Свет
Економските челници бараат зачувување на растот и социјално одговорна фискална консолидација
Програмите за фискалната консолидација би требало да се применуваат на „социјално одговорен начин“ за да се поттикне вработувањето и растот, заклучуваат лидерите.
Економски раст, работни места и протекционизмот се најголемите извори на загриженоста на почетокот од 2012 година, предупредија челниците на меѓународните организации во петокот во заедничкиот апел на почетокот од расправата во Давос.Како потписници на документот наречен „Апел за итна aкција“, меѓу другите се јавуваат и првите луѓе на Светската банка (СБ), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската трговска организација (СТО), Роберт Зелик, Кристин Лагар и Паскал Лами. Воедно тие ја сочинуваат и ткн Група за глобални прашања на Светскиот економски форум (WEF) во швајцарскиот град Давос, каде што идната седмица ќе започне редовното годишно собирање на светските политички и економски лидери. „Светската економија се соочува со сериозни предизвици“, се констатира во документот на споменатите челници, коишто притоа предупредуваат дека мерките за штедење коишто ги проведуваат владите ширум светот не смеат да го задушуваат, туку да го поттикнуваат растот. Во краткорочната перспектива, челниците би требало да ги отстранат препреките за слободната трговија, да обезбедат капитал за банкарскиот систем и да се концентрираат на проблемот на невработеноста меѓу младите и оние коишто веќе долго време се без работа. Програмите за фискалната консолидација би требало да се применуваат на „социјално одговорен начин“ за да се поттикне вработувањето и растот, заклучуваат лидерите. Тие воедно во спомнатиот документ изразуваат поддршка за мерките до коишто Европската централна банка настојува да го обезбеди финансирањето на банките и нивната ликвидност, како и предлозите за зголемување на кредиторските капацитети на европскиот кризен фонд. Во долгорочната перспектива, пак, како што се наведува во текстот од Апелот, светските лидери мораат да пронајдат нови извори за растот и да ги реформираат пазарите на трудот за да се поттикне вработувањето, да се намали нееднаквоста во општествата и да се стави темелот на еколошки одржливиот раст.„Се поголемата нееднаквост бара засилено разгледување на моделот на раст кој вклучува широки слоеви од општеството. Мораме да оствариме чувствителни подобрувања на животниот стандард и поголема општествен кохезија“, се истакнува во Апелот што го пренесува Reuters, при што воедно се предупредува дека ова соопштение не ги одразува нужно ставовите на организациите што ги претставуваат. Покрај Зелик, Лагар и Лами, Апелот го потпишале и претседателот на Комисијата за финансиска стабилност, Марк Канрнеј, челничката на Светската здравствена организација, Маргарет Чан, генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (OECD), Анхел Гуриа и челниците на Меѓународната организација на трудот (ILO), на Светската програм аза храна и на уште три регионални развојни банки./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

