот број на гласови за победа на Димас ќе биде намален на 180 гласови./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Косово оди на нови избори по неуспехот да формира влада
Косово ќе оди на вонредни парламентарни избори на 28 декември 2025 година, објави претседателката Вјоса Османи, откога пропаднаа обидите во Собранието да се обезбеди мнозинство за да бидат донесени многубројни клучни акти, меѓу кои и буџетот за 2026 година.
Османи го избрала подоцнежниот датум поради технички барања и очекувањата за поголем одѕив.
Таа изрази жалење што граѓаните повторно одат на избори, но нагласи дека тоа е резултат на политичките актери, кои од февруари не успеале да формираат влада.
Земјата западна во политичка криза по парламентарните избори одржани на 9 февруари 2025 година кога ниедна од партиите не освои мнозинство од 61 глас во 120-члениот парламент.
Регион
Српскиот претседател се соочува со пријава во случајот со „снајперскиот туризам“ во 90-тите во Сараево
Хрватски истражувачки новинар поднел пријава до обвинителите во Милано против српскиот претседател Александар Вучиќ поради неговата наводна вмешаност во аферата „Сараевско сафари“, во која снајперисти од Италија и други земји наводно патувале во главниот град на Босна за да убиваат цивили за време на четиригодишната опсада на градот во 90-тите години.
Последната недела обвинителите во Милано почнале истрага насочена кон идентификација на Италијанците, кои наводно се вмешани, под обвиненија за доброволно убиство под околности – суровост и ниски побуди, пишува „Гардијан“.
Според истражителите, групи снајперски туристи наводно учествувале во масовни убиства откога плаќале големи суми пари на војници од армијата на Радован Караџиќ, поранешниот лидер на босанските Срби, кој во 2016 година е прогласен за виновен за геноцид и други злосторства против човештвото, за да бидат пренесени на ридовите околу Сараево, каде што можеле од задоволство да пукаат во населението.
Повеќе од 10.000 луѓе биле убиени во Сараево од гранатирање и снајперска огнена сила меѓу 1992 и 1996 година и тоа се смета за најдолга опсада во модерната историја по прогласувањето независност на Босна и Херцеговина од Југославија.
Снајперистите биле можеби најстрашниот аспект од животот под опсада во Сараево бидејќи неселективно ги таргетирале луѓето на улица вклучувајќи и деца.
Истрагата произлегла од правна пријава поднесена од Ецио Гавацени, писател од Милано, кој собрал докази за обвинувањата, како и од извештајот што обвинителите го добиле од поранешната градоначалничка на Сараево, Бењамина Кариќ.
Гавацени изјавил дека првично прочитал за наводните снајперски туристи во италијанскиот печат во 90-тите, но дури кога го гледал „Сараево сафари“, документарец од 2022 година на словенечкиот режисер Миран Зупанич, почнал подетаљно да истражува.
Во средата истражувачкиот новинар Домогој Маргетиќ ја поднел својата пријава против Вучиќ пред обвинителите што го водат случајот.
Како што беше објавено во Сараево, последниве денови Маргетиќ на социјалните мрежи објавил докази дека Вучиќ, тогаш млад доброволец, бил присутен на една од воените позиции во Сараево, од кои, според сведоци, странски државјани и српски ултранционалистички единици пукале и убивале цивили.
Гавацени тврдел дека „многу, многу, многу Италијанци“ наводно биле вмешани, без да наведе бројка. Тој додал: „Имаше Германци, Французи, Англичани… луѓе од сите западните земји што плаќаа големи суми пари за да бидат одведени таму и да пукаат на цивили“.
Александар Вучиќ досега нема коментар за најновите обвиненија, но шпекулации за неговото присуство на сараевското боиште кружат со години.
Во интервју за една босанска телевизија во 2021 година српскиот претседател изречно негирал дека некогаш пукал на опколениот град. Тогаш тој ги опишал обвиненијата како политичка манипулација заснована врз националистичката реторика на неговата младост и врз кревката рамнотежа на силите во регионот.
Регион
„Лукоил“ во завршна фаза на продажба на рафинеријата во Бугарија – компанијата предупредува на заштита на сопственичките права
Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ соопшти дека е во завршна фаза од продажбата на својата имотна структура во Бугарија, вклучувајќи ја рафинеријата „Лукоил Нефтохим Бургас“ и мрежата бензински станици. Компанијата предупреди дека ќе преземе правни мерки доколку специјалниот управител назначен од бугарската влада ги повреди нејзините сопственички права.
Вашингтон на крајот на октомври воведе санкции за „Лукоил“ и „Роснефт“ со цел да го ограничи руското финансирање на војната во Украина. Рокот за завршување на трансакциите со „Lukoil International“ е продолжен до 13 декември, а за бугарските подружници до 29 април 2026 година.
Бугарската влада минатата недела именуваше специјален управител со овластувања да го продолжи работењето и, доколку е потребно, да продава удели во рафинеријата. „Лукоил“ соопшти дека очекува неговото назначување да не го попречи процесот на продажба.
Компанијата истакна дека работи со неколку потенцијални купувачи. Меѓу заинтересираните се турскиот „Cengiz Holding“, азербејџанската државна нафтена компанија SOCAR, како и казахстанскиот „Казмунајгаз“, меѓународната трговска куќа Vitol, турскиот фонд Oyak и унгарската компанија MOL. Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврди дека MOL доставил понуда.
„Лукоил“ најави дека компанијата ќе ги заштити своите легитимни интереси доколку бидат прекршени, потсетувајќи дека во Бугарија има инвестирано над 4,5 милијарди долари во последните 25 години.

