Свет
„Макпетрол“ не е овластен да гради гасоводи

„Макпетрол“ не е овластен да гради гасоводни системи, па според тоа Владата нема намера да се откаже од изградбата на гасоводниот прстен околу Скопје, договорена со руската фирма „Росњефтегазстрој“, изјави висок владин функционер, кој сакаше да остане анонимен.
„Макпетрол“ не е овластен да гради гасоводни системи, па според тоа Владата нема намера да се откаже од изградбата на гасоводниот прстен околу Скопје, договорена со руската фирма „Росњефтегазстрој“, изјави висок владин функционер, кој сакаше да остане анонимен.
„Макпетрол“ претходно ја обвини Владата дека работи недомаќински затоа што прифатила компензација на рускиот долг од 15 милиони евра со изградба на гасоводна обиколница, која не чини повеќе од 4 милиони евра. Фирмата уште тврдеше дека има готов проект за гасоводниот прстен, за кој веќе неколку месеци бара дозвола од Министерството за транспорт, но оттаму не добива никаков одговор.
– Намерите на Владата да компензира дел од рускиот долг немаат врска со проектот на „Макпетрол“. Владата преговара со руската страна за повеќе проекти за изградба на гасоводниот систем што вкупно ќе чинат 15 милиони долари, колкав што е и долгот – велат од кабинетот на премиерот.
Од „Макпетрол“ вчера не ја коментираа оваа изјава со образложение дека компанијата останува на ставот дека може да го изгради прстенот за помалку пари, а дека за тоа не може да добие дозвола од Владата.
Од кабинетот на премиерот се децидни дека „Макпетрол“ не може да ја добие дозвола за изградба на гасоводни проекти. Оттаму велат дека оваа компанија не е овластена да гради објекти за енергетски дејности.
– Според Законот за енергетика, „Макпетрол“ не само што не смее да гради гасовод, туку не смее да работи енергетски дејности што се поврзани со пренос и дистрибуција и трговија со природен гас. За таа цел Владата основа јавно претпријатие, па според тоа барањето на „Макпетрол“ е беспредметно.
Поради ваквиот став на Владата правниците на „Макпетрол“ најавуваат дека компанијата за дистрибуција на нафта планира да ја тужи државата.
Од кабинетот на премиерот велат дека се спремни да продолжат да преговараат со „Макпетрол“ за да се реши спорот за изградбата на гасоводниот систем. Тој систем веќе осум години практично е во владение на „Макпетрол“, кој го одржува и го користи. Владата и компанијата не можат да се договорат за заедничко владение, бидејќи и двете се сметаат за доминантни сопственици. Владиниот став е дека раководството на „Макпетрол“ не покажува спремност да најде компромисна позиција, што би било добро за успешни преговори. А. К. М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ердоган: Трамп ќе дојде на мировните преговори за Украина ако дојде и Путин

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека неговиот американски колега, Доналд Трамп, му потврдил дека ќе учествува во потенцијални мировни преговори меѓу лидерите на Украина и Русија во Турција, доколку рускиот претседател, Владимир Путин, се согласи да учествува.
На враќање од самитот на НАТО, Ердоган рече пред новинарите дека му рекол на американскиот претседател дека Анкара има за цел да ги собере руските и украинските лидери во Турција на мировни преговори.
„Тој (Трамп) рече: „Ако рускиот претседател Владимир Путин дојде во Истанбул или Анкара за решение, тогаш и јас ќе дојдам“, рече Ердоган.
Тој додаде дека ќе бидат воспоставени неопходните контакти за да се одржи состанокот што е можно поскоро.
Свет
Орбан до Европската комисија: Не се мешајте во внатрешните закони на земјите-членки

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската комисија (ЕК) треба да се воздржи од мешање во спроведувањето на законите во земјите-членки, реагирајќи на изјавата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во врска со „Парадата на гордоста“ во Будимпешта.
Фон дер Лајен претходно ги повика унгарските власти да го овозможат настанот планиран за претстојниот викенд, објави МТИ.
Во одговор, Орбан рече дека ЕК „нема никаква улога“ во внатрешните работи на спроведувањето на законот во земјите-членки и побара наместо тоа да се фокусира на, како што наведе, „итните предизвици со кои се соочува ЕУ, како што се енергетската криза и падот на конкурентноста“, каде што Комисијата, според неговите зборови, има јасна одговорност и каде што „во изминатите години направи сериозни грешки“.
Свет
Фон дер Лајен: Ја повикувам унгарската влада да ја отфрли забраната за „Парадата на гордоста“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги повика унгарските власти повторно да ја разгледаат забраната за „Парадата на гордоста“ најавена за сабота во Будимпешта и да се откажат од евентуалното казнување на нејзините учесници.
„Парадата на гордоста“ во унгарската престолнина мора „да се одржи без страв од кривично или административно гонење на организаторите или учесниците“, напиша Фон дер Лајен на X.
„Испраќам порака до LGBTIQ+ заедницата во Унгарија и на други места дека секогаш ќе бидам нивен сојузник“, додаде таа.
Во Будимпешта, од една страна, полицијата ја забрани „Парадата на гордоста“, додека градоначалникот Гергели Карачони, противник на десничарската влада на премиерот Виктор Орбан, одлучи да го одржи собирот.
Министерот за правда, Бенс Тусон, им пишал на амбасадорите од другите земји од ЕУ, велејќи дека ниту тие ниту нивните соработници не треба да имаат дозвола да учествуваат во маршот. „Правната ситуација е јасна, „Парадата на гордоста“ е забрането собирање“, напиша тој во писмо до кое увид има АФП.
И покрај забраната, голем број европратеници изјавија дека ќе дојдат во Будимпешта за да учествуваат на маршот во сабота.
Организаторите на маршот очекуваат рекордна посетеност, и покрај она што го велат Орбан и неговиот кабинет.
Премиерот им советуваше на организаторите „да не се мачат со подготовка на маршот оваа година“. „Тоа е губење пари и време“, рече тој пред да гласа за законските измени насочени кон забрана.
Властите, од друга страна, побараа поворката да се одржи на затворено место, како што е стадион или хиподром, подалеку од погледот на малолетници.