Свет
Опаѓа довербата во САД и Германија во нуклеарните централи

Катастрофата во нуклеарната електрана Фукушима драстично ги промени ставовите на граѓаните во Германија и САД во однос на нуклеарната енергија, покажува истражувањето на агенцијата „GfK“.
Катастрофата во нуклеарната електрана Фукушима драстично ги промени ставовите на граѓаните во Германија и САД во однос на нуклеарната енергија, покажува истражувањето на агенцијата „GfK“. Истражувањето во Германија е спроведено врз 1.000 испитаници, додека во анкетата во САД учествувало 1001 лице. Само пет отсто од германските потрошувачи сметаат дека нуклеарната енергија и понатаму е долгорочно решение, додека драстично е зголемен интересот за еколошки прифатливите обновливи извори на енергија, соларната енергија и ветерот. Речиси 86 отсто од испитаниците во Германија токму соларната енергија ја истакнале како најдобра алтернатива, додека 80 отсто ја поддржува енергијата на ветерот. Во Германија во моментов хидроенергијата е вториот најважен извор на електрична енергија, но само две третини од Германците сметаат дека и понатаму треба да се инвестира во хидроелектраните. Сериозна промена на ставот кон нуклеарната енергија покажа и истражувањето во САД, иако во Америка има 104 нуклеарни централи од кои се добиваат 20 проценти од потребната електрична енергија. Само 39 отсто од Американците поддржуваат изградба на нови нуклеарки, што е за 10 отсто помалку во однос на 2009 година. крај/index/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Голем пожар во пристаниште во Хамбург: одекнуваат експлозии, автопатот е затворен

Попладнево голем пожар избувна во пристаништето во Хамбург, најголемото во Германија. Густиот црн облак од чад над Хамбург може да се забележи од километри наоколу.
Експлозиите во складот активираа голем број полициски и противпожарни екипи во градот, парализирајќи неколку населби и автопати за време на шпицот, објави Билд.
🔥 Update Hamburg-Veddel:
Lagerhalle in Flammen, Gasflaschen explodieren – Feuerwehr mit Großaufgebot vor Ort.👉 Verletzte bestätigt
👉 A1 zwischen Norderelbe & Moorfleet voll gesperrt, lange Staus
👉 Polizei & Nina-App warnen vor Rauch#Hamburg #Großbrand #A1 #Veddel pic.twitter.com/nevMNjJsvu— Blaulichtreport-Deutschland (@BlaulichtDe) August 25, 2025
Во 15:31 часот беше пријавен пожар во складот. Наводно, автомобил се запалил во бродската компанија. Експлозии се слушнале од боци со гас, кои наводно содржат азотен оксид.
#BreakingNews
Massive fire in #Hamburg! Thick black smoke clouds drifted over the southeastern neighborhoods in Hamburg. Several warehouses are burning. Explosions were heard repeatedly. 🔥 https://t.co/fsb5SOGwPN pic.twitter.com/bzyuqJnuQ0— Stefan K. (@Nighttiger1) August 25, 2025
Според непотврдени информации, во пожарот има повредени, пренесува медиумот.
Полицијата го затвори пристаништето, а бројни противпожарни бригади беа испратени на местото на настанот, но не можеа да стигнат до пожарот поради експлозиите.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) „Затоа што не го сака“: Трамп одговори зошто Путин не сака да се сретне со Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп денес на прес-конференција во Белата куќа изјави дека рускиот лидер Владимир Путин одбива да се сретне со Володимир Зеленски затоа што „не го сака“ украинскиот претседател.
Кога новинарите го прашаа зошто Путин ја избегнува средбата, Трамп кратко одговори: „Затоа што не го сака. Не го сака“.
Reporter: Why doesn’t Putin want to meet with Zelensky?
Trump: Because he doesn’t like him. pic.twitter.com/YYhMYuMqXW
— WarTranslated (@wartranslated) August 25, 2025
Трамп, исто така, потврди дека во меѓувреме разговарал со Путин, по минатонеделната средба со украинскиот претседател и европските лидери во Белата куќа. „Да, разговарав“, рече тој кога новинарите го прашаа дали имал контакт со рускиот лидер од тогаш.
„Секој разговор со него е добар разговор. А потоа, за жал, бомба паѓа врз Киев или некаде на друго место и многу се лутам“, додаде Трамп.
Фото: принтскрин
Свет
Гујаш: Украина не е достојна да биде во ЕУ

Унгарија очекува Европската комисија и Украина да ги исполнат своите безбедносни обврски во врска со нафтоводот „Дружба“, изјави шефот на кабинетот на унгарскиот премиер, Гергеј Гујаш.
„Украина се обврза, како трета земја и кандидат за членство во Европската унија, да обезбеди снабдување со енергија за сите земји од ЕУ, вклучувајќи ги Унгарија и Словачка“, рече Гујаш на брифингот во Владата.
Тој потсети дека на 27 јануари 2025 година, Европската комисија ѝ достави на Будимпешта писмени гаранции за безбедноста на инфраструктурата неопходна за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Очекуваме сите да ги почитуваат своите обврски и правила, и ЕУ и Украина“, нагласи Гујаш.
Покрај тоа, тој остро го критикуваше Киев, оценувајќи дека Украина не е достојна да стане членка на Европската унија затоа што „разнесува гасоводи во државите на заедницата и го напаѓа нафтоводот што ги снабдува индустриските компании“.
„Статусот на членка на ЕУ е неприфатлив за земја која сака да ја загрози енергетската безбедност на земјите-членки на ЕУ со дејствија како што е дигање во воздух на гасовод во трета земја“, рече Гујаш, осврнувајќи се на вмешаноста на украинските специјални служби во саботажата на гасоводот „Северен тек“.
Фото: принтскрин