Регион
Турција објави наводна снимка од предупредување на рускиот авион
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/avion20ruski20gori20suma.jpg)
Турската армија во средата објави аудио снимка за која тврди дека е снимка од предупредувањето на рускиот бомбардер пред да го собори на сириско-турската граница.
„Овде е турското воено воздухопловство. Му се приближувате на рускиот воздушен простор. Веднаш свртете на југ“, може да се чуе на англиски јазик на една од снимките. Пораката е повторена повеќе пати. Но од тоа не може да се извлече заклучокот дека рускиот „Су-24“ навлегол во турскиот воздушен простор. Турската армија тврди дека за пет минути издала десет предупредувања.Москва, пак, во средата одговори со презентирање на радарските снимки, а сириската противвоздушна одбрана тврди дека во вторникот регистрирала нарушување на нејзиниот воздушен простор во областа на границата со Турција.Претходно руската телевизија емитуваше разговор со навигаторот на соборениот руски авион, капетанот Константин Мурахтин, кој го преживеа уривањето, и кој тврди дека не добиле никакво предупредување, ниту имал какво и да е контакт, дури ни визуелен, со турски авион. Ветувајќи дека „ќе им го врати долгот на убијците“ на пилотот – командантот, потполковникот Олег Пешков, Мурахтин тврдеше дека во ниеден момент во одлични временски услови не биле близу турската граница, бидејќи по бројни мисии во таа област, одлично го познавал теренот, како и дека ракетата дошла во опашката. Претходно агенцијата Reuters, повикувајќи се на неименуван извор од администрацијата на американскиот претседател пренесе дека во САД сметаат дека рускиот авион навистина бил соборен во сирискиот воздушен простор „врз база на регистрираните термички траги на авионот“. Друг американски извор, пак, претходно изјави дека „упадот“ на рускиот воен авион во турскиот воздушен простор „траел многу кусо“.Рускиот бомбардер „Су-24М“ во вторникот утрото беше соборен од турски лови „F-16“. Анкара тврди дека рускиот авион навлегол во турскиот воздушен простор, додека Москва го нарече овој чин „смислена провокација“ во позла на терористичката организација извршена над територијата на Сирија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Вучиќ: Имаме речиси пет милијарди евра на сметка, БДП годинава достигнува 90 милијарди
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/александар-вучиќ-2.jpg)
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија во моментов има речиси пет милијарди евра на сметката, што е цифра што на сметките ја немаат ни земји 10 пати поголеми од нив.
„Во изминатите 12 години го зачувавме мирот, имавме целосна стабилност. Имавме најголем раст во историјата на Србија, сакале или не – од 32 милијарди бруто домашен производ тогаш, оваа година ќе завршиме со 89-90 милијарди“, рече Вучиќ за време на разговорот со граѓаните.
Тој посочи дека Владата се обидела на сериозен начин да ја заштити јавната каса, наведувајќи дека „секогаш имаме пари за инвестирање и секогаш можеме да им помогнеме на оние на кои тоа им е најпотребно“.
Регион
Во Црна Гора два дена бојкот на трговските синџири. „Сложно, обединето, упорно“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/351dabcb-2224-4269-8026-3b31590d6e8b.jpg)
Во Црна Гора денеска почна дводневен бојкот на малопродажните синџири поради високите цени, на кој повика невладиното здружение „Алтернатива“.
„Се повикуваат жителите на Црна Гора денеска и утре да не пазарат во големите продавници, туку доколку мораат, да пазарат во мали продавници со најмногу десет вработени.
Секојдневно сме сведоци на невидени поскапувања на основните производи, додека сопствениците на големи синџири акумулираат профит на сметка на народот“.
Истото невладино здружение минатиот петок организира бојкот на продавниците во Црна Гора кога, според Даночната управа на Црна Гора, петте најголеми трговски синџири забележаа пад на прометот од 56,14 отсто.
Минатата недела повеќето жители на северниот дел на Црна Гора се одѕваа на повикот за бојкот на големите продавници, а одѕивот беше нешто помал во централниот и јужниот дел на Црна Гора.
Регион
Мицотакис од Санторини: Властите ја следат сеизмичката активност, граѓаните да останат мирни
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/micotakis-x-epa.jpg)
Грчките власти се на готовност и ја следат зголемената сеизмичка активност на островот Санторини, изјави денеска грчкиот премиер Киријакос Мицотакис повикувајќи ги граѓаните да останат смирени и да ги следат упатствата на службата за цивилна заштита.
„Уште еднаш сакам да ги уверам жителите на Санторини и на соседните острови, кои деновиве се пред тест, дека државниот механизам е на нивна страна“, рече Мицотакис за време на неговата посета на островот додавајќи дека подготвеноста и превенцијата се клучни, пренесе „Ројтерс“.
Тој изрази надеж дека оваа појава бргу ќе заврши и дека островот целосно ќе се врати во својот нормален ритам.