Свет
Таен проект на власта за обработка на новинари
Десетина новинари, вработени во новински куќи, без знаење на нивните редакции, тајно работат за Владата и ги подготвуваат говорите на премиерот Владо Бучковски, прес-конференциите на неколку министри, како и нивните изјави и брифинзи со новинарите, дознава „Време“.
Десетина новинари, вработени во новински куќи, без знаење на нивните редакции, тајно работат за Владата и ги подготвуваат говорите на премиерот Владо Бучковски, прес-конференциите на неколку министри, како и нивните изјави и брифинзи со новинарите, дознава „Време“.
Сите тие работат за агенцијата за односи со јавност „Фабрика“, чиј управител и основач е Петар Арсовски, директор на агенцијата „Имиџ ПР“.
Групата, за која знаат само најтесен круг луѓе од власта, ја предводи Зоран Јачев, претседател на невладината организација „Транспарентност Македонија“. Јачев во изјава за „Време“ тоа категорично го негира, иако нашите извори го потврдуваат спротивното.
Новинарите, заедно со Јачев, во „Фабрика“ работат под строга тајност откако ќе заврши нивното работно време во редакциите, од 18 часот натаму. Нив ги плаќа Владата, која пред неколку месеци склучила договор со „Фабрика“. Како што дознаваме, почетната месечна плата за вработените во „Фабрика“ е од 300 до 400 евра, кои се издвојуваат од буџетот на сметката на агенцијата. Новинарите, како и другите вработени, добиваат бонуси доколку успешно ја завршат работата. Тие прават анализи за премиерот и за неколку министерства.
Основна цел на агенцијата е да ги креира имиџот и рејтингот на премиерот Бучковски и на министрите непосредно пред изборите, а истовремено е начин да се има увид во работата на новинските куќи, во нивната агенда и планови за работа.
Освен Јачев, за владината агенција работат и новинарите Ристе Недановски и Виолета Цветановска од весникот „Вечер“, Горан Теменугов од Македонското радио, Борјан Јовановски како надворешен соработник, неколку новинари од неделникот „Форум“, надворешни соработници се и Сабина Факиќ и Герман Филков, поранешни новинари од А1-телевизија. Како што дознаваме, имињата на сите ангажирани новинари се држат во најстрога тајност и не стојат во ниту еден документ што се доставува до Владата. За тоа каде и што работат не смее да знае никој од другите колеги во медиумот, ниту пак нивните блиски, за што тие потпишуваат посебни договори. Нашите извори велат дека како надворешни соработници се ангажирани уште голем број други активни новинари, кои парите ги добиваат на рака.
Задачата на новинарите е да ги следат дневниот печат и вестите на телевизиите. Потоа, тие препорачуваат што треба премиерот и министрите да сторат утредента: дали да одржат прес-конференција, како да настапат, кои ќе бидат можните замки од новинарите, како да одговорат на новинарските прашања. Тие ги подготвуваат прес-конференциите и изјавите што треба да ги дадат премиерот и министрите пред новинарите.
За секоја афера што ќе ја обелоденат медиумите, хонорарците во „Фабрика“ во текот на вечерта смислуваат начин како Владата да ја оправда и советуваат како да се настапи пред јавноста. Материјалот го испраќаат директно до министерствата или до премиерот. За тоа дали постои конфликт на интереси во функцијата на Јачев ја консултиравме и невладината „Транспаренси интернешнл“. Кетрин Вулард, програмски координатор за Европа и за Централна Азија од „Транспаренси интернешнл“, вели дека тие веднаш ќе испитаат дали Зоран Јачев навистина работи за Владата и дали тука постои конфликт на интереси.
– „Транспарентност“ има многу строга политика во врска со конфликтот на интереси. Овој случај ќе биде на прво место на нашата следна седница. Детално ќе испитаме за што станува збор и дали постои конфликт на интереси – ни изјави Вулард. И покрај тоа што голем број луѓе во новинарските кругови знаат дека Зоран Јачев работат за „Фабрика“, а воедно и за Владата, тој вчера ги демантира информациите.
– Никогаш не сум бил ангажиран во „Фабрика“. Што ќе прават новинарите во нивното приватно време е нивна работа и тие можат да го користат како што сакаат. Меѓутоа, доколку тоа што го работат влијае врз нивната работа како објективни новинари, тогаш има етички проблем – вели Јачев.
И Петар Арсовски, основачот на „Фабрика“, демантира дека агенцијата е негова, и покрај тоа што во судскиот регистар тој е заведен како нејзин основач и управител, заедно со Александар Поповски.
– „Фабрика“ не е моја. Јас сум во „Имиџ ПР“, а единствената соработка со таа фирма е што еднаш ни порачаа клипинг-материјал – вели Арсовски.
Сашо Чолаковски, портпарол на Владата, и Борис Кондарко, портпарол на СДСМ, вчера рекоа дека првпат слушаат за „Фабрика“. Портпаролот на СДСМ вели дека неговата партија не склучила и нема намера да склучува договор со ниту една агенција за односи со јавноста се до почетокот на предизборната кампања. Од материјалите до кои дојде „Време“ се гледа дека тие се испраќаат и до СДСМ, со назнака за Борис Кондарко.
„Фабрика“ се наоѓа во куќа во близината на Владата, но никаде нема натпис ниту лого на фирмата.
Екипа на „Време“
ЗНМ: Неетички!
Првпат слушам за вакво нешто, но ако навистина новинарите работат за Владата, тоа е чист конфликт на интереси, вели Иван Андреевски, претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).
Тој вели дека новинарите навистина имаат ниски плати, но не смеат да си дозволат да работат за владини агенции, бидејќи тоа е спротивно на новинарската етика.
– Редакциите мора да поведат сметка за тоа каде им работат новинарите. Навистина ми е непријатно што го чув тоа – вели Андреевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Разрешен ураинскиот министер за одбрана
Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика.
265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда.
Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и Михајло Федоров, првиот вицепремиер на Украина и министер за дигитална трансформација.
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со Шмихал на 3 јануари и рече дека очекува парламентот да го одобри неговото назначување на позициите вицепремиер и министер за енергетика.
фото/епа
Свет
Дел од персоналот на француската амбасада го напушти Иран
Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран, потврдија за агенцијата „Франс Прес“ два извори запознаени со ситуацијата.
Според нив, персоналот го напуштил Иран во текот на претходните два дена, но не беше објавено колку луѓе заминале.
„Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави за АФП функционер на француското Министерство за надворешни работи.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.
Свет
Фон дер Лајен најави нови санкции против Иран
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја осуди „прекумерната употреба на сила и континуираните ограничувања на слободата“ во Иран. Таа рече дека информациите за зголемениот број на жртви се застрашувачки.
„Европската унија веќе целосно го вклучи Корпусот на Исламската револуционерна гарда во својот режим на санкции за човекови права. Во тесна соработка со високата претставничка и потпретседателка Каја Калас, брзо ќе бидат предложени дополнителни санкции против оние што се одговорни за репресијата. Ние стоиме зад иранскиот народ кој храбро маршира за својата слобода“, рече таа.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.
фото/Depositphotos

