Македонија
Албанија: Уапсен избеган македонски затвореник

Осуденик кој избегал од македонски затвор е уапсен во Албанија, јави дописникот на Макфакс
Осуденик кој избегал од македонски затвор е уапсен во Албанија, јави дописникот на Макфакс.
Македонскиот државјанин Адем Сулајмани е уапсен на аеродромот „Мајка Тереза“, кај Тирана пред два дена во обид со фалсификуван пасош да замине за Чешка.
Тој во Словачка бил осуден на 12 години затвор заради шверц со дрога, потоа екстрадиран во Македонија, каде бил осуден на 5 години затвор по што пребегнал од македонскиот затвор.
Албанската полиција на аеродромот се посомневала во неговите документи и стапила во контакт со Интерпол и македонската полиција, по што утврдила дека станува збор за скопјанецот Адем Сулајмани.
„Газета Шкиптаре“, повикувајќи се на полициски извори нагласува дека Сулајмани имал пасошот на Бугарија на име на Виктор Павлов Михајлов.
Весникот наведува дека албанската полиција се сомневала на оригиналноста на пасошот на Сулајмани, но и на фактот оти немал влезен печат од Македонија во Албанија/крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците во околината на објектот ЕКВИЛИБРИУМ на улица Руди Чајевац, општина Аеродром;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од улица Ванчо Мицков, општина Карпош;
· од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улица Кнез Трпимир и населбата Трнодол, општина Карпош.
Македонија
Сончево и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.
Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.